прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.