Диктатура?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Kakva zabrana za emituvanje,sega doma se nagledav na filmovi i serii i toa golemo sranje i ti ovde mi propagiras,more aj tamu odi si vo stabot i nas ne ni drzi predavanja,mislis li deka nekoj ima podobar ili ne sproveduva diktatura na sopstven nacin?Site niv Fidel Kastro im e ikona...
 
Јама за темел


Фактот што некои граѓани во Груевски ја препознаваат старата социјалистичка дисциплинирачка матрица е една од причините за неговиот политички успех.

Фрчкоски има право: матрицата на владеење на Груевски е школски пример за авторитарни, па и тоталитарни тенденции. Башка што и самото општество, длабоко заглавено во една несогледлива криза (која има разнородни аспекти: финансиски, геополитички, идентитетски...), испраќа многу сигнали во истата таа потенцијално многу опасна тоталитарна насока. Ако, како на општество, ни се случи таа историска несреќа на еден подраматичен начин да „проработи хемијата“ меѓу водачот и неговите фрустрирани поданици - тогаш нема да ни бидат од помош ниту толпата „наши“ олимписки богови ниту кутрото христијанско тројство, т.е. моноцентричниот севишен лично!

Ние веќе, во моментов, солидно го кркаме стапот поради погрешно избраните стратешки политички правци на актуелната владејачка гарнитура. И сегашниов пад, значи, е огромен. Секое понатамошно истрајување на сегашните глупи политики (водачот мисли за сите; водачот арбитрира за се': и за книгите кои ќе се печатат и за автобусите во кои (не) ќе се возиме, и за моралните прашања, и за историјата...) ќе значи се' потешко пронаоѓање на магистралниот пат (кој води во ЕУ, нема никакви дилеми; сега предводничката банда од слепци, сосе флејтите и стаорците во придружба, не' ака сите нас низ балканските севременски мочуришта кајшто, како во музеј со восочни фигури, времето едноставно ги замрзнало древните пизми на разнобојните банди кои со боздоганите налетуваат едни на други, низ маглите и калта).

Ќе дадам примери за тоталитарните тенденции на оваа власт. Во извонредниот роман на Андреј Платонов, „Јама за темел“ (напишан 1930, а објавен дури 1987), може да се види од каде произлегува фантастичниот преродбенички ентузијазам наречен „24/7“. Работниците херојски ги копаат темелите за една огромна зграда („стокатница“) која ќе биде дом на пролетерите од целиот свет. Жарот на работниците е незгаслив, не постои начин да престанат со копањето:

„Што сакаш да кажеш, да престанеме да работиме?“, прашуваше Чиклин. „Можеме да извлечеме уште кубен метар, или метар и пол, и нема смисла да престанеме пред тоа.“

„Но, морате да престанете да работите“, се бунеше надзорникот. „Веќе работите повеќе од шест часа (иако е недела), а законот си е закон.“

„Законот е само за изморените“, се уфрли Чиклин, „а јас се' уште имам сила, пред да ми дојде сонот. Кој се согласува со мене?“, ги запраша сите околу себе.

„Има уште доста до мракот“, извести Сафранов. „Зошто да живуркаме, кога можеме да ја завршиме работава. На крајот на краиштата, ние не сме животни, ние можеме да живееме само од ентузијазмот“.

Еве, пак, од каде произлегува неверојатната сервилност („а ла Томиќ“ или „а ла Манчевски“ или „а ла Старделов“) на цели огромни делови на македонскиот естаблишмент спрема својот „пастир“. Тоталитаризмот, во случајов сталинизмот, ги прави луѓето инфантилни. Тие зависат исклучиво од државната моќ и од милоста на своите водачи. Мудроста на раководството не може да биде доведена во прашање.

Еве уште еден пример како дури ни хероите на советското општество не можеле да стигнат до зрелоста којашто нивните достигнувања симболички требало да ја претстават. Чкалов, првиот авијатичар којшто од Москва, патувајќи преку Северниот Пол, стигнал до САД, набрзо по потфатот (во јуни 1937 година) го објавува текстот под наслов „Нашиот татко“:

Тој е нашиот татко. Авијатичарите на Советскиот Сојуз ја нарекуваат советската авијација - Сталинова авијација. Тој не' учи, одгледува, не' предупредува на опасностите како деца што му се прираснати за срце; тој не' изведува на прав пат, им се радува на нашите успеси. Ние, советските пилоти, секој ден го чувствуваме неговиот со љубов исполнет татковски поглед. Тој е наш татко. Гордите родители наоѓаат нежни, искрени, охрабрувачки зборови за секој од своите синови. Сталин своите авијатичари ги нарече „орли“.Тој своите орли ги праќа да летаат и ги следи каде и да одат, а кога ќе се вратат, тој ги свива крај своето со љубов исполнето срце.

Една од причините зошто СДСМ многу често личел на ВМРО е што неодоливо потсетуваат на пилотот Чкалов токму актуелните „орлиња“ произлезени од топлото и широко сдсмовско гнездо („орлиња“ од типот на Боцевски или Еленовски, стратешки распоредени по разноразни партии, а во функција на вечниот сегашен водач, кој и да е; ликот на Еленовски, на пример, кој деновиве не' гледа од сите скопски билборди, е во јасна функција на разбивање на потенцијалното опозиционо гласачко тело). За вмровските младинци (од типот на Влатко Ѓорчев) воопшто не треба ни да се зборува, тоа е уште попрочистена тоталитарна партиска матрица.

Уште Хегел го објасни механизмот („егземпларен случај на илузија“) со кој сегашниве десни болшевици се пресметуваат со „лажниот капитализам“ (кој, според нив, го направија „комуњарите“ со „лоповската приватизација“): десниве популистички болшевици не сфаќаат дека нивното противење на тој „лажен“ капитализам и „лажна“ демократија, всушност, е противење на капитализмот и на демократијата воопшто, т.е. дека тие се, а не екс-комунистите, вистински идеолошки наследници на социјализмот.

Токму тој факт што некои граѓани во Груевски ја препознаваат старата социјалистичка дисциплинирачка матрица (а младите, пак, ја откриваат нејзината едноставна заводливост), е една од причините за неговиот политички успех.

Ова, се разбира, не значи дека сосема ги поистоветувам левиот и десниот тоталитаризам, ниту, пак, дека ги демонизирам некогашниот социјализам и сегашниов десен болшевизам. Само укажувам на некои нивни структурни сличности.

Автор:
Никола Гелевски

 
Јама за темел


Фактот што некои граѓани во Груевски ја препознаваат старата социјалистичка дисциплинирачка матрица е една од причините за неговиот политички успех.




Tolku mnogu se pisuvase od strana na Dpmne za jugonostalgicarite. A kako da gi pobedis ako se mnogu i ako ne mozes da gi ubedis deka sega se zivee podobro od nekogas ? Mnogu lesno. Ponudi im go toa za sto kopneat barem virtuelno i doagas do edna stara:
Ako ne mozes da gi pobedis, Pridruzi im se !!!
 
„Фридом хаус“: Демократијата во Македонија назадува
Вашингтон /13/01/ 10:18
Назадува демократијата во Македонија, оцени „Фридом хаус“ во најновиот извештај, во кој земјата повторно се вбројува во „делумно слободни држави“, пренесува Макфакс.

„Македонија доби надолна стрелка заради зголемениот прогон и насилство врз членови на политички партии за време на парламентарните избори во јуни, коишто домашните и меѓународните набљудувачи ги оценија како најлоши, откако земјата стана независна“.

Ова се наведува во извештајот, во делот за Македонија, на американската невладина организација „Фридом хаус“, во кој се оценети 193 земји во светот и генерално е констатирано „назадување и стагнација на слободата“.

На скалата од еден до седум, на која еден е најдобра оценка, Македонија е оценета со три за политичките, како и за човековите права.

Во однос на земјите од источна и централна Европа, во извештајот заедно со Македонија се потенцира и назадувањето на демократијата во Бугарија.

Како делумно слободни земји се оценети и Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Слободни земји“ според „Фридом хаус“ се Србија, Хрватска, Грција и Бугарија.

Во светот има 89 „слободни“ и 42 „неслободни“ земји. Прва на листата според демократија е Финска, а последна е Северна Кореја.

edit:Гејците и Бугарите во слободни земји ?
 
Heh, ovie od freedomhouse samo za sebe tvrdat deka se free, se sto ne e nivno e partly ili not free. Bljak !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom