Pravnice
The Don
- Член од
- 15 ноември 2007
- Мислења
- 2.462
- Поени од реакции
- 1.433
Толку17 имам и јас
И мислам дека не можам да се доверам така на никого. Немам проблем со доверба, верувам на многу луѓе, но со сите постои одредена граница, ако можам да кажам штит. Имам чувство дека ако се отворам кон некого повеќе, можеби нема да ме разбере на вистинскиот начин или ќе ме повреди без да сака.
Се научив да живеам "сама" опкружена со многу луѓе и не е толку лошо, само секогаш постои таа потреба од некого![]()
НИшто не ти е.Потреба да имаш некој за поддршка , за доверба ,за муабет да делите моменти е нешто што сметам дека се наоѓа длабоко во битието на секој човек. Но како велат без ризик нема добивка, пробај гледај на работите позитивно и пооптимистички. Пробај да им веруваш на луѓето , инаку зашто они би ти верувале на тебе. Биди храбра и отвори се. Ќе видиш колку среќна и задоволна ќе бидеш! Ќе бидеш мног у силна кога ќе имаш класична најдобра другарка или другар или дечко . Многу е тешко да си сам на светов!!!