:pos2:
:salut:
Ама размислете, ова е фантастичен закон... со тоа ќе се натераат младите да си речат уште веднаш, оние 1000 денари место да ги дадам како данок, ќе ги дадам во кафана, и таму ќе запознаам некого. И сега со тоа веднаш се проширува потрошувачката на граѓаните, со што заработуваат кафанџиите, а тие потоа плаќаат поголем данок (од обичниот граѓанин) од тоа што заработуваат, плус има обрт на пари.
И сега, за да се стапи во брак, по традицијата треба свадба бре... а за свадба се дава брдо пари, каде? Пак кај кафанџиите.
Откако ќе се стапи у брак, мажите нормално одма нагрнуваат на алкохол заради жените, и фала богу се обраќаат каде ако не... во кафана.
Модерно општество, либералност, жените не се покусо, незадоволни, и они у кафана. Пијат, се муваат со други, се разведуваат, се женат пак, пак свадба, пак кафана.
Што не носи до крајниот заклучок дека законот е нарачан и подмитен од УГОСТИТЕЛИТЕ. Срам ги било да не манипулираат, мислат они ние овци сме? :baeh: