Македонија без свој претставник на Мис на светот!

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонија годинава нема своја претставничка на Мис на светот. Додека убавици од 109 земји од целиот свет веќе цел месец се подготвуваат за настанот во Јужна Африка, на официјалната веб страница на Мис на светот, името на Македонија го нема на листата на учеснички. Најстариот и најпрестижниот светски избор за убавина, по 58. пат ќе се одржи во сабота, на 13 декември, во Јоханесбург.

[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На официјалната веб страница за Мис на светот, името на Македонија никаде го нема, а Владата не одобри спонзорство за Сузана Ал Салкини да отпатува во Јоханесбург.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Убавиците од регионот: Мис Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска се стасани во Јоханесбург. Годинава, за прв пат и Косово испрати своја преставничка на Мис на светот. По 12-годишно учество, ова е прва година Македонија да паузира. Повеќе од еден месец, организаторката на домашниот избор за Мис, Лидија Велковска молчи. Велковска, која од 1996 година ја поседува лиценцата за Мис на светот не дава никакви изјави во јавноста и не одговара на телефонските повици.
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Пред еден и пол месец, "Вест" објави дека за Мис на Македонија за Мис на светот е избрана Сузана Ал Салкини. Лидија Велковска ја избрала Ал Салкини по сопствена желба, како искусна манекенка и учесничка на 19 светски избори за Мис. Условот на Сузана и на Лидија беше дека ќе имаме претставничка на Мис ако Владата ги спонзорира. Салкини тогаш ни рече дека таа и Велковска биле на прием кај вицепремиерот Ивица Боцевски, и се надеваа оти во ноември ќе добијат пари за авионскиот билет, облека и комплетно претставување на Сузана во Јоханесбург. И Боцевски ни потврди дека ги примил, но ги упатил спонзозорство да бараат во невладините организации, Агенцијата за млади и спорт или во приватниот сектор. Од тогаш, со информации во јавноста не се појавуваат ниту Салкини ниту Велковска. Ивица Боцевски и портпаролот на Агенцијата за млади и спорт Тане Димовски до затворањето на бројот не беа достапни за изјава.
- И на Лидија Велковска не и е лесно. Постојано ја притискаат организаторите на Мис на светот од Лондон, ја прашуваат до каде е, а таа едност
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]авно не знае што да им каже - ни изјави Ал Салкини пред еден и пол месец.

_______________________________________________________________________________________________________________


Оваа вест беше објавена вчера во дневниот весник Вест, а денес и низ останатите медиуми.
110 земји во светот имаат свои преставнички, па нели е срамота Македонија да нема своја преставничка. До таму ли дојдовме да нема пари никој да и го плати летот и да и даде гардароба на нашата претставничка. Ај што немаме со години избор квалитетен каде би се избирало Мис на Македонија, него паднавме на ниво подоле од некои далеку посиромашни земји од Македонија.

Лидија Велкова со години ја има лиценцата за Мис на светот за која секаде се фали дека плаќа по 5000 евра годишно и дека не планира да се откаже од неа. А не ли може да најде спонзори?
Неколку познати лица од модниот свет изјавиле дека Лидија Велкова треба да се откаже од лиценцата и да дозволи вистински професионалци да го организираат Мисот на Македонија. Но Велкова не сака да се откаже и не планира. Лиценцата си ја искористува женава за свои цели очигледно.
Па веројатно толку многу и веруваат фирмиве и владава на Велкова да донекаде ги разбирам зошто не спонзорираат девојките кои треба да не претставуваат на Мис на светот. И тоа девојки кои самата лично таа си ги избрира кои немаат ни М од Македонска убавица која би била избрана на регуларен начин.

Зар треба да си дозволуваме вакви киксови?
[/FONT]
 
Има толку многу убави девојки во Македонија кои не сакаат да се пријават на овие глупави избори на убавина.
Едноставно не личат на избори тие манифестации и секоја нормална девојка не би се пријавила.

А се додека таа Велкова го "организира" овој вид на избор и додека ја има лиценцата Македонија или ќе нема преставничка Македонија или ќе има некоја која само мајка и и татко и и викаат дека е убава.
 
Среќа што не отишла Ал Санкини...
 
А што се случи со Сузанчето?
Нели нејзе ќе ја пратевме.

А онаа дотичната госпожа ја мрзам од дно на душата кога пред неколку години рече „Додека сум жива не ја давам лиценцата за Мис“.
Будала една! :uvo::uvo:
 
Нема ни потреба :toe:
И онака секогаш ги праќаме најфаците и сме меѓу последните....
Јебига.
 
Па ако е за тоа само давам примери не треба да учествуваме и на Евросонг и на некои спортски натпреварувања и слични натпревари.
И онака немаме некои некои добри претставници и немаме добри резултати.

Но битно е да се учествува. Битно е да имаме свој претставник кој ќе ја престави нашата земја, а не да биде заборавена и да не бидеме воопшто спомнати.
Можеби и ќе сме најдобри/најубави.

Точно дека сме испраќале девојки кои не заслужуваат ама и реално малку девојки се навистина убави на овие избори. Но битно девојките се забавуваат таму и си ја претставуваат државата.
А ние ем ќе платиме и телевизиски права да го гледаме изборот и ќе нема наш преставник.

Но се додека дотичната лигла Велкова ја има лиценцата нема ништо да се смени за овој избор.
Надица Георгиева која многу ја почитувам и која е едно познато лице од нашата модна сцена (и која ја откри Катарина Иванова) изјавила дека најдобро е Велкова да се откаже и да се предаде лиценцата на лица кои се познати од нашата модна сцена кои би го организирале изборот.
Верувам дека доколку Надица и нејзината модна агенција го организираат изборот на Мис на Македонија и ја имаат лиценцата за Мис на свет ќе се пријават многу девојки и ќе биде милион пати подобра состојбата од каква што е сега.
 
Во оваа криза секое трошење на пари без цел е непотребно, и така ќе се изглупираат.
 
Јес да Македонско девојче е најубаво, ама и така немаше да победиме.
И штознам боље е вака, барем нема да се изглупираме со Фиром, кое сигурно ќе го пишувало.

Така да штедете пари, цигарите поскапуваат!!!
 
Па ако е за тоа само давам примери не треба да учествуваме и на Евросонг и на некои спортски натпреварувања и слични натпревари.
И онака немаме некои некои добри претставници и немаме добри резултати.

Не греши душа... се со предзнак Евро во нерв не дира пошто го гледаме како прилика да се покажеме и докажеме дека и сонцето е ѕвездаааа!!!! :) А тек на светско ниво...

По темата, гревота е да држи монопол една жена над овој избор. Сосема сум сигурен дека сме способни да организираме еден глобален национален избор за мис коректно и без малверзации, со девојки кои се убави а сега не се пријавуваат бидејќи не сакаат да бидат на насловни од Вест прикажани како дел од некој скандал.

Тогаш, да ти е ќеиф да учествуваме. Вака, кога Велковска се однесува како за 5.000 евра да го фатила за брада горниот и своеволно одбрала претставничка за Мис Ворлд, СРЕЌА што не учествуваме. И треба да ја казнат и тие, а и ние. Бидејќи, таму не оди претставникот на Лидијавелковдонија, туку Македонија.

Замисли, на евросонг да пратам јас мој чоек, некој пејач шо ми е симпатичен, бидејќи имам лиценца за тоа? :) Или ај не јас, туку Ефто (новиот директор на МРТВ). Па, Боки тринајс има со флејмтровер да ја уништи највисоката зграда во Скопје, под сместа :)
 
Е добро де, и онака увек праќаме некои грди.
После сто обида и магаре ќе сфати дека не ја бива работата и ќе се откаже.
 
А се додека таа Велкова го "организира" овој вид на избор и додека ја има лиценцата Македонија или ќе нема преставничка Македонија или ќе има некоја која само мајка и и татко и и викаат дека е убава.


Лиценцата може да и се одземе, само треба некој да отвори спор против неа во организацијата на мисот која ја доделува таа лиценца.

Се работи за големи пари од спонзорства кои се тураат во џебот на “организаторот“ а примерот со Салкини е типичен рекет.

Меѓутоа нема потреба да се потресуваме, бидејќи има десетици избори за мис во светот и исто толку лиценци, а рака на срце ... се знае однапред сценариото која девојка ќе биде избрана за мис.

Како и за секој контест, треба финансии и лобирање доколку целиме кон нешто.
Во друг случај секогаш ќе одиме со мотото “важно е да се учествува“, што според мене ни ги ограничува амбициите многу ниско.
 
Лиценцата може да и се одземе, само треба некој да отвори спор против неа во организацијата на мисот која ја доделува таа лиценца.

Се работи за големи пари од спонзорства кои се тураат во џебот на “организаторот“ а примерот со Салкини е типичен рекет.

Меѓутоа нема потреба да се потресуваме, бидејќи има десетици избори за мис во светот и исто толку лиценци, а рака на срце ... се знае однапред сценариото која девојка ќе биде избрана за мис.

Како и за секој контест, треба финансии и лобирање доколку целиме кон нешто.
Во друг случај секогаш ќе одиме со мотото “важно е да се учествува“, што според мене ни ги ограничува амбициите многу ниско.

Па за нас во сите работи е "битно да се учествува" .А според мене не ни ни треба да имаме преставничка.Да требаат доста финансии за сите работи што се во врска со тој мис на незнам што.А и искрено кај можеме ние т.е. нашите мисици или квази мисици како Енџи или Сара Леши да се носат со ремек дела од Бразил,Венецуела и општо сите Јужно Американки.Порано знам ова мис на свет го даваа кај нас по тв станициве,а сеа неам поима кога се случува,каде итн.


Peace in the world(ма молим ти се)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom