Не дека имам нешто против Кисела Вода, населба ко населба, и во секоја населба чирови...И локал-патриотизам поддржавам одвреме навреме...Ама ова вашево не го разбирам, мајке ми...
Од каде до каде живи ја Кисела Вода испадна најубава населба? Еве јас ќе го речам обратното. И за разлика од вас, ќе го искоментирам истото.
На ниво на урбанистичко уредување: полна со неполезни ќошиња и неправилни парцели, несреден венец на објекти (крајна линија пред кровот), недефиниран континуитет на волумени во простор, лоша и нефункционална улична мрежа, мртви улици. Недостиг на зелени простори, и тие што ги има се неуредени и запоставени.
На ниво на архитектура: „Ако негде сакате да учите како не треба да се проектира и гради - одите во Кисела Вода“ - ова го рече некој многу попаметен и поискусен од мене во оваа област. Колорит, колку ми сакаш, одбери џиш боја, и оди барај таква зграда во Кисела Вода. Архитектура...се срамам што делам професија со некои. Волумени - најчесто одредени според „правилноста“ на градежните парцели, и уште поунаказени во висина. И токму поради овие објекти, се запоставуваат, или подлегнуваат под исто унаказување и оние „социјалистичките“, па не можиме да забележиме никаков контекст на околина.
Нема потреба другари од дисло(ка)цирање на „болницата за наркомани“. Населба е дел од град, и во себе смее да прими секаква функција, која градот ќе ја побара од неа.
Пак повторувам - немам ништо против Кисела Вода. Немам ништо против Скопје. Напротив, го сакам Скопје, и се во него...токму поради тоа и коментирам - зошто не сакам да го гледам како тоне. Али ај, да не вртам оф-топик муабет.