Бестселер или класика?

  • Креатор на темата Креатор на темата new_yorker
  • Време на започнување Време на започнување
Ne se soglasuvam vo celost. Treba da se procitaat klasicite no ne znam zosto ja potcenuvate slobodnata literatura i bestselerite. Ponekogas vo bestselerite ima poveke realnost otkolku vo klasicite. I da se razbereme i toa e literatura i e vredno za citanje i nieden profesor nema pravo da go porekne toa.

Не ја потценуваме слободната литература. И никој не вели дека таа литература не е вредна за читање, само што не би ја препорачале за училишната програма. Но, затоа пак во слободно време секој може да си чита се што му лежи на душа, било да е бестселер или класика.
 
Oldschool si e oldschool :smir: ...
P.S. Klasika definitivno
 
Класика, дефинитивно. Ретки се добрите бестселери, повеќето од нив се "FAST FOOD" и "шут литература"!
 
Професорката е во право, но :helou:не требало да се кара со тебе, туку да ти објасни дека и некои од класичните дела кои ги разработувате на час во свое време биле најдобро продавани (пр. книгите на Балзак, Достоевски и сл.). Книгите, пред да станат дел од наставната програма мора да ја имаат потврдено својата вредност, а освен тоа во рамки на предметот Литература изучувате 90% Историја на литература, па делата се избрани и според тој критериум, како репрезенти на определен период од развојот на литературата.
Наместо да се караш, предложи и на професорката како воннаставна активност да формирате дебатен клуб на читатели и таму да ги дискутирате книгите кои ти се допаѓаат
 
Па бестселер ,пошто класики доста имам читано. И што поконтроверзна книга тоа подобро за да ми го задржи вниманието, оти си знам јас на пола читање да ја фрлам низ прозорец.
 
со оглед на тоа дека денс бестселери се книги ко купохоличарка, сексот и офисот, ден браун и слични ко овие, кои можат вода да им носат на класичарите, па ни за тоа не се дојстојни, ретко кој од денешните познати автори може да се споредува со класичарите
 
Двете во комбинација, ништо од новата поп-култура на бестселери ако ги немаше Достоевски, Толстој или Балзак.
 
А бе ова ти е ко бетовен или пинк флојд.
Двете работи се добри, ама да не била класикава не би било другово, така да добро е да ги знаеш корените на тоа што денеска ти се допаѓа. :)

Во право е професорката, но ако сакаш да ја извадиш од такт секогаш моеш да извадиш некое песниче од вртев да го изрцитираш и она самата да се извади од памет од генијалноста.
 
абе јас не сум против класиката... туку сакам само барем една книга по избор шо ни е да биде барем бестселер! оти цела година учиме класики и сега на крајот ни бапнува уште една и здосадено ни е веке!
а за класиките немам збор! ги обожавам!
како што кажав... барем една книга да е бестселер онака за забава, да продискутираме нешто современо.
 
Ма само бестселери. Тоа и треба да се предава во училиштата. наместо тоа им се дава некоја досадна застарена литература. Не викам дека треба да се изсфрли во целост, но треба да се направи место и за новите книги бидејќи тиа за 100 години ќе бидат новите класици.
 
те молам не ги споредувај ,,што ако имам килограм повеќе, ,,купохоличарка, ,,илјада потези со четка пред спиење, ,,мојата омилена сопруга, со Толстој, Достоевски, Шекспир, Чехов, Пушкин, Хесе, Ман итн. Овие бестселери нема да станат класика ни за 1000000000 години ( се надевам)
 
Класики стануваат книгите кои оставаат најголем впечаток во општеството во таа доба. Така да книгите како Lord of the Rings, The Stand, The Da Vincie Code. Ender's game, Ringworld, Memory keepers dougther, речиси сигурно ќе станат. Некој од нив веќе и се сметаат за класици.
 
во право си, ама ако одиш по нашиве книжари, ќе видиш дека односот помеѓу моите примери за бестселери во однос на твоите се многу многу побројни. Заборавив да ги спомнам сите психолошки книги кои се разликуваат едни од други по распоред на реченици.
а и моите примери оставиле впечаток очигледно....
 
Класика си е класика бе.Дефинитивно Класика.
:salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom