Во Грција - граѓанска војна или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата trendo
  • Време на започнување Време на започнување
Читав одамна една книга - “Генерал Маркос“ од Душан Кљајиќ, во која е опишан патот на Маркос Вафијадес, и каде можеби е опишана генезата на денешниве случувања.
Маркос Вафијадес е генерал во ДАГ за време на граѓанската војна до 1948 година. Во тој период, комунистите ја освојуваат речиси цела Грција, и неизбежно било да стане социјалистичка република.Патем, да напоменам дека за време на комунистите, Македонците имале свои школи на мајчин јазик.
Арно ама, нели Грција е чедо(подобро опишано - копиле) на Англија, се случува средба во 1948 на високо ниво во Москва, меѓу Англија и Русија и се црта картата на влијание, однос Запад - Русија, и тоа : Грција - Запад 90%- Русија 10%, Бугарија - Запад 10%- Русија 90%, Романија - Запад 10%- Русија 90%, Унгарија - Запад 20%- Русија 80%, Југославија - Запад 50%- Русија 50%.
Англичаните се истоваруваат во Грција, Никос Захаријадис-ген.сек. на КПГ по директива на Сталин се повлекува , ја извлекува ДАГ во Русија , и ете ја пропаста на Егејска Македонија. А во грција постои мала партија - комунистичка на Алека Папарига, ама никако не им даваат да пркнат над договорениот процент.
Но, каде лежи зајакот? Југославија не ли беше арна и со Запад и со Русија, па живеевме супер. Ама се створи долг од многу милијарди долари кои не само што не ги враќавме , туку и се задолжувавме повеќе. Има една теорија на заговор, дека не можејќи да си го вратат долгот, западните финансиери подбуцнале распаѓање-уништување на Југославија, казнувајќи го народот. Но не само тоа, се претпоставува дека преку продажба на оружје , “хуманитарна помош“ и слични активности-црн пазар, испрани се пари кои го покрија долгот, и плус потоа со кредити повторно ги здолжија новите држави.
Ова е груба варијанта. Е сега нешто слично од поново време...
Грција, заради проблемот што си го има со нашето име, не наоѓајки разбирање од запад, се сврте кон Русија. Од тогаш го доби надимакот -тројански коњ на ЕУ.
Задолженоста е огромна, уште повеќе се задолжуваат, и покрај тоа не се послушни кон тие што им даваат пари. И, на некого му дошло преку глава од ваквото однесување, па решил малку да ги приземји, да сватат дека се никој и ништо ако ги остават сами на себе, контролирана деструкција, за да се свртат кон себе , а не да ја поткопуваат западната политика- за Балканот, Кипар, Турција, и.т.н.
Се гледа дека точно им ја знаат Ахиловата пета, и дека им покажуваат дека дека ако не се вразуми, црно ќе ја најде. Затоа и во западните медиуми многу не се испотресоа за случувањата- во нивни двор (ЕУ) се случува...а како за Африка да известуваат...
Можеби и ова е само некоја терија на заговор, ама некои работи веќе се видени....

Многу добар пост секоја чест.
Мегутоа не се согласувам дека западните земји не известуваат за случувањата во Грција, во Германија барем тоа е топ тема последите денови.
Имаше и неколку емисии посветени само на слчувањата во Грција.
За Македонија да, известуваат како да е во Африка , мегутоа имам впечаток дека Гејланд е милениче на Европа, инаку како другачие би го објаснил постојаното пумпање со ЕУ пари.
 
Тие некои се младината на СДС кои добро познато е дека се синоним за бескичмењаци и тие сега ќе ти мудруваат тука. Јас би ги прашал против што да протестираме ние? Против владата ли, па да дозволиме да се врати најголемото зло на власт во целокупната македонска историја СДС? Тоа никогаш.
Да бе,да!Кој не ви се вклопува во вемеровскиот филм одма СДСовец е!Мене ако ме прашуваш исти к*рац!СО СДСовци да зборував друго име ќе ми дадеа.Баш затоа нашата младина е бескичмена-затоа што си дозволува да биде оружје на партиите!И уште прашувате против што протести,дека многу убаво живееме па затоа изгледа не знаете зошто:kesa:
 
