Кајгана психолог

Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
јас побарав совет, ама ПМС не трае 3 месеци...
Совет,не се замарај со глупости ,не го замарај дечкоти ( може човекот спие коа му звониш па неможел да крене)...олабави се излези со другарките у кино на некоја комедија или уше боље глејте претстава ,отвориси ги хоризонтите мисли позитивно не одма депресии а и на крај краева боље да паднеш у депресија него у септичка јама :zver:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Здраво!
Се наоѓам во многу тешка состојба.Немам пријатели,немам девојка(тоа и не ме потресува многу) но сакам да кажам немам некој кој се грижи за мене,немам близок пријател со кој можам да споделам радости и тага,немам со кого да излезам,да отидам на кафе,да позборувам.По цел ден висам на интернет и мразам што тоа е така...но што ми преостанува друго? Најтрагично е што незнам моабет да направам,како да оглупев,како да полудев.Порано стално се дружев,имав многу пријатели и не сум навикнат на ваков осамен живот.Односно веќе се навикнав бидејки така е веќе две години.Си помислив чим никој несака да ми биде пријател мора да е во мене вината,но никого ниту сум му сторил лошо ниту сум имал лоши мисли.Одсекогаш сум се жртвувал за пријателите.Се плашам за мојата иднина затоа што осеќам дека полека згаснувам...едноставно немам сили повеќе.Тажен сум и очаен,потребен ми е пријател со кој можам да споделувам моменти.Незнам што да направам.Колку пати ке излезам едвај ке се договорам со некого и не сум тој истиот,ќутам повлечен сум,како да заборавив да живеам.Не очекувам дека некако може да ми се помогне само сакав да се испукам некаде.
Хах,пријателе,тешко денес да најдеш асален пријател/другар,повеке гледаат за себе отколку за другите што е и неопростливо.Тука би ти го кажала ова:Кога ти се потребни ги нема никаде а кога ти им требаш на нив ги има во голем број.Добредојде во суровиот свет.Мора да живееш со тоа,зошто поинаку и да сакам да ти кажам-не можам.
Почни да излегуваш,не седи дома,компјутерот не може да ти даде ни другари ни пријатели а нити девојка ако седиш дома.Имам претходно говорено дека еднаш паузирав од компјутерот долг периот и јас бев како препородена,сигурно тоа ти е причината за депресијата.
Земи го советот на огноотпорен и прифати ја поканата на Сашенко,верувам дека ке биде поинаку.Не те поканил од сожалување,биди сигурен.

прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.
Такви се пубертетските години скрим,ова не е прв пат да се случува на некој на твоја возраст,еве јас како постара од тебе се чуствував пред некој период исто како тебе и дури побарав совет од овде,после неколкуте совети сватив дека не е ништо важно и битно да се замараш.Еден е животот да го трошиш за глупости и нервози,немој бе,ке закачеш некоја болест од тоа и после што ке правиш?ти зборувам од искуство.
За делот од твојот друг пост овде,ако си сигурна дека психологот ке ти помогне,посети,зошто да не,можеби ке те разбере подобро одколку што ние овде те разбираме,и енма да те осуди,а ако дечко ти те сака,а и твоите во што сум сигурна нема да те остават во ваква каша.
Млада си,имаш тек да учиш во животот,ова е минлив период.
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Сето ова што ми го кажуваш го знам и свесен сум ,но проблемот е што сум затворен и незнам моабет да направам со нови луѓе. Ако ги знам на пример сум опуштен се зезам се тоа,а ако излезам со некој шо не го знам или од дамна не сум го видел незнам моабет да направам ваљда тоа е и причината што не запознавам нови луѓе.Башка немам најдобар пријател,друго е со некој другар шо стално се дружиш да излезеш а друго е кога ке излезеш ке се упикаш у некое друштво и сеа они си се дружат ти си како црна овца.Знам дека можам да ја сменам ситуацијава пошо не сум бил од секад ваков само се чуствувам депресиивно тоа е мојот проблем.Како и да е ќе пробам да се средам.Фала поздрав
 
Те разбирам што сакаш да кажеш,не можеш да си слободен со оние кои ги знаеш малку или прв пат ги гледаш.Не се повлекувај,не се затварај.Има нешто во тебе што не ти дава да се искажеш,епа ослободи се од тоа,биди слободен повеке со лугето околу тебе и ке имаш и поголем круг на пријателства.
Тоа е тоа.

Гуд лак.:smir:
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Сето ова што ми го кажуваш го знам и свесен сум ,но проблемот е што сум затворен и незнам моабет да направам со нови луѓе. Ако ги знам на пример сум опуштен се зезам се тоа,а ако излезам со некој шо не го знам или од дамна не сум го видел незнам моабет да направам ваљда тоа е и причината што не запознавам нови луѓе.Башка немам најдобар пријател,друго е со некој другар шо стално се дружиш да излезеш а друго е кога ке излезеш ке се упикаш у некое друштво и сеа они си се дружат ти си како црна овца.Знам дека можам да ја сменам ситуацијава пошо не сум бил од секад ваков само се чуствувам депресиивно тоа е мојот проблем.Како и да е ќе пробам да се средам.Фала поздрав

Излези со тие најмногу што ги знаеш у кафана, или на некое урбано место, малу алкохол пивни да се опуштиш и ќе ти се пушти зборецот. ;)
 
P

Peaceful Anger

Гостин
дали на форум има некој психолог да можам да договорам средба?
Знам дека има студенти, за остручен некој нз...

Иначе батали психијатар не е тоа за тебе, поразговарај си со твоите за одење на психолог. Уствари психологот нема нишо ни да ти бае ни да те чати, ти ќе си раскажуваш он ќе те потрпраша нешто и на крај ќе ти каже скроз нова страна за гледање на работите и ќе сватиш дека тоа што сега ти е нешто огромно уствари не е ништо којзнае шо и дека е пролазно.
Разговарј со некој со кој ти е најпријатно за ова, и сигурно ќе дојдеш до некаково решение. Доколку родителите не ти се суперкозервативни или нз нешто такво тогаш сигурно би требало да те сватат и подржат. Затоа напрај муабет со нив. :)
 
С

сашенко

А чка пари кошта? Ме интересира за блиска личност се работи, другар многу близок има потреба и моите совети не помагаат (не сум толку добар) и сака стручна помош и смета дека разговорот ке му годи и помогне.Колку пари и дај препорачајте некој...за тинејџер се работи иначе...нормални проблеми ама ајде морало психијатар....
 
Е брат за пари зависи приватните се поскапи нормално... Ја знам дека има позади Симпо на Партизанска и е по 100-200 ден од една сесија мислам :)

И каков психијатар бре, не се заебаајте тоа е за ептен забегани луѓе кај шо одвај и лекови помагаат
 
Чекај, ти сакаш да кажеш дека тоа е 200 денари од сесија? Евтино бе? И така на овој по еден разговор ке му здосади и ке избега.Битно да не е нешто многу поскапо си мислев....
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Чекај, ти сакаш да кажеш дека тоа е 200 денари од сесија? Евтино бе? И така на овој по еден разговор ке му здосади и ке избега.Битно да не е нешто многу поскапо си мислев....
Нене тоа државно е не е скапо, незнам точно ама околу 200 мање више тука е негде А може и ќе му се уарни па ќе им остаи цело богатство таму:pos:
 
С

сашенко

Гостин
Нене тоа државно е не е скапо, незнам точно ама околу 200 мање више тука е негде А може и ќе му се уарни па ќе им остаи цело богатство таму:pos:
Веруј ми нема.Еднаш да отиде и да види џабе фрлање пари е кога ме има мене покрај него :pos2:, и ке се откаже..
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Здраво имам проблем со наметливи и премногу истакнати личности.

За што се работи.На факултет работиме во група на еден проект.И секој си има по некоја функција.Мене ми се погоди фина функција и супер ми оди.Но имаме лидер што ни се наметна без да гласаме или без некои посебни критериуми да бидат земени во предвид.Сега лидерот се вивна во облаци и сака се да сработи и се што другите ќе направат имам впечаток дека не го цени доволно и сака секаде да ги вмеша прстите и да преработи и измени во поголемиот дел од оделните задачи.Тоа многу ме нервира, поради тоа што лидерот нема поголема компетентност пред нас останатите членови поради тоа што сме сите студенти, со горе доле исто ниво на знаење, искуство и интелигенција.

Е сега сакам да ве прашам следново.Во вршењето на последната задача од моја страна односно во вршењето на мојата функција се вмеша пак и неможев да издржам и му препуштив се.Тоа го направив за да не се нервирам непотребно поради тоа што нема да добијам ништо освен нервози.Ама незнам дали тоа е добро за во иднина кога ќе треба да се борам за своите одговорности.Дали според вас треба да се борам до крај за својот дел или пак едноставно рано ми е да се нервирам за овие глупави проблеми?Благодарам однапред.Поздрав
Види, има луѓе што се гледаат себе како успешни, и како пат до успехот го наоѓаат тоа, манипулирањето. И да ти кажам, колегата твој нашол добар начин да се истакне зашто вие сите му ќутите. Не викам дека треба така, ти викам дека тоа што го наумил, очигледно успева да го оствари зашто сите сте му потчинети и никој не го спушта на земја. Од мој аспект, океј е некој да си се истакнува себе на каков начин сака, без разлика дали тој начин мене ќе ме нервира или не, ама никако по цена мојот труд и цели да ги згази. Ако проба тоа да го направи, ќе си превземам, нешто, нормално. Не знам само што те чини едноставно да му кажеш дека не е тој најпаметниот од сите, и не смее да го прави тоа што го прави. Всушност не знам што те чини да му кажеш се што напиша тука. И како воопшто можеш да помислиш дека е рано да се нервираш за овие глупави проблеми? Ако си на факултет, не е рано, особено на држевен. Таму е борба, никој ништо нема да ти поклони. Тешко е и заслуженото да го добиеш во толкава мерка што си го заслужил, а не уште некој да ти поклони нешто. Значи ако му дозволиш на некој колега да те гази, кој си ти тогаш? Ти си вреден за газење? Зашто со твоето премолчување и незамарање на него му помагаш со твој труд да го оствари тоа што го наумил, без разлика колку е нефер тоа према другите. Му го олеснувате патот. Значи ти викам, ако он преку свои методи вакви или онакви пробува нешто да постигне, океј нека прави што сака. Ама МОЈОТ труд да го земе како свој, е тоа не може да му остане така. Мораш да се бориш за своето место и на факултет и дома и во општеството воопшто. И не е непотребно нервирање тоа, ако се расправаш со него. Јас на твое место, следен пат кога би пробал да ми се замеша во мојот труд, би му рекла нешто како, кој си бе ти да одлучуваш како ќе биде? Јас не сум рамноправен на тебе, па да смеам и јас да донесам одлука наместо сите, како тебе? Епа, јас сакам вака да биде. И немаш право да го смениш тоа, како што имаше за многу други работи што ти ги допуштив. Вака ќе биде и точка. И кога ќе презентира тешко дека јас би била само држач на хамер, што се вика, туку и јас би се вмешала во презентирањето. Немој да дозволиш да те газат. По никоја цена.

Епа вака: На училиште имам 3 единици, и најлошо е тоа што никако не можам да ги поправам, не ми се седнува да учам ама воопшто! Незнам дали заради тоа или некои си др причини почнав премногу да пушам цигари (и понекогаш марихуана)... а и скоро секој петок и сабота се опијанував... дури и неколку пати бев однесен на брза помош. Пред еден месец моиве ми забранија да излегувам се додека не ги поправам единиците... и додека да намалам со алхохолот ( а цигари и марихуана воопшто и незнаат дека пушам, а се плашам што ќе биди ако дознаат)... И вака целосно се чувствувам како во затвор. На училиште ме носи татко ми, исто така и ме пречекува (другариве веќе почнаат и ме зафркаваат)...значи не можам да мрднам! Само понекогаш во петок и сабота ме пуштаат да излегувам со една братучеда која е 2 години повозрасна од мене, али не е то то кога некој ќе те варди секоја минута! А пошто сум голем инает... вака никогаш нема да поправам ни единици ни ништо... Размислувам да избегам од дома, само незнам каде би отишол!
Чекај, а ти ни малку не мислиш дека твоите родители имаат право да те казнат поради недоличното однесување? И самиот рече, се прашуваш што ќе биде ако дознаат дека пушиш цигари и марихуана. Ти не се чувствуваш виновно поради тоа, што правиш казниви работи? Добро, не сакам да звучам како тетка, да те критикувам ко да не знам каде живееме, знам дека веќе скоро секој втор консумира марихуана, ама јас сум против тоа. И да пробаш, океј е. Ама често да го правиш, знаеш. Вака. Јас сум против стереотипи и сите тие работи што општеството ги смета за правилни, а не се. Значи мислам дека тоа што е правилно, а што не е, повеќе треба индивидуално да си одлучуваме, и каде ќе ни биде границата за нашите постапки. Ама, сепак не може баш се да биде така ние како што ќе решиме, освен ако не решиме да живееме во некоја шума или некаде кај што нема луѓе и нема кој да ни суди, тогаш можеме да правиме што сакаме, зашто во спротивно, во цивилизираното општество се поставени некои закони со цел да има некој ред, да можат сите индивидуалци да се вклопат во заедничкиот свет. И нели, ако не се почитуваат тие закони и не само законите, туку и непишаните правила, следат санкции и казни. Не мора ти да направиш кривично дело за општеството да престане да те смета за нормален член. Ако се шеташ гол по улица, нормално нели нема да те сметаат за 'нормален'. Добро, поентата од муабетот ми беше дека општеството има свои критериуми за оценување на постапките на луѓето. Затоа да речеме, во школо има скала на оценки, од 1 до 5. И нели, повеќето луѓе ги преферираат оние со добар успех. Значи тоа е ДОБРО, според општеството. Ако ти правиш спротивно на она што се смета за добро, значи според некои не си добар. И мислам дека го знаеш тоа, штом живееш во цивилизирано општество, знаеш што се очекува од тебе и како би реагирале луѓето кога ќе слушнат дека си ваков или онаков. Ама, не е само поентата во тоа што ќе кажат ЛУЃЕТО. Поента има и во тоа како се гледаш ТИ себеси. Дали ти мислиш дека имаш доволно интелигенција за да завршиш добро школо, и да си доволно способен да најдеш добра работа, со добра плата, да можеш да си овозможиш пристоен стан, пристојно семејство? Зашто не вреди да живееш само за моментот. Океј сеа не ти се учи. Ама за некоја година коа ќе бараш работа никој нема да има разбирање за твојата желба за безделничење. Пак не сакам да звучам како тетка што ти соли памет, зашто не сум тоа, не ни сакам да бидам. Сакам да ти укажам дека ти самиот треба да оцениш дека не е добро да имаш единици, дека тоа ќе те чини нешто понатаму. Самиот треба да увидиш дека консумирањето цигари или марихуана или алкохол нема ни еден проблем да ти решат, нема ништо да постигнеш со тоа, нема да те однесат подалеку од тоа каде што си сега. Ќе ти дадат можеби моментално уживање, тоа е неоспорно, ама нема да ти помогнат да успееш, ако воопшто имаш било каква желба за успех. Немаш соништа, немаш цели? Не се стремиш кон нешто? Не би сакал да постигнеш нешто? Тоа е прашање на твојот личен критериум за успех. Треба да си размислиш околу ова малце.
И, поентата на твоите родители не е да те казнуваат за они да постигнат нешто, не го прават тоа ради лична сатисфакција. Целта на воспитувањето со вакви или онакви методи е да те обучат да станеш самостојна индивидуа, способна да живее сама во општеството. Значи сакаат да те научат што треба а што не треба да правиш во ова општество, за да ти помогнат на ТЕБЕ во иднина. И не можеш цел живот да живееш од ден за ден, и да очекуваш цело време твоите да те воспитуваат, и ти ни еднаш да не видиш што е поентата во воспитувањето. Треба да научиш, сам да оцениш што е добро, што не. И претпоставувам дека штом имаш единици и ги правиш тие работи што ги правиш, го сметаш школото за мачење, за досада. Ја гледаш ли поентата во сето тоа? Способен ли си САМ да видиш што е поентата на работите кои според критериумот на општеството се корисни?

прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.
За вака да се чувствуваш мора нешто да ти се случило. Штом викаш во последно време, значи откако нешто биднало, ти си почнала вака да се чувствуваш и да ги правиш овие работи. И тоа нешто, многу ти влијаело на самодовербата, зашто знам од лично искуство дека без причина не може да се прават љубоморни сцени и да се мисли дека не не сакаат, така од никаде. Размисли си дали тоа што ти се случило е сварно толку значајно и вредно за ти да ја жртвуваш својата самодоверба? И да, можеш да посетиш психолог, психијатарот не е за здрави луѓе. За на државен психолог ќе ти треба упат од матичен, а не знам како стоиш со матичниот, дали би им кажал на твоите за тоа. Сакам да кажам дека не мораш да им кажеш на твоите, ама ако има шанса матичниот да им каже, подобро збори првин со нив. И кажи им генерално што ти се случува, и потенцирај дека психлогот е за ЗДРАВИ луѓе, што имаат општи секојдневни проблеми за да не те сфатат погрешно па да мислат дека нешто си изводиш за да привлечеш внимание. И не е ништо страшно, обичен муабет си правиш, фино ќе те распраша и гледај да бидеш најотворена и најискрена што можеш, зашто во спротивно нема да може да ти помогне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom