Знам дека со моите постови навлеков гнев кај дел од форумџиите. Гледам и кај тебе. Мојата теза е дека Македонија мора да има добри односи со соседите. И на то да работи. Независно што во сите соседни земји ( значи и во Бугарија, Србија, Албанија и Грција) има кругови кои се оптеретени со свое толкување на историјата. Но, поистоветување на тие радикални кругови со нивните матични држави, ние фактички, им помагаме и поттикнуваме нив да се наметнат во тие држави, а тие кругови кои се за надминување на состојбите , со тоа плукање и ширење омраза им го стеснуваме полето на влијание во тие земји. Дури во Грција имаше поедници, интелектуалци, кругови и партии кои го подржуваа барањата на Македонците во Грција за нивно признавање. За Бугарија. Со Каракачанов и ставовите на Б. Димитров ја поистоветуваме цела Бугарија. Имаше еден топик на форумот на кој дел од Бугарите, учесници на кајгана, ја подржаа регистрација на ОМО, но сем јас никој од нас, македонците не им заблагодари. Идејата ми е дека не можеме многу да направиме за Македонија ако со сите соседи сме скарани и во омраза. Треба мудро, полека да лобираме за нашата кауза. И, не како млади прлиња да истрчуваме по изјави на некои во тие соседни земји и, пак да повторам, тоа да го поистоветуваме со целите држави. :smir:
Види вака Христо..Искрено и јас сум за тоа ад гаиме добри односи со соседите..Достоинствено и како Македонци, такви какви што сме...
Од друга страна, дали не е свесна Државна политика на Србија тоа што не ни ја признава Црквата, а со тоа и Верата, нешто што е круцијално во една држава како нашата??
Дали не е свесна државна политика на Грција, која не попречува во влезот во секаква Меѓународна Организација бидејќи нејзина фашизоидна желба е нашава земја да не се вика Македонија, име кое сме го имале векови наназад??
Дали не е свесна државна политика на Бугарија, тоа што бугаризира се што е Македонско, од песна, па до народ??
Нашиот народ е мирољубив...Кога Македонец окупирал, и убивал недолжни граѓани? На кого Македонецот не му признал име, народ, нација, идентитет, Црква??
Има една народна анегдота...
Двајца Македонци фатиле златна рипка..И таа му рекла, ако ја пуштат дека ќе му исполни по една желба...
Едниот Македонец посакал: „Кон Србија, Бугарија и Грција да се изградат долж границата високи ѕидини и жици со струја, да не може пиле да прелета преку граница...“ И рипката му ја остварила желбата...И сега рипката го прашува другиот Македонец „Која е твојата желба?“ и тој ја прашува „Сигурно му ја исполни желбата на другаров?“ и таа му рекла „Да“...И овај одговорил...
„Епа дај една ракија на раат да испијам барем еднаш во животов“