Svedochenja za ist nastan od dve dosiea .Za mestenkata na sluzbata vo koja lezi i odgovorot za zakanite.Vredi da se prochitaat :
Прегледај го приврзокот 9269
"Во тој извештај на досието се спомнува и контакт на „Банкарите“ со една друга следена група заведена под псевдонимот „Тројка“.
„При последниот контакт на Босилковски со Вељановски и со Најдовски, покрај известувањето за бугарската кауза, битолчаните биле пошироко запознаени со дејствувањето и на групата ‘Тројка’ од Скопје“.
Групата „Тројка“, која често се спомнува во досието, била составена од три члена и исто така била следена од СДБ поради ванчомихајловистичка дејност. Интересни се двете имиња што се споменуваат како членови во „Тројка“ - браќата Љубе и Јордан Цветановски по потекло од Демир Хисар. Љубе Цветановски и е познат на јавноста како директор на Македонската телевизија во владата на Љубчо Георгиевски, а неговиот брат-писател, кој подоцна ќе си го смени презимето во Плевнеш, беше македонски амбасадор во Франција. Третиот бил Љубе Наумовски, студент на Вишата техничка школа во Битола.
Смилевец јавува за контакти на „Тројка“ со емиграцијата преку уфрлување пратки во воз, но и за доза недоверба меѓу „Банкарите“ и „Тројка“.
„Нашите досегашни сознанија укажуваат на уште еден битен момент од односите меѓу скопската и битолската група. И покрај интересот за заедничка активност и остварување на целта за обединета и самостојна Македонија, постои меѓусебна доза недоверба и дистанцирање. Утврдено е дека ‘Тројка’ досега не им доставила на ‘Банкарите’ во Битола материјали што ги добива од емиграцијата.
Според нашето мислење, ова може да биде резултат на националистичката определеност на битолчаните и нивното неприфаќање на ванчомихајловистичките ставови за бугарскиот карактер на Македонија“, пишува во досието. "
"Писателот Плевнеш подметнал експлозив на скопскиот универзитет?
„Во врска со експлозијата во Скопје, Крсте Вељановски пред соработникот (кодошот Смилевец, н.з.) искажал мислење дека тоа е дело на групата „Тројка“ во која биле опфатени и млади луѓе од универзитетот во Скопје“, стои во извештајот на Службата за државна безбедност од 1975 година.
Во самото досие нема повеќе детали за овој настан, но се гледа дека СДБ се обидувала да го потврди овој податок.
„Иако беше настојувано податокот да се расчисти, досега не е потврден“, наведува безбедносниот инспектор.
Групата „Тројка“, како што пишувавме во претходниот дел, била составена од писателот и поранешен македонски амбасадор во Франција Јордан Плевнеш (во тоа време се презивал Цветановски и бил студент на Филозофскиот факултет во Скопје), потоа неговиот брат Љубе Цветановски, поранешниот директор на МТВ, и Љубе Наумовски.
Сепак, Вељановски и другите „банкари“ имале резерви кон групата „Тројка“. Причина за ова биле материјалите што „Тројка“ ги добивала од емиграцијата, но кои пред се доаѓале од МПО и од друштвото „Тодор Александров“ од Брисел, и двете пробугарски организации. Врската меѓу „Банкарите“ и „Тројка“ бил Митко Босилков.
„Активностите на ‘Тројка’ им биле сомнителни, како и емиграцијата на групата ‘Банкари’. Тие постепено се дистанцираат од нив, како луѓе со сомнителни морални и идејни квалитети“, се наведува во досието. "
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=722&ArticleID=46343
ps.TRN, mozebi ke znaesh neshto poveke za celata grupa "bombashi".