Nesto si greska.Dolgot na Ju i ne bese golem.Imase dolg od 24 milijardi$.Segasnite republiki dolzat od 60-80 milijardi$.Toa togas mozese da se pokrie so nenaolatenite dolgovi kon YU (sssr,irak,kuvajt itn).Nacoinalizmot bese iskoristen, a osnoven motiv e da se dokaze neefikasnosta na socijalizmot.Prva morase da bide YU bidejki toj tip na socializam bese edinstven i nekako najprifatliv za zapadnite levicari.
Во право си за долгот, и дека сегашните долгови на Хрватска, Србија, Грција и други се поголеми.
Поентата не е толку во долгот, кој го “вратија“ со камата, туку неуспешниот експеримент во едно време на повоено прегрупирање на големите сили и геостратегиска положба која дела ја опишав, а која доведе до Студена војна и создавање НАТО и Варшавски пакт.
Во тој експеримент, баш таа недефинирана доминација врз Југославија (50-50) допринесе да се потстикне распад, па поединечно земање под контрола на секоја новосоздадена земја. Нормално, под Западна контрола, подалеку од Руско влијание.
Слично на таа ситуација, сега миленичето на Европа проба да седи на два стола, се бори за бришење на нашето име , па и се додворува на Русија со гасоводи, и кој знае какви све не договори за да добие Руска наклоност.Е сега, таквото палаво дете изгледа решиле малку да го “воспитаат“, да знае кој му дава џепарлак за забава...
Тоа е она што сакав да го нагласам, онаа теорија дека Ахајците се Тројански Коњ во ЕУ, има некои шпекулации дека Атина внесува многу политика во ЕУ од руско влијание, па на многу земји трпението им е при крај...А ни САД не можат туку така да преминат преку бламажата што има ја направија во Букурешт...
Но тоа се само теории и претпоставки, но сличностите се тука, така да све е можно....

Мегутоа не се согласувам дека западните земји не известуваат за случувањата во Грција, во Германија барем тоа е топ тема последите денови.
Имаше и неколку емисии посветени само на слчувањата во Грција.
Верувам дека се јавуваш од Германија, и дека е така, што е добро, затоа што како што Daily Telegraph ја даде последната анализа на причините за нередите, така да верувам на толку емисии сигурно на површина испливале многу информации - како големиот дефицит, лажирање на податоци кон централата на ЕУ, непридржување кон повеќе заеднички декларации на ЕУ, и сл.
Со еден збор, се надевам дека конечно ЕУ ќе го извади валканиот веш на Ахајците, а помошта што ја добивале и што ја добиваат, не е дека се индустриски потенцијал, туку само заради геостратегиската положба....
 
Ќе ве замолам ако може тоа Поранешна Отоманска Империја Г... да го скратиме со ПОПг...

благодарам:salut:
 
Merry Christmas from Athens

Merry Christmas from Athens

Браво!!!-

Кај нас студентите нема никогаш да се побунат против СДСМ или ВМРО или било што - ќе седат дома и ќе се јадат по форуми кој е кој.
Не ги сакам Грците , ама секоја чест за мадињата кој ги имаат.
 
Ќе се побунат ама после лево ма.е функција во партија и цел ден чепатење пред ТВ.Зар не ти текнува кој се ги водел студентите и средношколците до сега, и каде завршиле после секој штрајк....кој во собрание,кој амбасадор,итн... Кај нас ЈОК студенти без партиска обоеност
 
Еве како Вечер гледа на кризата во Грција:

Мандатот на Буш е доволно долг да му го загорчи животот на Костас Караманлис

Америка ја изгради и демократизираше современа Грција. Тој долг уште долго ќе се враќа. Караманлис ја живее судбината која ние ја имавме со СДСМ. Заглавен во скандали за корупција, арогантен, без изградени односи со народот и медиумите, полн пари како брод во друштво на шефицата на дипломатијата Дора Бакојани... Одвои 15 милијарди евра да купува оружје, а ни долар од нив нема да биде потрошен за САД, туку за Франција, Чешка и Скандинавските земји. Купи 200 тенкови од Русија, а грчките пристаништа им ги даде под концесија на Кинезите. Сега му недостига солзавец за разбивање на демонстрантите, па полицајците користат 30 години стари хемикалии и бараат итна набавка од Германија и Израел.
Со ветото за Македонското членство во НАТО го блокираше планот на Буш за проширување на НАТО на Балканот. Тоа е премногу за нежниот американски вкус. Уличните немири се автентична грчка работа и незадоволство, но нивното траење и насоченост имаат чист американски печат.

DF8A1AF47C02024196C1A4905523E693.jpg

Во Грција младите решија - доста е веќе! Двете најголеми партии, десната Неа Демократија како и левата ПАСОК, се корумпирани и во јавноста компромитирани. Со децении се менуваат меѓусебно на власт и имаат премолчен договор за простување еден на друг - кој украл украл нема судски да се гони и затвара.
Нешто што кај нас е веќе видено во времето на Бранко и Љубчо. Нон-стоп се бвинуваа,
но никогаш не се апсеа и судеа. Секој со своите пари си остана на страна.
Наместо економија, современо образование, добри односи со соседите и со САД... на младите Грци во замена им се нуди застарена црковна држава, изразит национализам, пред се кон малата Македонија, а патем продолжуваат сериите скандали и афери за корупција без судска завршница. Одговорот на младите Грци го гледаме деновиве.

Напнатоста на улиците на главниот град на Грција се чувствуваше и вчера, и покрај привидниот мир на "атинското боиште". Пред бастионот на студентскиот протест Политехничкиот факултет имаше само мал број бунтовници, но и тие за кусо време се разотидоа. На секој чекор се гледаа траги од претходната разурнувачка ноќ: запалени возила, изгорени продавници и банки, приземни катови од згради...
Рекапитуларот на осумдневното војување, според странските агенции, укажува дека бунтот на младите е пред се насочен против се понепопуларната влада на Караманлис и неговите лоши економски мерки. А билансот е страотен: покрај загинатото момче, повредени се над 70 лица, стотици дуќани се разурнати и ограбени, зад решетки се над 400 луѓе, и она што е можеби најважно, се уште не им се гледа крајот на немирите. Организацијата Координативен комитет на ученици и студенти за денеска најави протест пред главната полициска управа, а за во четврток пред Парламентот.
Во ноќта помеѓу саботата и неделата, десетици млади луѓе со молотови коктели нападнаа продавници, банки, како и полициска станица во централната атинска населба Егзархија, каде на 6 декември полицаец го уби 15-годишниот Андреас Григоропулос. По нападот уследиле судири меѓу стотина маскирани лица и припадници на силите за редот, кои употребиле и солзавци со цел да ја растераат насобраната маса демонстранти. Непознати лица фрлиле молотови коктели и врз зградата на грчкото Министерство за животна средина. Грчката полиција соопшти дека во текот на ноќта биле фрлени молотови коктели и врз две филијали на Националната банка на Грција (НБГ) и една филијала на Јуробанк. По нападите избувнале пожари, кои набрзо биле изгаснати.
- Околу 2.000 лица, најголемиот број млади луѓе, студенти и претставници на невладини организации, се собраа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина, за да го изразат својот протест поради убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос од страна на полицијата пред една недела. Демонстрантите, кои постојано скандираат пароли против полицијата и со транспарентите "Држава-убиец" и "Убијци", се собраа во близина на гробот на незнајниот јунак.
Америка ја изгради и демократизираше современа Грција. Тој долг уште долго ќе се враќа. Караманлис ја живее судбината која ние ја имавме со СДСМ. Заглавен во скандали за корупција, арогантен, без изградени односи со народот и медиумите, полн пари како брод во друштво на шефицата на дипломатијата Дора Бакојани. Одвои 15 милијарди евра да купува оружје, а ни долар од нив нема да биде потрошен за САД, туку за Франција, Чешка и Скандинавските земји. Купи 200 тенкови од Русија, а грчките пристаништа им ги даде под концесија на Кинезите. Сега му недостига солзавец за разбивање на демонстрантите, па полицајците користат 30 години стари хемикалии и бараат итна набавка од Германија и Израел.
Со ветото за Македонското членство во НАТО го блокираше планот на Буш за проширување на НАТО на Балканот. Тоа е премногу за нежниот американски вкус. Уличните немири се автентична грчка работа и незадоволство, но нивното траење и насоченост имаат чист американски печат.

Мислите ли дека има сенс ?
 
1.Според податоци на полицијата во безредијата до 8 декември се уапсени 186 лица, од кои 100 се имигранти, а останатите Грци.

2.Во извештајот се забележува, исто така, дека во нападите на анархистите учествувале и многу странци и дека повеќето наредби за овие акции биле давани преку СМС пораки. Се истакнува дека при неодамнешните бунтови такви СМС пораки биле стигнати и до мобилниот телефон на пратеник од владејачката Нова демократија.
 
Читав одамна една книга - “Генерал Маркос“ од Душан Кљајиќ, во која е опишан патот на Маркос Вафијадес, и каде можеби е опишана генезата на денешниве случувања.
Маркос Вафијадес е генерал во ДАГ за време на граѓанската војна до 1948 година. Во тој период, комунистите ја освојуваат речиси цела Грција, и неизбежно било да стане социјалистичка република.Патем, да напоменам дека за време на комунистите, Македонците имале свои школи на мајчин јазик.
Арно ама, нели Грција е чедо(подобро опишано - копиле) на Англија, се случува средба во 1948 на високо ниво во Москва, меѓу Англија и Русија и се црта картата на влијание, однос Запад - Русија, и тоа : Грција - Запад 90%- Русија 10%, Бугарија - Запад 10%- Русија 90%, Романија - Запад 10%- Русија 90%, Унгарија - Запад 20%- Русија 80%, Југославија - Запад 50%- Русија 50%.
Англичаните се истоваруваат во Грција, Никос Захаријадис-ген.сек. на КПГ по директива на Сталин се повлекува , ја извлекува ДАГ во Русија , и ете ја пропаста на Егејска Македонија. А во грција постои мала партија - комунистичка на Алека Папарига, ама никако не им даваат да пркнат над договорениот процент.
Но, каде лежи зајакот? Југославија не ли беше арна и со Запад и со Русија, па живеевме супер. Ама се створи долг од многу милијарди долари кои не само што не ги враќавме , туку и се задолжувавме повеќе. Има една теорија на заговор, дека не можејќи да си го вратат долгот, западните финансиери подбуцнале распаѓање-уништување на Југославија, казнувајќи го народот. Но не само тоа, се претпоставува дека преку продажба на оружје , “хуманитарна помош“ и слични активности-црн пазар, испрани се пари кои го покрија долгот, и плус потоа со кредити повторно ги здолжија новите држави.
Ова е груба варијанта. Е сега нешто слично од поново време...
Грција, заради проблемот што си го има со нашето име, не наоѓајки разбирање од запад, се сврте кон Русија. Од тогаш го доби надимакот -тројански коњ на ЕУ.
Задолженоста е огромна, уште повеќе се задолжуваат, и покрај тоа не се послушни кон тие што им даваат пари. И, на некого му дошло преку глава од ваквото однесување, па решил малку да ги приземји, да сватат дека се никој и ништо ако ги остават сами на себе, контролирана деструкција, за да се свртат кон себе , а не да ја поткопуваат западната политика- за Балканот, Кипар, Турција, и.т.н.
Се гледа дека точно им ја знаат Ахиловата пета, и дека им покажуваат дека дека ако не се вразуми, црно ќе ја најде. Затоа и во западните медиуми многу не се испотресоа за случувањата- во нивни двор (ЕУ) се случува...а како за Африка да известуваат...
Можеби и ова е само некоја терија на заговор, ама некои работи веќе се видени....
vo taa kniga mnogu ubavo e opisana ulogata na zaharijadis i obvinenijata kon makedoncite ( demek titovi slugi ) deka tie go rasturile deluvanjeto na dag, vsusnost i dogovorot od varikiza koj e uvod vo ova sto posle sledi
 
1.Според податоци на полицијата во безредијата до 8 декември се уапсени 186 лица, од кои 100 се имигранти, а останатите Грци.

2.Во извештајот се забележува, исто така, дека во нападите на анархистите учествувале и многу странци и дека повеќето наредби за овие акции биле давани преку СМС пораки. Се истакнува дека при неодамнешните бунтови такви СМС пораки биле стигнати и до мобилниот телефон на пратеник од владејачката Нова демократија.

Уште малку и ќе не убедат дека сите се криви само не грците и нивната власт.
 
Полицијата остана без солзавец
Грчката полиција итно бара солзавец од Израел и од Германија, бидејќи ги потрошила речиси сите резерви за време на еднонеделните судири со демонстрантите во големите градови.

Полициски извори наведуваат дека специјалните одреди фрлиле повеќе од 4.600 канистри со солзавец. Врз студентите биле фрлани и канистри стари повеќе од 20 години, кои поради корозијата предизвикале сериозни проблеми меѓу демонстрантите.

- Најдовме кутии произведени во 1981 година. Старите хемикалии се поотровни. Луѓе колабираа и имаа проблеми со дишењето - изјави за британскиот весник „Тајмс“ еден демонстрант во Атина. n
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=455EAB63AC04D3409A03CD38BFA487F8

И ај сега овие од екипата песимисти кој беа,кажете ми оваа ли држава ке не згази за 24 часа.Пази солзавец а да не правам муабет за паметни бомби.Ех море компромисџии......
 
Деца им ја прегазија.....а недај некој сериозно да им влезе!
 
Ај остај за влевање него ја коа трубам оти они само за паради имаат нешто материјал инаку во реални услови ептпен се покажуваат.Е сеа замисли што би било после 2 ден од евентуалната агресија.Грција снема....и следува огромен список од 4 страни на интервентен увоз додека колоната чека без нафта кај Валандово :pos2::pos2:.Него ај да не се навраќаме на бош муабетите на поддржувачите на компромисот остај да видиме колапсов на караманлис....
се извинувам за офтопиков...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom