:helou: како за почеток.
Значи решив после големо размислување да побарам помош.
По природа сум темпераментна и дружељубива девојка,излегувам имам голем круг на пријатели.Обожавана сум во друштвото,сите ме бараат за помош а јас без размислување им помагам.Ми имааат зборувано многу пати дека сум атрактивна и згодна девојка која знае што сака(да не се фалам).Имам голема смисла за хумор.
Проблемот е тоа што и јас незнам што се случува со оние кои ми се допагаат.Некој ко да ми има фрлено магија врз мене и да сум несрекна толку многу време.Незнам веке што зборувам од нервоза.
Се случува да пронајдам тип каков што сакам.Се си е во ред,муабети,смеи заебанции...Кога одеднаж се оладува типот кон мене,ко да сум се однесувала лошо...како да сум го третирала на најлош можен начин а јас сум само фина со сите,не се карам и на крај секогаш попуштам.
Има периоди кога се губи типот и не му обрнувам внимание и оп-пак се појавува а јас срекна ко мало дете на кое му имаат купено лижавче.
Настануваат проблеми подоцна и по втор и по трет пат.Завршувам со тој тип.
Во мегувреме се појавува друга особа која ми е многу мила и многу брзо се заљубив во таа личност.На почетокот се беше одлично.Но во последно време забележав дека и тој почнува да оладува кон мене.
Што е проблемот?дали е до мене или до нив.....
Се трудам да го решавам проблемот на сите можни начини но не успевам.Тешко иде и пагам во депресија,а сите ме знаат ко весела и секогаш насмеана девојка која шири наоколу позитива.
Со училиште сосема попуштив...сите ме прашуват што се случува а најлошо е што и јас не знам што да им одговорам.
Кога се обидам да се искажам на некој начин ми велаат батали...а самите ми понудуваат помош.
Првиот се уште ми недостига мора да признаам...
Веке од овие проблеми главата не можам да ја кренам.
Ке ве молам за помош.
Благодарам однапред:smir:
--- надополнето ---
Брат...мој искрен совет.
Остави компјутер и интернет ко прво барем 1 Недела.
Ко второ излези барем до комшии,прави нешто...било што,не мора да работиш...
Слушај музика,трчај,пешачи...цртај и пишувај...може и тоа
Ке видиш дека ке се осетиш ко препороден...
Лутината ке помине.
Ти го кажувам ова бидејки јас така сторив и верувај подобро ке се осекаш.
:smir: