Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
машко сум и имам 21 година (значи не сум тинејџер) и имам голем проблем

Дали чувствуваш потиштеност и непријатност во останатите социјални интеракции ? (дали се срамиш да збориш со други луѓе, луѓе што не ги знаеш итн...)
 
машко сум и имам 21 година (значи не сум тинејџер) и имам голем проблем

Дете не си набивај фрустрации без врска ти си младо момче и сигурно си симпатично. Колку поголеми ти се очекувањата толку е поголемо разочарувањето. Затоа немој да очекуваш од никого нешто премногу. За почеток направи си една самоанализа за тебе како личност, што сакаш, што очекуваш од самиот себе, кои се твоите цели во животот,а потоа анализирај ги своите постапки во однос на другите каква ти е интеракцијата, комуникацијата, со тие што контактираш. Направи и анализа на другарите што е позитивно, а што негативно, што тие сакаат, а што не.Кои се твоите интереси и интерсите на твоето друштво. Дали се пронаоѓаш себеси во веќе постоечкото друштво.
Зошто проблемот не го довериш на некој што ти е близок?

Знам дека е глупаво да ти се даваат совети на форумов бидејќи има и други прашања кои треба да ти се постават но не вака јавно.

доколку нашиве совети не ги сметаш за корисни тогаш подобро е да се советуваш со стручно лице, тоа не е срамно. Верувам дека ќе ти помогне.
 
не знам кој е проблемот::::: Досега никој не ме има викнато за ништо, ни за излегување ни за ништо. Другарка која се дружам цел живот не и текнува на мене ич. Не ме има побарано да се видиме освен ако јас не ја побарам. така е ио со сите. Сите ме фалат дека сум добар, супер, кул но на никого не му има текнато да ме праша како сум, што сум, дали сум жива, а камо ли да ме побара да излезиме да се видиме, да се напиеме едно кафе заедно. ужас:toe::toe:

ПОМОШ!!!!!!!!!!

За да добиеме поконкретна слика треба да одговориш на неколку прашања:

1) Кое е твоето мислење зашто немаш друштво и никој не те вика?

Имаш ли одредени индиции која би можела да биде причината? Ако да кои се тие индиции?

2) Дали има нешто по кое евидентно се разликуваш од твоите врсници.

а) Физички разлики
б) Емоционални или духовни разлики

3) Каков е твојот живот? Претежно пасивен со седење дома или активен со излегувања и спорт?

4) Како и каде воспоставуваш контакти. Какви се контактите во школо, факултет итн.

5) Колку си зависен од родителите а колку независно ги донесуваш соспствените одлуки. Има ли некој родител кој има доминантна улога во твојот развиток и воспитување?

6) Дали си среќен и дали имаш проблеми со семејството?

Ако одговориш на прашањава можеби ќе биде полесно да лоцираме кои би биле причините за твојот проблем :smir:.
 
Одговори

1. Моето мислење зошто немам друштво по мое мислење е дека сум слаб во комуникацијата

2. Нема ништо со што се разликувам од моите врсници освен излегувањата по кафичи што ретко излегувам зошто немам со кого а и слабо се стои со пари

3. мојот живот е претежно пасивен со седење дома 60 проценти од вемето и возење со велосипед и сл сам

4. Контакти воспоставувам на секаде. а моите контакти на факс се само на здраво, и дај ми материјали за учење

5. Со обзир на тоа дека сум студент сам си ги донесувам одлуките и никој нема доминантна улога во мојот живот

6. проблеми со семејството немам а срекен сум само на моменти кога ке ми се случи нешто убаво (кога ке успеам да успеам во нешто што го сакам

И има ли спас за мене?????:toe:
 
Не ти ги поставив јас прашањата, ама се надевам нема да пречи што ќе ти кажам мој став.

Ете и сам можеш да забележиш и знаеш сам дека имаш проблем со комуникација.
Почни да работиш врз тој проблем.
Има многу книги(а верувам дека ќе најдеш и на нетов нешто) како да си ја подобриш комуникацијата, да го надминеш срамот и сл.
Излегувај почесто,не мора да биде тоа во кафич, парк е супер место за дружење со колеги, не мора да седиш 60% од времето дома.
Со колегите почнувај разговор на други теми освен факултет.
Прашувај ги кај биле викендот, како си поминале, понуди да одите на кафе цела група(или поголем дел од групата)....
(Барем вака почнувавме ние да се здружуваме на почеток на година кога некој со никој не се знаеше.)
Не мора да се доверуваш или да ти се доверуваат одма, ама со тек на време ќе станеш близок со некои личности...

Велиш дека си среќен САМО кога ќе ти се случат некои убави работи..Па научи да се радуваш на ситни работи, уживај во сите моменти, биди позитивен..
Разговарај со луѓето, не чекај некој прв да ти почне муабет зашто така може никој па и да не ти пријде..
Треси глупости, кажувај смешки..таквите луѓе сите ги сакаат и брзо стекнуваат пријатели...

Не очекувај некој веднаш да ти стане пријател.
Пријателството се гради со години, довербата исто..

И немој да се откажуваш од себе и целта која си ја поставил пред себе..Биди упорен, труди се ако нешто сакаш да добиеш..
 
фала брат до некаде ми помогнаа твоите совети
 
Одговори

1. Моето мислење зошто немам друштво по мое мислење е дека сум слаб во комуникацијата

2. Нема ништо со што се разликувам од моите врсници освен излегувањата по кафичи што ретко излегувам зошто немам со кого а и слабо се стои со пари

3. мојот живот е претежно пасивен со седење дома 60 проценти од вемето и возење со велосипед и сл сам

4. Контакти воспоставувам на секаде. а моите контакти на факс се само на здраво, и дај ми материјали за учење

5. Со обзир на тоа дека сум студент сам си ги донесувам одлуките и никој нема доминантна улога во мојот живот

6. проблеми со семејството немам а срекен сум само на моменти кога ке ми се случи нешто убаво (кога ке успеам да успеам во нешто што го сакам

И има ли спас за мене?????:toe:
Епа дечко што мислиш ти дека другиве што ти давале совети поминуваат повеќе од 40% од слободното време надвор пошто рече дека 60% од слободното време си седел дома, сосема си нормален, и немој да си набиваш комплекси безвезе, такви се социјалните услови во Македонија, немаш пари? а што мислиш дека другава младина има пари? Не! никој нема пари затоа сите претежно си седат дома пред компјутер е вака на форум чит чат тоа е најефтино место за да си комуницираш и да се дружиш, а и неможеш постојано да излегуваш по забави секој има обврски учење, работа и сл. поздрав од мене и кулирај си зошто не ти фали ништо во животот:smir:
 
Вака да ти кажам,јас мислам дек прво треба да поработиш на самодовербата.Верувај дека поголемата самодоверба ке ти го промени животот.Тоа не можеш да го добиеш преку вечер ама потрди се,свати дека навистина вредиш.Човекот треба да се цени самиот себеси за да го ценат и другите.Биди кул и не се срами толку мислам дека и тука ти е проблемот,ама не треба и а си претерано досаден па да изгледаш очајно за друштво.Пробај да ја поигнеш самодовербата ке си дојдат работите на свое место(veruvaj mi)
 
Најнормален тинејџер бара плавуша која.. чек грешка форум :D
Нормален тинејџер, прилично стабилен на сите полиња, комплетна фамилија со некои одвреме навреме дефулт проблеми, друштво без мани, женска, финансиски супер снабдено кој наоѓа сатисфакција и некакво исполнување во деградирање на други. Не само форумски ориентирано. Настојува да се покажува супериорен над сите иако во повеќето случаи и не е така.
Погоре напишаното само за некој баланс дека навидум се' e прилично супер.
На што се должи оваа моја горчлива особина од квази-комедичниот карактер?

Релативно одамна си го пишал проблемов, ама гледам уште го имаш.:) Види, секој човек има a thing, објект на кој ја насочува својата деструктивност и негативна енергија. Во разни периоди, the thing changes. Најлоша варијанта е кога тоа е човек. Значи, може да се работи за човековата природа, али може да се работи и за фрустрација заради некојаси разочараност од луѓето.
Спортуваш? Бави се со некоја тешка физичка активност секојдневно и секако употребувај и други смирувачки средства како музика.
Ова ти го кажувам од лично искуство. Откако почнав да скапувам дома учејќи и фрустрирајќи се како ќе стигнам се` да поминам, почнав да сакам да тепам луѓе, блиски луѓе што инаку ги сакам.

zmija12 требало да се освести на 12, а не на 21, така што не коментирам. Освестувањето е самодоживување и само сам може да се справи со средување на својот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Имам проблем.
Многу сум грд, а сите женски ме сакаат, чаре?
Сериозен сум.
 
Имам проблем.
Многу сум грд, а сите женски ме сакаат, чаре?
Сериозен сум.
Сигурно гледаат нешто убаво кај тебе, што ти не го гледаш. Богат си, моќен, многу паметен, помагаш, добра смисла за хумор, добро друштво си, позитивен си?? На некое од овие многу жени паѓаат.А убавината е релативна работа. За вкусовите не се разговара.
Проблем ти е што си си грд?
 
POMOSSSSSSSSSS. ima edna devojka koja e malce poveke polnicka i me saka uste od osnovno.Iskreno me saka i mozam da zamislam kako i e a jas ja nejcam.Sekogas ja odbivam i neznam sto da pravam.moze nekoja pomos?
 
Според мене треба да и речеш да позборувате на само, муабет да направите. Ќе и кажеш дека знаеш како се чувствува, но дека не ја сакаш и би било погрешно да бидете заедно бидејќи нема ни она, а ни ти да бидете среќни. Речи и дека навистина ти е жал и ќе најде некој друг. Направи го тоа на најбезболен начин да не ја повредиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom