Кисела вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Fcu
  • Време на започнување Време на започнување
Св. Димитрија....Мене најубаво ми е во паркче (летно време), пред нет со кафе од автомат и во(пред) Манго. :)
А кога имаат одмор средношколките од Борис, најубаво е нели?:helou:
 
катастрофа,од населба, а и како општина крш.
 
катастрофа,од населба, а и како општина крш.

ај жити се кажи нешто што е катастрофално...имаме буквално се, заразлика од некои населби кај што едвај има еден хедис маркет :pos2:
и ако не ти се допаѓа населбата жити се не давај негативни коментари нити пак стапнувај у неа ако ти е крш....пиши си таму у др тема за твојата...:helou:
 
Кое урбанистичко уредување го имате, од зграда излагаш директива на улица, камо ви тротоари, паркови, детски игралишта, ви направија едно пред општина и толку.
Извини што една " селодромка" ве навреди, неможе само позитивни мислења да слушате мора и негативно да чуете и да го прифаќате, ако нешто чини ок ако не треба да си ја гледате реалноста, само така ке си ги поправите лошите работи.

За разлика од цело Скопје "Селодром" е најубаво средена населба.
"Селодром" e kako New York, еден тротоар во "Селодром" по широчина e еднаков на широчината на главната улица во Кисела Вода.

Дај малку бидете самокритични,не само дрндајте безвезе, бидете реални, само така ќе си ја унапредите и населбата и општината и Кисела Вода има некои предности.
 
Кое урбанистичко уредување го имате, од зграда излагаш директива на улица, камо ви тротоари, паркови, детски игралишта, ви направија едно пред општина и толку.

Немало тротоари? Ај оди по Првомајска, има дури и за велосипедисти. Паркови па колку се направија во последен период, со лулашки и такви работи за деца. За информација, во изградба е и најголемиот Тinex во Македонија кој се наоѓа баш во Кисела Вода.
Колку училишта па имаме, од основни до средни. Неможеш ни на рака да ги изброиш.
Имаме банки, маркети, базен, кафичи, манастири итн.

Како беше тоа дека Кисела Вода немала ништо?
 
Се ОК дека имате се што погоре наброја, но плански дали ви е средена населбата под тоа се подразбира урбанистичко уредување. Ако се гради една зграда треба да се планира и преддворјето на зградата, а не директно на улица. Првомајска ни оддалеку не ви е довршена, таа се простира до мостот пред Драчево, а не до семафорите кај циментара.Ако за вас е урбанистички средено куќарките по главна на 11 Октомври, кои се пред распаѓање и набиени, тоа нема место ни човек да помине, а камо ли двајца да се разминат. Немате пазар уште на картончиња продаваат пред Тинекс, и сеуште имате ниви во населбата кои допрва ќе се градат.

Не го сваќајте ова како навреда туку како реално гледање на работите. Може да дискутираме за предностите и мааните на секоја населба во градов, не само за Кисела Вода.:smir:
 
Кое урбанистичко уредување го имате, од зграда излагаш директива на улица, камо ви тротоари, паркови, детски игралишта, ви направија едно пред општина и толку.
Извини што една " селодромка" ве навреди, неможе само позитивни мислења да слушате мора и негативно да чуете и да го прифаќате, ако нешто чини ок ако не треба да си ја гледате реалноста, само така ке си ги поправите лошите работи.

За разлика од цело Скопје "Селодром" е најубаво средена населба.
"Селодром" e kako New York, еден тротоар во "Селодром" по широчина e еднаков на широчината на главната улица во Кисела Вода.

Дај малку бидете самокритични,не само дрндајте безвезе, бидете реални, само така ќе си ја унапредите и населбата и општината и Кисела Вода има некои предности.
Избрзана реакција од моја страна :wink::smir:
Епа вакааааа. Прво темава не е само за населбата Кисела Вода туку за цела општина:smir:
Единствен минус во нашата населба се големиот број на дивоградби (читај споени згради :tapp:) и секако проблемот на секоја населба катастрофалните дупки по улиците. Дека сме далеку од Аеродром по развиеност и не е далеку од вистината но сепак за некои работи не си во право. Одма да те побијам за игралиштата и паркчињата. Нормално најголемо и најсредено е тоа пред општината. Другото паркче во Кисела Вода е кај Тинексот. Малку понатака има заградено место за помали дечиња со лулашки и слично. Идеме во Пржино со едно убаво игралиште и фудбалски стадион. Две три игралишта во Црниче. Игралиште и мало паркче кај шампионче. Сакаш уште да набројувам :)
Во нашата општина има 4 стадиони за фудбал, а во Аеродром 0. Имате сала имаме и ние. Значи горе доле во спортски објекти ве јадеме:back: Викаш немаме пазар. Па мал ли е пазарот во Драчево или СП маркетот. Плус имаме милион други маркети низ општината. Единствено што немаме е голем трговски центар:kesa: Т.е. имаме еден во распаѓање незнам и зашто воопшто го направиле, а и бројот на кафичи не е многу голем :)
Се на се, Кисела Вода и не е така крш како што наведе ти :smir:
 
Имаме пазар бе, дојди ни на гости и прошетај малку :smir: иначе сега позади кулите, ова новиве згради:pipi:...знаеш како почнува да се средува лепо...од тротоари паркинзи,до продавници за се и сешто и кафичи...
За маркети, имаме на секоја страна кај и да се свртиш....
Паркчиња исто така имаме многу, и летово ги средиа...
Единствена забелешка ми е улицата Вера Јоциќ кај Борис....цела со дупки грррр
А шо имате во аеродром...еден бисер...па дојди малку шетни подалеку и види што се не има у к.вода :smir: афкорс не велам дека се е совршено :wink:
 
Јас живеам во зградата над Екпоус во квадратот, зелените згради кај Борис.

Иначе К.Вода има се, ми се свиѓа населбава, Аеродром има и Мкднллдс и 7ца, за тоа ми е криво само :D

Од кај нас до центар ти требаат 10 мин до 15 пешки од Аеродром има да одиш до центар еден саат.
:baeh:
 
Зависи во кој дел од Аеродром живееш и истото важи и за Кисела Вода,, самиот направи споредба лесно е бидејќи се паралелни населби по должина.
Од Острово до центар пеш е 10 минути, од Три бисери е 15-20 мин.зависи како одиш полека, брзо и тн. ако некој живее кај семафорите кај циментара тоа е паралелно на Н.Лисиче и од таму до Центар има можеби 30 минути одење пешки.
 
Дај малку бидете самокритични,не само дрндајте безвезе, бидете реални, само така ќе си ја унапредите и населбата и општината и Кисела Вода има некои предности.
Знаеш што е предноста на Аеродром во однос на КВ? Аеродром има повеќе простор (читај- тревници) бидејќи до пред 25год. бил Аеродром, што е и нормално да е попространа населба.

Јас живеам во зградата над Екпоус во квадратот, зелените згради кај Борис.

Иначе К.Вода има се, ми се свиѓа населбава, Аеродром има и Мкднллдс и 7ца, за тоа ми е криво само :D

Од кај нас до центар ти требаат 10 мин до 15 пешки од Аеродром има да одиш до центар еден саат.
:baeh:
Карши СПОРТ ЛАЈФ се отвара некоја сендвичара, шо знаеш може е 7-ца :)
 
Абе сега позади расадник ќе ни отворат што се сеќирате...:wink:
Иаме и мечос пред рампа :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom