Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
1. Оној кој ќе спаси еден човек,како целиот свет да го спасил, додека оној кој ќе убие еден (невин) човек,како целото човештво да го убил! (Кур'ан) -Ова е основата која што му е потребна не само на муслиманот туку на целото човештво за да се воспостави ред и мир, среќа и благосостојба.

...
Побратиме, дали си знаел дека оваа основа е баеѓи постара од мухамед (с.а.в.с) и куранот!?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Одиме со ред: :)

А што правиме со светата војна против неверниците...
И обрезувањето како неприроден чин на сакатење на половите органи, а во некои случаи и отстранување на клиторисот кај жените...зошто тие работи...како може да е даено од природата а да му удирате нож...

Не јадам прсти, тоа е канибализам, го има кај некои - религии:pos2:
1. Светата војна против неверниците има одбранбен карактер, за тоа веќе е пишувано за Џихадот и етиката на војување во исламот,

2. Обрезубањето воопшто не е неприроден чин, туку насушна потреба , ако и малце си ја следел научната дисциплина која што се вика медицина немаше воопшто да го поставиш ова прашање туку уште вечерва наместо да грицкаш прсти,ќе отидеше да ти го грицнат...:pos2:

Што треба за да се стане муслиман освен цврстата определба? Се оди во џамија, со некој сведок со себе како кум? Понатаму, некои други процедури како сунет, мора?
Воздржување од алкохол итн.?
Освен цврстата определба потребно е:

1. Земање гусул (верско задолжително миење на целото тело)

2. Изговарање на келимеи-шехадетот по можност во присуство на сведоци, не мора во џамија,

3. Како нов муслиман ,врз тебе веќе постануваат активни сите правила и прописи кои ги налага исламот,со таа разлика што тоа ќе го правиш постепено чекор по чекор.

Што претставува зулфикар?
Зулфикар е сабјата со две острици која што ја поседувал четвртиот исламски халифа/калиф Алија р.а..

Побратиме, дали си знаел дека оваа основа е баеѓи постара од мухамед (с.а.в.с) и куранот!?
Со оглед на тоа дека е застапена во Кур'анот,а тој е дело на Оној кој што е Прв и Последен и Кому никој и ништо не му е слично, ДА ЗНАМ! :)
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Зошто за муслиманите христијаните претставуваат неверници? Може и инверзно прашањево да се постави, меѓутоа суштинава е зошто кога двете религии се засноваат на постоење на еден севишен и семоќен Бог, Совршен Творец, едните се неверници, а другите верници. Зошто едните да имаат ексклузивно право на вера и да ги нарекуваат другите неверници, луѓе кои лошо го споредуваат Божјото Слово?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
2. Обрезубањето воопшто не е неприроден чин, туку насушна потреба , ако и малце си ја следел научната дисциплина која што се вика медицина немаше воопшто да го поставиш ова прашање туку уште вечерва наместо да грицкаш прсти,ќе отидеше да ти го грицнат...:pos2:
Значи во својата мудрост, створителот (алах. во твојот случај) погрешил и некои делови од телото (препуциум кај мажите, клиторис кај жените) ги напраил сувишни па мора да им се удри ножот...
Тоа што го сечете не е никаква мадицинска потреба туку кожа која ја штити главата на пенисот (медицина...) а за клиторисот не знам шо да ти кажам, некоја од членкиве на форумов треба да се изјасни:pos2:

туку уште вечерва наместо да грицкаш прсти,ќе отидеше да ти го грицнат...
Нема јас шо да одам да ми го касапат, арен си е таков како шо е даден од мајката природа хахаха

Ај добро одбрамбена војна џихадо, ама селџуците и османлиите слабо нешто се бранеле се во напад и по нови територии...кај се бранеле пред ВИЕНА бре аман...

Дали се во право сунитите или шиитите? Чие гледање на тоа кои се пророци е правилно? Ирак 2009-та? А суфистите?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Зошто за муслиманите христијаните претставуваат неверници? Може и инверзно прашањево да се постави, меѓутоа суштинава е зошто кога двете религии се засноваат на постоење на еден севишен и семоќен Бог, Совршен Творец, едните се неверници, а другите верници. Зошто едните да имаат ексклузивно право на вера и да ги нарекуваат другите неверници, луѓе кои лошо го споредуваат Божјото Слово?

Не се неверници, туку верници грешници! :) Според исламот, христијанството не го задржало како што треба монотеистичкиот дух ( патем види ја темата КОЈА Е ПРАВИЛНАТА РЕЛИГИЈА ЗА МЕНЕ тука имаш потврда за мојата констатација), Библијата го загубила духот на Божјо Слово и попримила многу човечки зборови и интервенции во неа и севкупно како систем христијанството не е способно подеднакво да го уреди и организира световниот и духовниот живот на човекот верник. Исламот како последна Божја интервенција дошол да воспостави рамнотежа помеѓу овие две компоненти со јасни правила и прописи, кои еврејството и христијанството ги немаат.

Засега толку, ми се спие....:)

Значи во својата мудрост, створителот (алах. во твојот случај) погрешил и некои делови од телото (препуциум кај мажите, клиторис кај жените) ги напраил сувишни па мора да им се удри ножот...
Тоа што го сечете не е никаква мадицинска потреба туку кожа која ја штити главата на пенисот (медицина...) а за клиторисот не знам шо да ти кажам, некоја од членкиве на форумов треба да се изјасни:pos2:

Нема јас шо да одам да ми го касапат, арен си е таков како шо е даден од мајката природа хахаха

Ај добро одбрамбена војна џихадо, ама селџуците и османлиите слабо нешто се бранеле се во напад и по нови територии...кај се бранеле пред ВИЕНА бре аман...

Дали се во право сунитите или шиитите? Чие гледање на тоа кои се пророци е правилно? Ирак 2009-та? А суфистите?

Се гледа дека многу малку или многу криво си информиран, но нема да ти замерувам,поготово сега во педесет минути по полноќ.... :)

Обрезувањето на жените влече предисламски карактер и како такво нема никаква подлога во исламот, а нема ниту примена освен во некои африкански земји каде и муслимани и христијани и атеисти ги обрезуваат своите женски деца од некои традиционални побуди кои што немаат никаква врска со верата (зборам за сите вери).

А за машкото обрезување, што да ти речам сем појди во некоја клиника и информирај се ( иако тие кристално јасна корисноста од овој чин, ама не сакаш да признаеш).:toe:

Хехехе, отвори бе друже историја и читај за тие војни и освојувања,за нивните причини, последици итн. Немој туку така да го расфрлаш твоето непознавање...

Другото тие каша-попара, ама да ти кажам дека Исламот е еден,а се што се одвоило од него се вика фракционерство, нешто слично како вашата атеистичка фракција која што се одвоила од верата како засебна религија. :pos2: Капито!

Ај ти чкртај до сабајле,јас отидов. Се читаме утре. :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не се нервирај, ооо прауд маслиму...
Атеизмот не е вера...
Знам дека не ти чини што се колете во Ирак заради пророците ама ај...
На кое едно ти припаѓаш на едно сунитство или едно шиитство (не е исклучена ни варијантата со вахабизамот)...

Сањај лепе снове...
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Не се неверници, туку верници грешници! :) Според исламот, христијанството не го задржало како што треба монотеистичкиот дух ( патем види ја темата КОЈА Е ПРАВИЛНАТА РЕЛИГИЈА ЗА МЕНЕ тука имаш потврда за мојата констатација), Библијата го загубила духот на Божјо Слово и попримила многу човечки зборови и интервенции во неа и севкупно како систем христијанството не е способно подеднакво да го уреди и организира световниот и духовниот живот на човекот верник. Исламот како последна Божја интервенција дошол да воспостави рамнотежа помеѓу овие две компоненти со јасни правила и прописи, кои еврејството и христијанството ги немаат.
Грешиш, според тебе Мухамед ги зел само најдобрите елементи од јудеизмот и христијанстовот и створил "совршена" религија?!? И Библијата и Куранот се пишувани од луѓе, па логички е да имаат човечко влијание, внатре не се зборува за верскиот живот на животните, туку на човекот.
Уште едно прашање до тебе: Зошто ако исламот нуди толеранција и разбирање, како што се проповеда, истата таа религија е ширена преку војни и територијално проширување? Зборувам за времето на калифатите, на наследниците на Мухамед. Дури и Мухамед мислам дека лично го одобрил ширењето на религијата преку такви методи.

Не враќај ми со примерот за крстоносците, тие немаат врска со основачот на христијанството.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Не се нервирај, ооо прауд маслиму...
Атеизмот не е вера...
Знам дека не ти чини што се колете во Ирак заради пророците ама ај...
На кое едно ти припаѓаш на едно сунитство или едно шиитство (не е исклучена ни варијантата со вахабизамот)...

Сањај лепе снове...
Атеизмот баш е вера.Атеистите веруваат дека не постои Бог па дури и го проповедаат тоа цитирајќи нешто од библијата.:pos:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Членот Атеист тоа го прави...тој е познавач на светите писма...ваљда нешто како упознај непријатеља свога...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Одиме со ред: :)

1. Светата војна против неверниците има одбранбен карактер, за тоа веќе е пишувано за Џихадот и етиката на војување во исламот,

2. Обрезубањето воопшто не е неприроден чин, туку насушна потреба , ако и малце си ја следел научната дисциплина која што се вика медицина немаше воопшто да го поставиш ова прашање туку уште вечерва наместо да грицкаш прсти,ќе отидеше да ти го грицнат...:pos2:

Освен цврстата определба потребно е:

1. Земање гусул (верско задолжително миење на целото тело)

2. Изговарање на келимеи-шехадетот по можност во присуство на сведоци, не мора во џамија,

3. Како нов муслиман ,врз тебе веќе постануваат активни сите правила и прописи кои ги налага исламот,со таа разлика што тоа ќе го правиш постепено чекор по чекор.

Зулфикар е сабјата со две острици која што ја поседувал четвртиот исламски халифа/калиф Алија р.а..

Со оглед на тоа дека е застапена во Кур'анот,а тој е дело на Оној кој што е Прв и Последен и Кому никој и ништо не му е слично, ДА ЗНАМ! :)
сега еднаш е природен чин обрезувањето еднаш традиција:pos2:
 
allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
Што треба за да се стане муслиман освен цврстата определба? Се оди во џамија, со некој сведок со себе како кум? Понатаму, некои други процедури како сунет, мора?
Воздржување од алкохол итн.?

Ped se ti treba TEWHID.....

Da svedocis deka nema drug Bog osven Allah,no na toa da imas JEKIN (cvrsta ubedenost),da imas IHLAS (iskrenost) i Bogob
ojaznost....odnosno da izgovoris LJA ILJAhe ILJ ALLAH (nema drug Bog osven Allah),no pri toa to da se razbere,da se zivee i da se deluva spored toa,a tek togas da klanjas,da davas zekat,da postis mesec ramazan,i po moznost da objavis Hadz (poseta na mekka)
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Грешиш, според тебе Мухамед ги зел само најдобрите елементи од јудеизмот и христијанстовот и створил "совршена" религија?!? И Библијата и Куранот се пишувани од луѓе, па логички е да имаат човечко влијание, внатре не се зборува за верскиот живот на животните, туку на човекот.
Уште едно прашање до тебе: Зошто ако исламот нуди толеранција и разбирање, како што се проповеда, истата таа религија е ширена преку војни и територијално проширување? Зборувам за времето на калифатите, на наследниците на Мухамед. Дури и Мухамед мислам дека лично го одобрил ширењето на религијата преку такви методи.

Не враќај ми со примерот за крстоносците, тие немаат врска со основачот на христијанството.
Ако се земе во предвид, времето,местото и тогашните прилики во светот во кои се појавил Мухаммед,с.а.в.с., а подоцна и халифите,повеќе од јасно е дека муслиманите биле приморани да војуваат со другите тогашни империи.

сега еднаш е природен чин обрезувањето еднаш традиција:pos2:
Едното е за машките другото е за женските. :)
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Ако се земе во предвид, времето,местото и тогашните прилики во светот во кои се појавил Мухаммед,с.а.в.с., а подоцна и халифите,повеќе од јасно е дека муслиманите биле приморани да војуваат со другите тогашни империи.

Едното е за машките другото е за женските. :)
Ај за ширење на верата во Саудиска Арабија разбирам, можеби биле приморани со сила да ја проповедаат, меѓутоа што е со освојувањата во Северна Африка, Шпанија, Ирак, Иран, Пакистан? Сигурно не биле приморани да ја шират верата со војни и онаму каде што не ни чуле за исламот. Мислам кој е етичкиот кодекс на верата ако се наметнува присилно?
 
Немам сега доволно време да ти пишувам, туку ќе ти го посочам само овој видео клип да го погледнеш,во кој верувам дека ќе го најдеш одговорот на твоето прашање.

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom