Проф. д-р Јасна Котеска, ќерка на поетот Јован Котески, во својата книга „ Комунистчка интима„ , објавена во издавачката куќа „ Темплум„ од Скопје, ја отсликува кодошката реалност на комунистичката Македонија, длабоко навлегувајки во анализа на психолошките мотиви на кодошите и на тоталитарната матрица на режимот. Во ФОКУС пренесуваме делови од нејзиното трагање по одговори зошто до денешен ден постои страв од откривање на имињата на натрапниците на човековата интима.
Еве што вели самата авторка:
Кога точно пред три години јавно прозборев за досието на татко ми, веднаш почнав да добивам анонимни и полуанонимни закани за безбедноста на моето семејство. Веќе во јануари 2006-та година и мајка ми беше повикана на “информативна“ вечера од еден од некогашните пријатели на татко ми, инаку поранешен вработен во МНР и дел од амбасадорските кругови во земјава. Мајка ми потоа ми ја пренесе заканата дека ќе останам без работа, но и дека го загрозувам животот на моето семејство и на син ми. Мојот сопруг ги сфати сериозно заканите и се обиде да се распраша за нивната природа. Дали се заканува некој уплашен “ сосед“ или некоја ос инстанците во тајните служби сака да ни пренесе некоја порака? Повеќето луѓе велеа дека доколку некоја потструктура сака да те предупреди да не отвараш државни тајни, предупредувањето би требало да изгледа “ поинаку“, но наједноставно кажано никој не можеше да гарантира за природата и за сериозноста на заканите... вели проф.др. Јасна Котевска