Најубаво село во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Преспа си е Преспа иако ние Преспаните многу не ја цениме ЧС
 
Галичник, Лазарополе, Вевчани, Брајчино, Љубојно, Белица, Смилево, Папрадиште, Радожда, на Шара да не ги бројам..
Ама џабе еден куп убави села кога сите сакаме да сме граѓани :smir:
 
Преспа, Галичник, Вевчани и селата што се наоѓаат во подножјето на Шарпланина и по текот на Вардар!
 
Имаше едно село во близина на крушево ама не знам како се викаше смолево или смилево...тоа ми е најубаво иако само 1 имам одено...
 
Бродец гледав слики од селото и ми кажуваа другари што биле многу убаво место.
 
Радња :pos:........е сеа јес да нема пат до таму(треба 5-6 километри пешки да ги одиш) ама супер е......исто и Бохула...иначе двете се наоѓаат после витачево,накај кожув планина :)

Koга си бил ти у Радња бе дрво едно какво пешки какви бакрачи шо го лажиш народот :kesa: Има пат али неасвалтиран и може да се оди само со Џип. И каа че изразиш Желва заедно со Jeep че те одведиме таму да вииш шо се викат убавини :pos:

BTW.

Eве некои снимки од патот каков е :)


Нема да ми замере Jeep за материјалот се надевам земјак ми е :)
 
Најубаво село според мене во Македонија е Водно.:smir:
 
Радња :pos:........е сеа јес да нема пат до таму(треба 5-6 километри пешки да ги одиш) ама супер е......исто и Бохула...иначе двете се наоѓаат после витачево,накај кожув планина :)

Хех, Радња е последното име што очекував дека ќе го сретнам тука. 5-6 километри се ако одиш по патчето по бандери, по патот се 11-12.

За оние кои не знаат селото се наоѓа на речиси 50 километри од Кавадарци и е најотсечено од светот. Моментално таму или има двајца или нема никој. Во зима снегот ретко е под метар. Тоа е најверојатно причината поради која сум болен по џиповите и офф роудингот. Таму одам речиси десетина години, но сигурно и подолго но не се сеќавам.

Ете, ќе ставав и видеа ама together lozari завршил работа. Нема проблем земјак :)
 
иако немам одено ама од телевизија што сум гледал вевчани ми је најубаво...
 
Зрзе!
Кој не го посетил мора да одвои барем еден викенд да го посети.Прекрасно село, околината е полна со зеленило и премногу мали поточиња.Убаво е да го слушате жуборот на водата и птиците околу вас.А има и многу убав манастир.

Не зезај бе, што има убаво во тоа жити се ? :-/
Инаку, што знам, од малкуте што ги имам видено Лазарополе, Галичник, општо земено Мијачијата, Маврово... така... фини места..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom