Луѓето се менуваат или....?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Не може сите луѓе да се стават во ист шаблон, но во суштина луѓето не се менуваат, не се менува ни психата- само се движи кон повисоко скалило, она што се менува во нас се идеите, претставите што ги имаме за она што не опкружува и она што е во нас.Објективните нешта се менуваат, субјективните осцилираат и ја создаваат идејата дека нешто се менува и постои/не постои.

Се зависи од тоа како гледаме на нештата, сината боја што ја гледам јас , не мора да значи дека е истата сина што ја гледаат и другите...
 
Човекот согласно падната пририда мора да се изврши промена(преобрзба), заради падот(Адамовиот). Ако човекот остане во таквата состојба, ако не се стреми кон соршенството тогаш се е залудно..
 
Не се менуваат.Имам многу искуства кои би ми покажале дека некои навистина нема да се сменат и цел живот ќе останат исти.
Може да го смени само некое мислење и сл ама целосно да се промени многу тешко.Едноставо еден дел од нас и да се трудиме ќе не навраќа на тоа кои сме биле и тој дел секогаш ке живее.
 
Се менуваат. Карактерот не е даден еднаш засекогаш, тој се менува, на подобро или на полошо. Меѓутоа тука е доста битна човековата желба, волја и трпението за промена на самиот карактер ( промената на односот на човекот кон самиот себе, работата, околината и другите луѓе ).
 
Не се менува човек. Единствено нешто што може да го смени е животот,односно да му покаже што прави, што греши и какви последици ке има ако продолжи со исто темпо. Сепак, до некој човек може да се допри, а до некој не. Секој си е приказна за сам себе...
 
Луѓето не се менуваат само лижат газ за од корист.Се повеке злобници има на овој свет отколку добри луѓе.Сите се од корист...скоро се е од корист.ПА и луѓето денес ке ти лижат гз за да ги вработиш а кога ке имаат пари и не им требаш нема да те познават повеке.


*не важи за сите ова но повекето кои ги познавам работат на овој принцип
 
Луѓето само површински можат да се сменат, но ѓубрето во нив останува. Не може да се генерализира за оваа тема, сите сме свои светови нели?
 
Луѓето не се менуваат само лижат газ за од корист.Се повеке злобници има на овој свет отколку добри луѓе.Сите се од корист...скоро се е од корист.ПА и луѓето денес ке ти лижат гз за да ги вработиш а кога ке имаат пари и не им требаш нема да те познават повеке.


*не важи за сите ова но повекето кои ги познавам работат на овој принцип

Да, постојат такви, ги има во доста голем број, ама немора да генерализираш.
Го почитувам твоето мислење, ама мислам дека малку ја промаши темата, муабетот беше дали луѓето се менуваат не колку се гзолижци.

Јас мислам дека луѓето итекако се менуваат. Никогаш неможе комплетно да се променат, ама драстично да. Познавам доста луѓе што направиле големи промени во животот, почнувајки од брат ми, па до останати пријатели, другари, роднини, родители.
Сега, од друга страна постојат луѓе што не се менуваат, како што рече девојката погоре, злобни, користољубиви, тие не се менуваат, нив така им одговара.

:њауу:
 
суштината на секој успех е да се прилагодиме на промените околу нас, а со тоа и ние самите да се промениме, се со цел да ги оствариме оние работи кои сме ги испуштиле заради нашите мани (грешки) или полесно да ги искористиме можностите кои ни се пружаат во иднина. Па така секој човек кој сака да биде успешен мора да прави промени и никогаш да не се задоволува со она што го има, со крајна цел приближување кон некое за него совршенство. Ова е мое лично мислење со кое не мора да се сложите.
А луѓето секако дека се менуваат само некои осмислено и со јасна цел а некои под присила за која не се свесни ни самите.
 
Нормално дека сите се менуваме и учиме од нашите и туѓите грешки.Ако еднаш или двапати се "изгориме" на нешто сигурно дека нема пак да го направиме истото.Значи луѓето се променливи и се менуваат.
 
Луѓето не се менуваат ги менуваат само своите маски.
 
Луѓето не се менуваат ги менуваат само своите маски.

Се менуваат и тоа како :). Некогаш животните услови те менуваат, некогаш друг дел од карактерот излегува на површина има многу фактори што влијаат. Затоа и се прекинуваат врски и пријателства, некој се сменил и отишол во сосема друг правец. Не мора да биде се маска.
 
Се менуваат и тоа како :). Некогаш животните услови те менуваат, некогаш друг дел од карактерот излегува на површина има многу фактори што влијаат. Затоа и се прекинуваат врски и пријателства, некој се сменил и отишол во сосема друг правец. Не мора да биде се маска.


Што знам можеби е точно :) Само што до сега не сум се уверил во тоа ... некој така да се смени по радикално.
 
Cekako deka se menuvame vo sekoj period od zivotot imame posebni karakteristiki po koi sme poznati po koi se poznavame ne interesiraat raylicni nesta

alal da ti e druze
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom