Peacefully
Треба да најдеш начин како да го отераш тој страв од друштво. Обиди се во помали групи да искачаш (од 2-3ца) па со тек на време прошири го кругот на пријателство. Не можеш во даден момент да си кажеш вака и вака ќе биде и така да испадне. Обиди се, но не поставувај си неосвоиви цели. За интернетот немаш некој аир освен да се договориш со пријатели за излез. Затоа пробај организирај си го времето, оди почесто надвор, мешај се у друштво, истражувај. Верувај, сите ние истражуваме. Пример искачам ја у друштво и има некогаш коа не ме засега да учествувам у муабет. Но тоа не мора да значи дека целосно седам од страна и молчам. Анализите на личности од страна понекогаш ти нудат помалку болни одговори. Ќе си најдеш некое добро друштво каде подоцна ќе се отвориш. За девојка исто важи. Истражувај, гледај како се однесуваат девојчињата во друштво, После полека пројави интерес. Со среќа.
Scream 94.
Имаш 17 години. Сосема разбирливо од таквиот страв бидејќи сепак се впушташ на нешто ново. Ако овој дечко што го имаш ти е прв, тогаш уште повеќе е оправдано твоето однесување. Но.... Обиди се нешто да смениш. Ако гледаш дека веќе не оди така, дека заглавуваш се` повеќе во калта на индиферентноста (тоа отпосле ќе си дојде), подобро на време смени го малку пристапот кон нештата. Секогаш се добредојдени промените а се започнуваат од малите нешта - за да биде полесно приспособувањето во новиот начин на живот. Пробај малку со дечкото да оладиш (многу тежок но битен чекор), замени го својот распоред на денот (ако си во состојба), смени локација на излегување, начин на облекување, музика. И не очекувај ништо. Туку сконцентрирај се на патешествието.
И тебе ти посакувам среќа.