Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
НАЈНОВА ВЕСТ!!! ВАРДАР КЕ ИГРА БЕЗ 5 ИГРАЧИ И ГИ ВИКАЈА НАШИТЕ ДА ОДАТ ДА ИГРАТ ВО СК АМА ГИ ОДБИВМЕ И КЕ СЕ ИГРА ОВДЕ
НАЈВЕРОВАТНО ОД ИГРАЧИТЕ ШО НЕ КЕ ИГРАТ СЕ МАКАЛО, ПЕШИЧ И ПИНКИ и УШТЕ НЕКОЈ МОЖИ - НЕ МЕ ФАКАЈТЕ ЗА ЗБОР ЧАРШИСКИ МУАБЕТ Е ОВА АМА СЕИГУРНОИ КЕ ИГРАТ БЕЗ 5
4 treba da e pecakot neli e povreden i 5 divi ne vervam da dojdi da igra vo Bitola :smir:

Пелистер со автостоп до победа во Скопје
6C77D65A8F904640B51C70359A32415C.jpg

Битолчани во 22. коло од ВИП супер-лигата го совладаа Тинекс Пролет во Скопје, а утре во 23. коло играат со Вардар про во Битола
Ракометарите на Пелистер со три бода и со минимален триумф од 30-29 против Тинекс Пролет си заминаа од Скопје во најинтересниот дуел од 22. коло од Супер лигата. Автобусот со кој патувале битолчани им се расипал на половина пат по што ракометарите автостоп по два-тројца успеале да стигнат на средбата во Скопје. Потоа тие се вратиле со редовна линија во Битола.

Овој триумф на битолчани им овозможи да останат на третата позиција на табелата, со бод предност пред ВВ Тиквеш кој прексиноќа исто така славеше победа против МРК Вардар со 38-23.

Шампионот Вардар Про рутинирано со 30-23 го победи Златен даб, додека Металург ја победи последнопласираната Преспа со 42-20.

На чело на табелата е Металург со 63 бодови, Вардар Про има 57, Пелистер 38, а ВВ Тиквеш 37. На петтата позиција е МРК Вардар со 27, пред Тинекс Пролет со 22, Златен даб има 18, а последна е Преспа со минус еден бод.

Инаку Пелистер ја одби понудата на Вардар Про утрешниот натпревар од 23 коло на ВИП супер-лигата наместо во салата Младост во Битола да го играат во Скопје. Лошата финансиската состојба во која се наоѓа битолскиот клуб била повод за понудата на скопјани во која предложиле да им ги платат трошоците за превоз и за службените лица на натпреварот.

- Точно е дека барањето го одбивме зашто без разлика во каква состојба се наоѓа клубот нашите меѓусебни натпревари со Вардар про секогаш побудуваат ривалство и се дерби. Секогаш со нетрпение се очекуваат и се празник за љубителите на ракометот. Се' што е потребно околу организацијата е преземено и затоа не размислуваме за понудата, туку дека ќе го надиграме и ќе го победиме Вардар Про - вели претседателот на Пелистер, Ефто Божиновски.

Тој истакнува дека и покрај финансиските проблеми тие се на трето место веднаш зад двата скопски клуба, Вардар Про и Металург.

Ракометарите 23. коло ќе го одиграат во текот на викендот. Денеска се играат натпреварите во Скопје, Тинекс Пролет - Металург (12 ч) и МРК Вардар - Преспа (18), а в недела другите два натпревара, Пелистер - Вардар Про (18) и Златен даб - ВВ Тиквеш (19:30).

Kolku mi e zal sto nema da prisustvuvam na najgolemta pobeda godinava :(
 
Пак истите судии како оние од минатиот пат ЧАВДАРОВ :nesvest::nesvest::nesvest::kesa:

Не се истите судии!!!:nenene:
Тогаш судеа Николовски и Колевски:tapp:
Нема да биди лошо пак да ги пуштат истите судии од тогаш:vozbud:,нека повелат пак во Битола тие ЃУБРИЊАТА:bip:
Па да си го добијат "заслуженото" од есента:kickbox::kickbox::kickbox:
:violent1:
 
Некој кркачев ке судат така ми рекоја - охохо нека повели тој гаргамело со кривиот нос и тој стариот ама в болница ке одат:pos2::pos2::pos2:
 
Мое мислење дека Вардар и со 8 играчи да дојди во Битола, пак е апсолутен фаворит. Треба многу коцки да се поклопат за да утре победиме, и да имаме "среќа" пак да промашват скопјани ко минатата утакмица тука. :toe:

Од аспект на гледач, долгогодишен фан, ито како посакувам утре победа, и добра игра пред се... Полна сала, спортско навивање можат да убедат некој од битолските "тајкуни" да вложат во РК Пелистер.

Пријавувам учество утре во Младост :salut:
 
Знајте која му е почетната постава Ч лево крило Аљушот - треба да игра 60 мин нема замена на л.крило друг, Лев бек Караиванов, среден- Бранче, десен бек- велко марковски, десно крило- козла пикер Марковски Никола ( треба 60 минути да игра оти нема замена на пикер друг)

и покрај то шо немат земено 7 плати кај ракометарите има присуство на голем оптимизам сите то зборат ПАЃАТ УТРЕ СИГУРНО

И ЈАС ИСТО ВЕЛАМ ТЕПАМЕ 100%:vozbud::vozbud:
П.С. Заборајв да напишам измена- 2 варијанта му е бранче на лев бек вукчевич на среден друго се исто
 
Да не ти се јави тебе Савевски да ти кажи со кој играчи ќе игра утре:pos2::smir:
Ќе видиме утре,дај боже да тепаме,го неаме победено Вардар повеќе од 3.5 години,мора да се скрши малерот,шо викаме на Битолски да се напрај ИНКЕР:back:,па можи ќе тргни нешто напред во клубот,конечно:cuc:
 
Знам ке видиш дека тие се- Нема друг кој

Sudii: Krkacev Saso i Belimov Erik- Skopje
Delegat : Najdenovski Mile (toj so bese prosliot pat)
 
Ќе биди денес интересно, но ќе ма три разлики од претходниот пат...
1.) Ќе има помалце публика.
2.) Денес ПЕЛИСТЕР ќе победи.
3.) и за третото ќе видите на самата утакмица :)
:бакла::бакла::бакла:
 
Лудилааааааа лудилаааааааа лудилааааааа!!!!!!!!!!

МНОГУ СМЕ ЈАКИ !!!

ПЕЛИСТЕР 29 - 28 вардар
 
Со она кое се соочува клубот ова е голем успех за тим предводен од селектор на репрезентација, од играчи со по 1000 евра плата и со поранешни наши ѕвезди....

Тим кој има над 10 спонозори и кој е доста богат....

Ова кажува дека овој натпревар беше од срце изигран и секоја чест за нас....Рака на срце за сите ракометари на нашиот тим и за фер играта на другиот тим, која некогаш и беше многу симулирачка..:helou:
 
На овие услови сега шо ги има пелистер- да речам никакви услови ПЕЛИСТЕР Е БАРСЕЛОНА ЗА ВАРДАР!!!
 
значајна победа секако......се надевам на јак спонзор за в година и конечно враќање на старите патеки.....веќе доста беше
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom