Во нашето општество, за жал, ја немаме таа привилегија да споредуваме денешно постоечко со нешто минато, но подобро.
Со ова кажано сакам да истакнам дека дејствувањето на една политичка партија, најмалку, е 70% пропаганда. Ако милуваш повеќе, можеш да ја наречеш и политички маркетинг. Делот што ќе остане е реална работа.
Колку работите се менуваат, но сепак остануваат исти се гледа по болдираното од твојот пост. Сегашната власт не е исклучок. Бидејки ние мораме оваа да ја споредуваме со минатите влади тогаш ќе добиеме резултат дека оваа влада е многу подобра. Имај на ум со што споредуваме.
Мала контрадикторност.
Велиш "колку работите се менуваат, но сепак остануваат исти"
Па потоа "сегашната власт не е исклучок"
За на крај да кажеш "Бидејки ние мораме оваа да ја споредуваме со минатите влади тогаш ќе добиеме резултат дека оваа влада е многу подобра".
Значи реботите се менуваат, но сепак остануваат исти, а ако сегашната власт не е исклучок од претходните, од каде заклучокот дека е подобра ?
И да е филозофија.....многу ќе да е.
Од тука произлегува мојата подршка. Поставија еден стандард кој е поголем од веќе постоечкиот кој го наследија. Следните кои ќе дојдат ќе мора да го изедначат или подобрат. Ова е еволутивен напредок.
Е се`а, позитивните работи кои ги прави оваа влада за некои елементи во нашето општество се непожелни бидејки или имаат желба да си ги зачуваат привилегираните и монополизираните позиции или имаат желба да се вратат на власт.
Би можел да бидеш малку и поконкретен.
Нема ништо спорно во тоа една политичка партија на власт да се „рекламира“, дури и контрапродуктивно би било да не го прави тоа. Истото важи и за опозицијата!!!
Прво и најспорно во цела ова работа е тоа што владата се рекламира со дел од моите пари, кои Јас директно по основ на разни даноци, секој месец ги уплаќам во буџетот.
Инаку искрено, би немал ништо против, доколку Груевски и Ставревски го прават тоа со сопствени средства....па со нив можат и двата канали на Македонска Телевизија да ги закупат....и 24/7 непрестано да си се рекламираат.
Второ работа е транспарентноста.
Во недостаток од официјални податоци, се шпекулира дека владата досега во цел на "самозадоволување" потрошила 150 милони евра.
Ете да кажеме дека тие кои го прерачунале ова се комуњари, па како релевантна бројка, шпекулацијата да ја поделиме на пола.
75 000 000 евра. Пак се многу бе пријателе. Да почнам да пишувам каде попаметно би се потрошиле овие пари ?
Со половина од тие 75 милиони евра, не ќе останеа без работа оние 3 500 работници, кои во последните неколку месеци беа пуштени дома. Бизнисмените барат 100 милиони евра да отворат 50 фабрики во кои би се запослиле 3 000 граѓани.
Па невработеноста во ова држава мислам дека е поголем проблем од рејтингот и чепатењето на владата и Груевски.
Или не ?
Третата работа се сомнителните околности под кои владата ги доделува (разбира се на свои фирми) тендерите (доколку и ги има), што е директен показател за можна корупција, на досега "нај некорумпираната власт"!?
Четврто, е начинот на кој ги одбираат медиумите каде што би оделе тие реклами, и пораката што ја пушта власта до "непослушните".
Доколку не си забележал (а сигурно си забележал), рекламите во тие малку медиуми што се критички настроени кон власта...скоро и да ги нема.
Која е пораката ?
- Пазете што и како објавувате, з'ш ќе си останете со кратки ракави ко "Утрински".
Со ова како што и претходно имам напишано, власта отепува два зајака со еден куршум.
Ем толку префинето и неосетливо му го испира мозокот на народот.
Ем ги држи медиумите под своја контрола (финансии = контрола).
По трет пат годинава, Европската Унија преку Фуере, посочува дека треба да се обезбеди независност во медиумите.
Али најверојатно казните за плукање на улица, се поголем приоритет на власта од слободата во медиумите.
Велиш дека и опозицијата требала да се рекламира.
Па дај онда нека обезбедат една ставка во буџетот за рекламирање на сите политички партии, па нека си се рекламираат по цел ден...и така ништо корисно и паметно не работат.
А ние тука наместо да пишуваме за невработеноста и милионте други проблеми со кои се соочува државата, ќе пишуваме импресии од рекламите. Ете може и да бираме реклама на неделата....па на месецот.
А на крај на годината, ќе се организира една гала вечер, на која ќе се бира реклама на годината.
Како награда би можело да се додели една благодарница за најголем трговски дефицит...или благодарница за негување на една од најобемните администрации во светот.
А бесплатни влезници на таа гала вечер, би можеле да добијат на пример бранителите, или изиграните стечајци.
И не е ова смешно.
Со ова само сакам да ти ја доволам апсурдноста на твојата жестока подршка на владините реклами.
Со ова кажано произлегува дека сето бунење околу тоа како власта се рекламира може да се сведи на политичка борба. Тие кои се бунат против Груевски или им е наредено како партиска задача или слепо, без размислување, прифатиле партиска пропаганда како свое мислење. Зарем Бучко и БЦ не се саморекламираа или тие се од СДСМ па тоа е нормално, а Грујо е од ВМРО и затоа е ненормално.
Зарем не е дозволено ВМРО да се саморекламира?
Која демагогија!
Доколку некој дигне глас против демократските норми и принципи, веднаш е кочничар на реформи.
Доколку се побуни против водењето на надворешната политика, тогаш по автоматизам е предавник.
Доколку каже дека власта е некадарна.....тогаш е и едното и другото.
А сега дојде и најновото.
Доколку не ги браниш владините реклами, и се побуниш во врска со трошењето на твоите пари....веднаш ти извршуваш партиска (СДСМ) задача.....слепо прифаќаш партиска пропаганда и на крај си партиски слепец.
Во спротивно.....доколку ги браниш владините ставови и постапки со филозофии кои мислиш дека ретко кој ќе ги разбере....доколку на секој начин и со сите расположливи средства се трудиш истите да ги наметнеш на јавноста.....тогаш ти си уште еден од новокомпонираните интелектуалци, кои го имаат ексклузивното право да и мислат добро на државата.
Сите други се олоши, остатоци од некои комунистички режими и предавници.
Од прилика така во превод би изгледала твојата порака.
И тука ќе престанам, бидејќи се изморив од пишување....што не значи и дека се согласувам со остатокот од твојот пост.
Но во некоја следна прилика, со задоволство би се дообјаснил...Господине
противпропаганда:smir: