Абе комшо...да глеаме генерално...ако е толку скапо,лошо и сл...што трчаме уопште по цени да прашуваме? Организирај си дома и готово...а не, се буниме само а пак на крај таму ќе завршиме..тоа се цените...а башка такви и ќе бидат бе...Нова година е
Што ако е Нова Година?
Освен што се менува една бројка ништо друго не се менува.
Цените низ градов се ненормални и секоја година се повеќе и повеќе ги накачуваат.
Новогодишната вечер е една обична нормална вечер која нашиве ја претеруваат.
Мене лично 100 пати ми е побитен Божиќ и Бадник него да треснам 100тина евра за Нова Година да ми биде перфектна. А најчесто не е. Секогаш си поминуваме поубаво други денови кога искачаме.
Ненормална работа се цениве. А сите се жалат дека немаат пари и дека се е скапо а и сите даваат оооогромни суми за да си ја прослават новогодишната вечер во хит дискотека или кафич.
Ај што ќе платиш него таму ќе врие од пластични девојки кои цел ден менувале фризерски, козметичарски, шминкерски салони и ако не си најмодерно облечен ќе те зјапаат.
Во странство не се замараат многу со Нова Година си одат на вечера обична во ресторан или на плоштад и готово.
Многу е подобро тоа. Ај нека не се оптеретуваат и нашиве луѓе за таа вечер