Кајгана психолог

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.149
Поени од реакции
16.086
Da recese samo budala,ke ti prostev,ali ova obicna me trogna dlaboko,duri i vo budalastinite sum obicen:(:(:(:((:)pipi:

Цццц, и сеа Викси, не ми простуваш? :( Ме засекира, најозбилно :pos2::pos2:, али ај, до после ќе ти помине :pipi:

И 17:18, a? Другпат не се мачам, кога не спиеш :):):)
 
S

StormRage

Гостин
Ај да барам и ја помош... иако никогаш не вервев дека ќе ми требит ама последниве 3-4 месеци ми се хаос... претерано многу обврски (не знам од кај да почнам), се осеќам мноогу депресивен, несреќен за разлика од досега шо нон стоп бев позитивен и насмеан дури кога ми беше најлошо знаев да се смеам, сега е друго... Баксуз, шо да почнам морат да пропаднит (то било одсекогаш така ама во последно се со ред почна така) никако да трнат некој работи, немам никоја крај мене и не можам да најдам. Претерано големи разочарувања на секој чекор, одам по пат и се вртам кој од каде ќе ми го нашибат. Почнав да се пикам сегде во друштво да ми е поинтересно а сепак се осеќам ко персона нон грата, излегвам навечер викенд, одам да пијам едно кафе и да пушам цела кутија и ќе ме зафатат некој нервози и нон стоп некој ми фали на цел муабет... Ми се десиле многу работи ама ова не се трпит... обично ко ќе имав вакви глупости се дешаваше една добра забава со саглам пиење и се врвеше, а сега да го напрам то сум уште полошо. Не знам шо се дешават ама претерано самоубиствено се осеќам (ок само на збор :) ) едноставно ко да не знам кај ми е крајот, шо ќе бидит со мене, шо понатака и многу пати ќе застанам и ќе се замислам : Кај ја посрав упм?! и цело време со таа мисла... било било ама ова не...
 
Р

~~РубинРед~~

Aко читаш низ темава не си единствен со таков проблем.Богами и јас бев таква депресивна пред некој ден и побарав совет овде.По неколкуте совети кои ми ги делеа јас сфатив дека ништо не е вредно да се замараш.Животот е преубав за да се преоптоваруваш со мали ситници.Знам дека не е секогаш розево околу нас,и овие периоди се стандардна појава кај секој млад човек а богами и кај постар,и може да доведе до полошо.
Мора да ја најдеш причината за тоа чуство во тебе,мора да рaзговараш со најблиските и да се обратиш кај стручно лице доколку и понатаму продолжи да ти се случува истото.Ако е на подолг период тогаш навистина е проблем.
Не ми е јасно зошто се обидуваш сето тоа да го решиш со алкохол?И самиот велиш дека повеке не е тоа тоа нели?монотоност те убива,а можно е и друштвото да не ти одговара.Гледам имаш 18 години,па ти енос ке почнеш да ги учиш лекциите кои ти ги носи животот.Цел живот е пред тебе.
Најди нешто што ке те исполнува,дружи се со некој кој ти оговара на карактерот,кога ке видат позитивна личност во тебе ке видиш дека полесно ке си најдеш и некое рипче :pipi:
 
да голем дел си во право... алхохолот ми е само изговор да речам,амааа сепак, бев позитивен му помагав секого и уште помагам. Никого никогаш вкал не сум го остајл ае и воопшто за тие девојките шо ми се свиѓаат и планирам нешто, секогаш помагам, а ево како ми се враќа... еден период си реков дај ќе се понашам ко стока (ко сите останати шо ги гледам) е тогаш никој не ме ни погледна (ок освен другарите ама не е то то...) и едноставно и сам гледам колкавав баксуз сум...

--- надополнето ---

Се ми се чини дека ја знам и причината... ама не сум сигурен за да обвинам некого...

Врти сучи никако не испага нели?Биди добар со тие што стварно заслужуват,а не со сите,зошто кај и да е ке те разочаруваат.
Батали алкохолот тоа ништо не решава.И доколку ја знаеш причината елиминирај ја не дозволувај да те мачи уште долго време.Ако е некој друг виновен среди ги проблемите со таа личност.А така и проблемот ке го средиш.
 
V

Viktor g

Гостин
Ај да барам и ја помош... иако никогаш не вервев дека ќе ми требит ама последниве 3-4 месеци ми се хаос... претерано многу обврски (не знам од кај да почнам), се осеќам мноогу депресивен, несреќен за разлика од досега шо нон стоп бев позитивен и насмеан дури кога ми беше најлошо знаев да се смеам, сега е друго... Баксуз, шо да почнам морат да пропаднит (то било одсекогаш така ама во последно се со ред почна така) никако да трнат некој работи, немам никоја крај мене и не можам да најдам. Претерано големи разочарувања на секој чекор, одам по пат и се вртам кој од каде ќе ми го нашибат. Почнав да се пикам сегде во друштво да ми е поинтересно а сепак се осеќам ко персона нон грата, излегвам навечер викенд, одам да пијам едно кафе и да пушам цела кутија и ќе ме зафатат некој нервози и нон стоп некој ми фали на цел муабет... Ми се десиле многу работи ама ова не се трпит... обично ко ќе имав вакви глупости се дешаваше една добра забава со саглам пиење и се врвеше, а сега да го напрам то сум уште полошо. Не знам шо се дешават ама претерано самоубиствено се осеќам (ок само на збор :) ) едноставно ко да не знам кај ми е крајот, шо ќе бидит со мене, шо понатака и многу пати ќе застанам и ќе се замислам : Кај ја посрав упм?! и цело време со таа мисла... било било ама ова не...
Додека го читав ова во некој дел го опфаќаш и мојот случај... тоа е и јас сеуште не гледам светлина на крајот од тунелот се повеќе откривам какви се луѓето кои ме опкружуват и секогаш велам ќе се променам , но тоа е најтешкиот дел нели ? Остави друштво ова или она и најди нешто што те исполнува на пример јас почнав да пишувам и веќе не ми е ни грижа можам да шетам сам да акам по било кој кафичи , дискотеки.. По пат може ќе најдам нешто ново ќе се зпознам со нови луѓе и ќе ми опомине депресијата. Може звучи ко клише ама стварно она што е твое ќе си дојде буквално се наоѓам во ова Сите можеме да учиме од приказните сепак народната мудрост навистина содржи некој одговори
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Ај да барам и ја помош... иако никогаш не вервев дека ќе ми требит ама последниве 3-4 месеци ми се хаос... претерано многу обврски (не знам од кај да почнам), се осеќам мноогу депресивен, несреќен за разлика од досега шо нон стоп бев позитивен и насмеан дури кога ми беше најлошо знаев да се смеам, сега е друго... Баксуз, шо да почнам морат да пропаднит (то било одсекогаш така ама во последно се со ред почна така) никако да трнат некој работи, немам никоја крај мене и не можам да најдам. Претерано големи разочарувања на секој чекор, одам по пат и се вртам кој од каде ќе ми го нашибат. Почнав да се пикам сегде во друштво да ми е поинтересно а сепак се осеќам ко персона нон грата, излегвам навечер викенд, одам да пијам едно кафе и да пушам цела кутија и ќе ме зафатат некој нервози и нон стоп некој ми фали на цел муабет... Ми се десиле многу работи ама ова не се трпит... обично ко ќе имав вакви глупости се дешаваше една добра забава со саглам пиење и се врвеше, а сега да го напрам то сум уште полошо. Не знам шо се дешават ама претерано самоубиствено се осеќам (ок само на збор :) ) едноставно ко да не знам кај ми е крајот, шо ќе бидит со мене, шо понатака и многу пати ќе застанам и ќе се замислам : Кај ја посрав упм?! и цело време со таа мисла... било било ама ова не...
Глеј го " The Secret " че се мотивираш
 
S

StormRage

Гостин
И на крај... ми се десија позитивни работи шо апла бев среќен, и сепак ко се завртив малку видов дека и то беше џабе... кај шо стигнав, кој шо најде ме заебаа сите... шо ќе беше ова не знам...
 
Член од
26 април 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Здраво имам проблем со наметливи и премногу истакнати личности.

За што се работи.На факултет работиме во група на еден проект.И секој си има по некоја функција.Мене ми се погоди фина функција и супер ми оди.Но имаме лидер што ни се наметна без да гласаме или без некои посебни критериуми да бидат земени во предвид.Сега лидерот се вивна во облаци и сака се да сработи и се што другите ќе направат имам впечаток дека не го цени доволно и сака секаде да ги вмеша прстите и да преработи и измени во поголемиот дел од оделните задачи.Тоа многу ме нервира, поради тоа што лидерот нема поголема компетентност пред нас останатите членови поради тоа што сме сите студенти, со горе доле исто ниво на знаење, искуство и интелигенција.

Е сега сакам да ве прашам следново.Во вршењето на последната задача од моја страна односно во вршењето на мојата функција се вмеша пак и неможев да издржам и му препуштив се.Тоа го направив за да не се нервирам непотребно поради тоа што нема да добијам ништо освен нервози.Ама незнам дали тоа е добро за во иднина кога ќе треба да се борам за своите одговорности.Дали според вас треба да се борам до крај за својот дел или пак едноставно рано ми е да се нервирам за овие глупави проблеми?Благодарам однапред.Поздрав
 
Utopian

Neporazen
Член од
2 април 2011
Мислења
47
Поени од реакции
33

Macedonian, лицето кое се обидело да с енаметне во вашата група како лидер на проектот и да раководи со целокупната работа, а притоа да не биде избран односно предложен од другите членови се чувствува дека може да направи повеќе од вас. Тоа , што тој го прави е симптом на гледање на другите од повисоко ниво. Тој се смета за поспособен од сите вие , а друга од причините која го натерала да тој с еоднесува така, потсвесно, е тоа што тој потоа со вашиот заеднички труд ќе сака да се претстави пред надлежнио, како заслужен за поголем дел од работата.
Она што мене ме буни тука е тоа што вие сите премолчиувате. Тоа е заедничќки проект а не негов. Тука треба да бидат идеите на сите кои учествуваат а не само она што него му с едопаѓа. Доколку вие не сте го смениле досега, и не го смените, а не ви се допаѓа, морам да речам дека не сте доволно храбри за да ги браните своите потреби. Друго ми беше муабетот. Сакам да ти кажам дека тој, како лидер кога веќе с епоставил и вие неможете да го смените, нема право, ниту заслуга да ги менува сите ваши идеји и заедничкиот проект да го направи негов. Тука, вие како членови на групата, би требалод а застаните цврсто зад своите идеи за добра реализација на проектот. ВО случајов поконкретно ти, доколку си сигурен дека твојата идеја е онаа вистинската за успешен продукт, тогаш ти и ќе ја реализираш онака како што ти си замислил. Околу твоето второ прашање, па дечко бе. НЕ откажувајсе од нешто што го сакаш. Верувај дека и да не успееш и да е твојата идеја лоша и да проектот испадни недоволно добар, верувај дека доколку го направиш она што си го замислил ќе се чувствуваш полесно. Ќе се чувствуваш исполнет затоа што на проектот ќе стои врежана твојата имгинација. Не се предавај така лесно , нема да ги изгубиш нервите од еден обичен проект. Напротив, продолжи и упорно настојувај да твојата замисла биде остварена затоа што повторувам, овој проект е заеднички и тука треба сите да учествувате со свое нешто, а не д аучествува само лидерот, користејќи ги вашите идеи, само изменети по негов вкус. Имај малку повеќе гордост.
Се надевам дека ова ќе ти помогне до некаде. Поздрав.
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Здраво!
Се наоѓам во многу тешка состојба.Немам пријатели,немам девојка(тоа и не ме потресува многу) но сакам да кажам немам некој кој се грижи за мене,немам близок пријател со кој можам да споделам радости и тага,немам со кого да излезам,да отидам на кафе,да позборувам.По цел ден висам на интернет и мразам што тоа е така...но што ми преостанува друго? Најтрагично е што незнам моабет да направам,како да оглупев,како да полудев.Порано стално се дружев,имав многу пријатели и не сум навикнат на ваков осамен живот.Односно веќе се навикнав бидејки така е веќе две години.Си помислив чим никој несака да ми биде пријател мора да е во мене вината,но никого ниту сум му сторил лошо ниту сум имал лоши мисли.Одсекогаш сум се жртвувал за пријателите.Се плашам за мојата иднина затоа што осеќам дека полека згаснувам...едноставно немам сили повеќе.Тажен сум и очаен,потребен ми е пријател со кој можам да споделувам моменти.Незнам што да направам.Колку пати ке излезам едвај ке се договорам со некого и не сум тој истиот,ќутам повлечен сум,како да заборавив да живеам.Не очекувам дека некако може да ми се помогне само сакав да се испукам некаде.
 
T

Tetro

Светот е суров, пријателе. Немој да бидеш тажен, пуштај некое филмче (некоја комедија глупа) и да се изнасмееш квалитетно оваа вечер. Утре да станеш рано сабајле и да се изнатрчаш некаде во природа.
Би ти дал еден предлог, доколку имаш можност и услови за чување, земи си кученце и да му се радуваш како расте. Со текот на времето ќе си најдеш вистински пријатели, па и девојка, само верувај дека ќе успееш во тоа... Избегнувај да пиеш кафе некој период, и јади повеќе зелени салати. :)
И смеј се почесто.

И ако имаш повеќе за кажување, повели, тука се кајганџиите за мислење плус.
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Сум пробал се...спортувам,трчам секој ден за да исфрлам енергија ама не помага,добра ти беше идеата за кучето,ќе пробам :) нема шо да кажам друго,се трудам да го средам овој психолошки немир во главата но никако не ми успева. Фала за советите :)
 
С

сашенко

Гостин
Здраво!
Се наоѓам во многу тешка состојба.Немам пријатели,немам девојка(тоа и не ме потресува многу) но сакам да кажам немам некој кој се грижи за мене,немам близок пријател со кој можам да споделам радости и тага,немам со кого да излезам,да отидам на кафе,да позборувам.По цел ден висам на интернет и мразам што тоа е така...но што ми преостанува друго? Најтрагично е што незнам моабет да направам,како да оглупев,како да полудев.Порано стално се дружев,имав многу пријатели и не сум навикнат на ваков осамен живот.Односно веќе се навикнав бидејки така е веќе две години.Си помислив чим никој несака да ми биде пријател мора да е во мене вината,но никого ниту сум му сторил лошо ниту сум имал лоши мисли.Одсекогаш сум се жртвувал за пријателите.Се плашам за мојата иднина затоа што осеќам дека полека згаснувам...едноставно немам сили повеќе.Тажен сум и очаен,потребен ми е пријател со кој можам да споделувам моменти.Незнам што да направам.Колку пати ке излезам едвај ке се договорам со некого и не сум тој истиот,ќутам повлечен сум,како да заборавив да живеам.Не очекувам дека некако може да ми се помогне само сакав да се испукам некаде.
Кај си за кафе од понеделник?Голем курац ако немаш пријатели ние да не сме нешто посебно, милиони да не ги имаме? У ова време е тешко да имаш пријател...искрено.И јас бе брат едно време ги имав мноогу, ама времињата се сменија.И јас останав на нула, па почнав пак малце по малце и се вратив во нормала.Ако едно нешто ти е потребно сега тоа е ДА ПОЧНЕШ.А нема подобар момент од сега.НЕ се мисли многу.Нема филозофирање, немој да се замараш едноставно мисли позитивно и не се замарај со вакви работи.Нема потреба од очајување.Прифати се таков каков што си и терај и не се срами од никого.Ретки се луѓето кои ке ги препознаат нашите вистиснки вредности и ке не сакаат поради тоа.Дури и моите најдобри другари не го гледаат во мене тоа што сакам да го видам туку по нешто друго ме ценат.Биди сигурен ако почнеш да излегуваш ке најдеш другаро, и ке те ценат секој по нешто различно.Ама ти сигурно имаш квалитет и ке ги најдеш тие луѓе.Еве јас ти нудам на кафе некој ден или на пиво и така стоплува времево.Ти треба само воља ништо друго.И реалност а не интернет..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom