K
kat.<3
Гостин
Еден млад човек стоеше во центарот на градот. Кажуваше дека го има најубавото срце во целата долина. Се собраа луѓе и се восхитуваа на неговото срце, затоа што беше совршено. Немаше трага во него.
Сите се согласија, тоа навистина беше најубавото срце што некогаш го виделе. Младиот човек беше многу горд, и зборуваше погласно за неговото убаво срце.
Тогаш се појави старец пред луѓето и рече "Зошто, твоето срце не е ни приближно убаво како моето." Луѓето и младичот погледнаа во срцето на старецот. Чукаше брзо, но беше полно со лузни. Имаше места каде што делови од него беа тргнати и други парчиња беа ставени, но не го наоѓаа своето место најправилно и имаше неколку нерамни краеви. Дури на некои места имаше вдлабнатини каде што цели парчиња недостигаа.
Луѓето само гледаа. Како тој може да каже дека неговото срце е поубаво?, мислеа. Младичот погледна во срцето на старецот, виде во каква состојба е и се смееше. "Ти сигурно се шегуваш, нели," тој рече. "Спореди го твоето срце со моето. Моето е совршено, а твоето е растурено во траги и солзи." "Да," рече старецот, "Твоето совршено личи но никогаш не би се сменил со тебе. Гледаш, секоја трага претставува личност на која сум ја дал мојата љубов. Оттргнувам дел од моето срце и им го давам на нив, и често тие ми даваат парче од нивното срце кое наоѓа место во празнината на моето, но зашто парчињата не се прецизни, јас имам некои груби краеви, кои ги ценам, зашто тие ме потсетуваат на љубовта што сме ја споделиле. Некогаш сум дал парчиња од моето срце, и другата личност не вратила дел од нејзиното срце на мене. Ова се празните вдлабнатини – да дадеш љубов е да ризикуваш. Иако овие вдлабнатини се болни, тие остануваат отворени, ме потсетуваат на љубовта што ја имам за овие луѓе, и се надевам дека еден ден тие ќе ја пополнат празнината. Гледаш ли сега што е вистинската убавина?"
Младичот стоеше тивко со солзи по неговите образи. Отиде до старецот, посегна во своето младо и соврешно убаво срце, и истргна едно парче. Го понуди на старецот со треперливи раце. Старецот го зеде парчето, го стави во неговото срце и зеде дел од неговото старо срце, полно со лузни и го стави во срцето на младичот. Одговараше, но не совршено, затоа што имаше некои нерамни краеви.
Темава припаѓа во форум религија затоа што зборува за вистинската љубов, љубов каква што Бог дава. Некогаш не само светлината може да сјае – срцата на луѓето можат да сјаат исто така. Љубовта живее во срцата на вљубените, на врвовите на планините. Нема место каде што љубовта не може да стигне. Допира до твоето срце, ако ја отвориш вратата. Љубовта може да биде на многу места на светот во исто време.
Љубовта се две срца кои чукаат како едно, преку Бога.