Апсурдни провладини пропаганди

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Колку лошо работи “фабриката“ на премиерот можеме да видиме од следниот пример:

Прилеп 11.10.2008

-Леов компани во Прлеп во употреба ја пушти автоматската линија со високи еколошки перформанси и карактеристики за емајлирање на апарит за домакинството. По словенско „Горење" и српска „ Алфа Врање" сега и во македонија во ново отворените три погони на Леов компани во Прилеп ќе се емајлираат со највискок кавалитет апаратите за домакинството. Инвестицијата чини 1.600.000 евра отвара 80 работни места.
Во Прилепската фабрика на Леов Компани веќе работат 200 работници.
Компанијата и партнерот од Ирска ќе отворат погон за производство на електрични и плиснки шпорети наменети за европскиот пазар
„Моја долгогодишна желба беше да го создададм македонско „горење". Пуштењето во употреба на оваа производстевна линија е дел од таа визија која полека се остварува", вели сопстевникот на Леов компани, Трајче Леов.
Во присуство на голем број деловни партнери, пријатели, Владиката Петар, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристоски, пратеници од Прилеп и Велес, министерот за инфпрматичка технологија Иво Ивановски, министерот за транспорт и врски Миле Јанкиевски , вицепремиерот Ивица Боцевски, претседателот на Владата Никола Груевски кој ја имаше честа да ги пушти во употреба автоматската линија за емајлирање на апарати , погонот за производство на сончеви колктори и региналниот центар за термичка обработка на метали.

-Само по 40тина денови...................следи:

Прилеп 28.11.2008
Трајче Леов од Велес и Димитрија Стојановски од Прилеп заработија кривични пријави за нелегална приватизација на фирмата „Пролукс“ од Прилеп.
Имено, иако двајцата знаеле дека фирмата е неликвидна и презадолжена, во 2005. Стојаноски, кој е претседател на купопродажниот договор од 16 милиони денари за нова линија за топло поцинкување на метали.
За купување на машините, под хипотека се става фирмата „Пролукс“, линијата никогаш не проработела, а Леов, кој претходно имал 76% од фирмата, ја активира хипотеката и си ја присвојува компанијата.
„Со противправно нереално отуѓување на имотот на акционерското друштво „Пролукс“ од Велес го довеле во нерамноправна положба и ги оштетиле останатите доверители во вкупен износ од околу 35 милиони денари“, рече Ѓоко Стрезоски, портпарол на СВР Битола.
И покрај нашите обиди телефонски да ги контактираме и Леов и Стојаноски, тие не беа достапни за коментар. Од Јавното обвинителство соопштија дека предметот ќе оди во редовна постапка.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=100847

Би било интересно да продискутираме за ваквите пропагандни активности.:toe:
 
vidi propaganda istite prisustvuvaat na otvaranje i cest im davaat da otvorat so nadez deka ke bide nesto za potoa istite koga se otrkrile malverzacii da pustat krivicni prijavi. kaj e propagandava? ustvari ima propaganda cest sekomu demek veresija nikomu.....ili bar taka treba da bide
 
мора да се прикаже дека нешто работела владата после толку шетање и трошење пари за да се донесат инвестиции
ова ти е како кампањата образувај се а факултетот ни го поскапеја и стандардот падна и никој не може да си ја плати сметката за струја а камоли книги и интернет да плати или курсеви
или основај семејство кога на гинекологија деца им паѓаат од раце и ништо не им кажуваат на родителите и после мислат дека носат некоја наследна болест или пак не мозат на детето да му купат пристојна облека и да му купат учебници
 
Колку лошо работи “фабриката“ на премиерот можеме да видиме од следниот пример:

Би било интересно да продискутираме за ваквите пропагандни активности.:toe:

Какви фабрики и какви пропагандни активности? Не си ми јасен?

Добил кривична пријава за малверзации и ќе остане на судот да одлучи дали е виновен или не.

Што има тука спорно?
 
Пропагандава вели еве уште една атрактивна инвестиција,без да ја испита нејзината вистинска атрактивност.Ако не можеме да откриеме каква “инвестиција“ имаме од домашни инвеститори,замисли како ќе откриеме каква “инвестиција“ имаме од странски инвеститори.Или што и да е,“фабриката“ вели да се побрза за да се пресече лентата,колку да се потполни извесна минутажа по медиумите.:toe:
 
Па нема ништо спорно...нашиот АБЦ очигледно го изгубил сенсот за правење скандал и контраверзност од ништо... :toe:

Така е,ништо нема спорно додека не докаже судот дека е навистина спорно.Би било убаво владата да го покани во официјална посета Осама Бин Ладен,ќе се најде на прво место во сите светски медиуми а министрите ќе се сликаат за спомен,со премиерот ќе направат обиколка на Скопје,разгледувајќи атрактивни локации за терористички бази на Алкаеда,се разбира само затоа што Осама сеуште не е изведен пред суд за да се докаже дали е навистина терорист.Всушност тоа е начинот на кој работи оваа “фабрика“,зарем не?:toe:
 
Пропагандава вели еве уште една атрактивна инвестиција,без да ја испита нејзината вистинска атрактивност.Ако не можеме да откриеме каква “инвестиција“ имаме од домашни инвеститори,замисли како ќе откриеме каква “инвестиција“ имаме од странски инвеститори.Или што и да е,“фабриката“ вели да се побрза за да се пресече лентата,колку да се потполни извесна минутажа по медиумите.:toe:

АБЦ, мислам дека претеруваш! Не можеш однапред да знаеш за секој инвеститор дали се бави со криминал или не. Дури и да знаеш ако нема докази не му можеш ништо.

Во краен случај како се направи приватизацијата ништо не е чудно и стварно да имало нерегуларности.
 
АБЦ, мислам дека претеруваш! Не можеш однапред да знаеш за секој инвеститор дали се бави со криминал или не. Дури и да знаеш ако нема докази не му можеш ништо.
Во краен случај како се направи приватизацијата ништо не е чудно и стварно да имало нерегуларности.

Па кога е така,зошто му служат протоколарните советници на премиерот,за подобро да може Трајко Славевски да им го подели мега буџетот,или да го наместат на свечено отварање при вака “атрактивна“ инвестиција?:toe:

Првиот автомобил „бентли“со македонски регистарски таблички свечено му беше предаден на велешкиот бизнисмен Трајче Леов на галантна промоција во „Александар палас“, во мај годинава. Задоволството наречено „бентли континентал флаинг спар“, Леов си го дозволи на 56 години и го плати 250 илјади евра. Во Македонија се возат три автомобили „бентли“ со наши регистарски броеви, а инаку се вкупно седум.
 
The Rumors Guru :tv:

Ако ве интересира која трудна останала, кој колку пари на сметка има и што ручал у недела, пишете му на АБЦ.
 
The Rumors Guru :tv:

Ако ве интересира која трудна останала, кој колку пари на сметка има и што ручал у недела, пишете му на АБЦ.

Шо е румор во отворачкиот пост на темава Миша?
 
The Rumors Guru :tv:

Ако ве интересира која трудна останала, кој колку пари на сметка има и што ручал у недела, пишете му на АБЦ.

Ќе се потрудат да ве информираат,еве ја и адресата:

http://abc.go.com/
 
Шо е румор во отворачкиот пост на темава Миша?

На пример насловот?

Трачарење можеби посоодветно звучи на нашки, ширење конспиративност во секоја вест.

Сега следува делот кога ќе ги поврзе со Хазарите.
 
Back
На врв Bottom