Зошто фрлате пари во приватните факултети?

Зошто фрлате пари за приватни факултети?

  • Не знаев дека мојот приватен факултет не е акредитиран

    Гласови: 1 3,4%
  • Ме излажаа дека е акредитиран и дека дипломата ми се признава

    Гласови: 7 24,1%
  • Не ми е гајле каков е таков е

    Гласови: 21 72,4%

  • Вкупно гласачи
    29

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Подобро би било темата да гласи "Зошто воопшто фрлате пари за факултет"?

И со приватен, и со државен, пак ќе работите за плата колку некој со средно.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265

хмм... обично повозрасни им укажуваат на помладите на некои вредности во животот меѓу кои спаѓа и образованието...

али ако одиме така еве јас ќе отворам тема „Зошто задолжително основно?“
 
H

Hercules

Гостин
Подобро би било темата да гласи "Зошто воопшто фрлате пари за факултет"?

И со приватен, и со државен, пак ќе работите за плата колку некој со средно.
Така е во некои случаи, а има и некои што стварно си земаат добри плати... Но, да не навлегуваме толку длабоко...
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
какви се глупости се изначитав, нема ни да пробам да се објаснувам, нит да цитирам, нит ништо. анкетава ШТРЧИ! браво за поставувачот, ептен ја думал! се гледа дека има 2-3 факултети завршено(државни), има добиено многу награди на општински, градски, државни па и меѓународни натпревари од различни полиња, докторат по нуклеарна физика и е откривач на топлата вода воедно.

само ќе кажам, јас сум на приватен, и дипломата е признаена, акредитиран е и што ли уште не!:baeh:
 
На кој факултет си ако не е тајна?
 
P

physician

Го прочитав законот и кажав ЈАСНО И ГЛАСНО ДА ДИПЛОМИТЕ ВИ СЕ ПРИЗНАВАТ И СЕ АКРЕДИТИРАНИ НА СИТЕ ПРИВАТНИ ШТО ГИ ИМА НА ВЕБ СТРАНАТА бидејќи во законот пишува дека не може да се отвори универзитет доколку нема акредитирано определен број факултети на него.

И незнам сега што е проблемот?

Дури и кажав дека за МК услови мислам дека е 1000 пати подобро да се учи на приватен за некои програми од колку на државен.

physician не значи физичар туку нешто друго сосема различно и нема врска со физика, почни да учиш англиски и земи си толковен речник ќе ти стане јасно што е, срамота е основни зборови да не се знаат. Логиката секогаш не помага!

А и да имам учено на државни (и сум крајно задоволен) но не у Македонија, ниту 1 ден немам учено фак во МК

Предлагам темата да не се џвака непотребно повеќе
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
за економски и останати општествени науки, како и информатика и програмирање може да се добие подобра супервизија, ама за останаттите технолошки и природно.
-математички факултети, неможе да има приватни добри, бидејќи таквите студи се многу скапи никој приватен нема профит да ги нуди тие факултети.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
хмм... обично повозрасни им укажуваат на помладите на некои вредности во животот меѓу кои спаѓа и образованието...
Aха, ако сакаш за лична сатисфакција, во муабет на маса кога ќе те прашаат "А ти имаш факултет" да кажеш "Имам бе". Океј, и да бидеш начитан за тебе, ама за тоа не ти треба факултет.

Ајде поглед кон реалноста, како моментално стојат работите:

- Држава со 400.000 невработени (во превод, пазар на трудот преплавен од армија која прифаќа да работи за ниски плати). Од нив, голем дел со високо образование, кои молат за било каква работа, па дури и во маркети, продажни салони...за тоа ли се учи факултет?

- Недоволно работни места (јеби га, не може сите кои завршиле факс да бидат директори, било тоа некогаш, кога сите биле со основно или четврто).

- Ако мислиш да бидеш државен службеник и затоа учиш факултет, знаеш ли според систематизацијата колкава е разликата во плати, и колкави се платите? И не само во државна администрација, и во приватни фирми разликата во плати е минимална. Некој со факултет, зима плата колку некој друг во друга фирма со средно.

Океј, ова не важи за оние 1% кои ќе дипломираат и кои некој ќе ги нагузи директ во фотеља.

За сите други, дипломата е само џокер во ракав, кој можеби никогаш и нема да го искористат, а не е никаква гаранција за убав и комотен живот.

Но, да не се оддалечуваме од темата.

Еј, заборавив и уште нешто - конкуренција од кадар од внатрешноста, кој по секоја цена сака да мигрира во Скопје. На интервју, двајца програмери ги прашуваат: "Ти колку мислиш дека треба да ти е плата" и едниот вика минимум 25.000. Тој од внатрешноста, само колку да се запосли и да остане во Скопје вика: "Па минимум 12.000".

Не ме сфаќајте погрешно, ама за тоа ли учел факултет, да работи за 12.000?
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
physician напиша:
не значи физичар туку нешто друго сосема различно и нема врска со физика, почни да учиш англиски и земи си толковен речник ќе ти стане јасно што е, срамота е основни зборови да не се знаат. Логиката секогаш не помага!
прво, научи да не бидеш буквалиста, нит сум ти го заприметил јузерот нит ме боли како ти е и што значи. го лупнав тоа онака. затоа не мрси муда и не глуми паметен дечко, ок?
едит-кога веќе почна, па зашто не се огласиш за останатите работи? за натпреварите, за топлата вода, за факултетите? или ко слеп за стап се фати за она што тебе највеќе те асоцираше и на твојот јузер? јбг.
 
-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
ни во странство не се признава ниедна диплома од РМ, ни во РМ, не се признава ниедна странска диплома.

така да, мудро бирајте, што и каде ке студирате...односно што е во моментот и во перспектива најдоходовно.

јас мислам дека од се највеке би било паметно да студирате јазици и литература.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Aха, ако сакаш за лична сатисфакција, во муабет на маса кога ќе те прашаат "А ти имаш факултет" да кажеш "Имам бе". Океј, и да бидеш начитан за тебе, ама за тоа не ти треба факултет.

Ајде поглед кон реалноста, како моментално стојат работите:

- Држава со 400.000 невработени (во превод, пазар на трудот преплавен од армија која прифаќа да работи за ниски плати). Од нив, голем дел со високо образование, кои молат за било каква работа, па дури и во маркети, продажни салони...за тоа ли се учи факултет?

- Недоволно работни места (јеби га, не може сите кои завршиле факс да бидат директори, било тоа некогаш, кога сите биле со основно или четврто).

- Ако мислиш да бидеш државен службеник и затоа учиш факултет, знаеш ли според систематизацијата колкава е разликата во плати, и колкави се платите? И не само во државна администрација, и во приватни фирми разликата во плати е минимална. Некој со факултет, зима плата колку некој друг во друга фирма со средно.

Океј, ова не важи за оние 1% кои ќе дипломираат и кои некој ќе ги нагузи директ во фотеља.

За сите други, дипломата е само џокер во ракав, кој можеби никогаш и нема да го искористат, а не е никаква гаранција за убав и комотен живот.

Но, да не се оддалечуваме од темата.
Се согласувам со тебе дека факултетската диплома не значи дека веднаш ќе најде дипломираното лице работа и тоа со одлична плата. Може и ништо нема да најде. Може и ќе седи дома. Или и со факултетска диплома ќе биде келнер, продавач ...

Но затоа што постојано пратам конкурси во последно време значи за секое работно место се бара факултетска диплома. За секретарка се бара, за некоја обична работа се бара.
Многу е потешко да се влезе на некое работно место без диплома од факултет.
Има многу одлични работници во фирми кои се вработиле без диплома и воопшто не се поглупави од оние со диплома. Всушност на факултет ние многу бубаме, а праксата е најбитна. Значи и некој без теорија ако му фаќа кликерот може да се снајде одлично на некое работно место.

Али со диплома се дефинитивно шансите поголеми за работа.
За без диплома бараат на многу пониски работни места возач, продавач, келнер и сл.

Секој со своја среќа мислам дека.
Мене она што ме иритира се врските и голем број конкурси за одлични работни места се објавени само формално а се знаат приметните лица.
Али тоа е Македонија. Се цени партиска книшка, познанства, пријател на пријател а многу помалку труд, знаење и диплома.
Но ако некој се труди и сака да успее мислам дека може. Дома да се седи и да се чека некој да те викне дека имаш диплома од факултет нема шанси. За се треба човек да се потруди.
Дипломата не значи загарантиран успех, но за некои работи значи поголеми знаења.
Пример за правници во фирми, во државни институции, во адвокатски нотарски канцеларии нема шанси да се прими некој без факултет. За тоа мора знаење. Но не значи дека сите дипломирани правници ќе работат во животот токму на работното место што го сонуваат.

ни во странство не се признава ниедна диплома од РМ, ни во РМ, не се признава ниедна странска диплома.

така да, мудро бирајте, што и каде ке студирате...односно што е во моментот и во перспектива најдоходовно.

јас мислам дека од се највеке би било паметно да студирате јазици и литература.
Колку само не си во право и трескаш зелени.
Се признаваат дипломи од странски универзитети во Македонија.
Се признаваат дипломи од универзитетите во Македонија во странство.
Ако не се признаваат тогаш огромен број студенти од Македонија одат на постдипломски во странство?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Али со диплома се дефинитивно шансите поголеми за работа.
За без диплома бараат на многу пониски работни места возач, продавач, келнер и сл.
Ебати шансата ако за мизерна плата од 12.000 ти треба диплома :)

А и со диплома има еден куп шанкери, келнери и продавачи, кои заработуваат повеќе од канцелариски глувци со диплома.

Али океј, кој како ќе се снајде. Само како што стојат работите, не се исплати трудот, маките, нервозите и фрлените пари. Пичкаш 10.000 евра на факс и повеќе, и со 50 евра разлика месечно во плата од некој со средно, треба да работиш 20 години да си ја вратиш инвестицијата по проста математика.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
ни во странство не се признава ниедна диплома од РМ, ни во РМ, не се признава ниедна странска диплома.

така да, мудро бирајте, што и каде ке студирате...односно што е во моментот и во перспектива најдоходовно.

јас мислам дека од се највеке би било паметно да студирате јазици и литература.
сегде во странство се признати сите природно-математички, технолошко-инжењерски факултети како и еконмскиот факултет.
А тоа што ти за тоа не си информиран тоа е твој проблем.

Ебати шансата ако за мизерна плата од 12.000 ти треба диплома :)

А и со диплома има еден куп шанкери, келнери и продавачи, кои заработуваат повеќе од канцелариски глувци со диплома.

Али океј, кој како ќе се снајде. Само како што стојат работите, не се исплати трудот, маките, нервозите и фрлените пари. Пичкаш 10.000 евра на факс и повеќе, и со 50 евра разлика месечно во плата од некој со средно, треба да работиш 20 години да си ја вратиш инвестицијата по проста математика.
Мистичен проблемот е во структурата на образовниот систем каде структурата на работната сила не соодветствува со потребите во државата. Имено дури и во развиени држави каде има многу повеќе пари и има потреба од многу повеќе високо образован кадар, образовниот систем е направен да произведува над 50 посто работна сила која е со средно стручно или пак со вишо стручна квалификација.
Кај нас целиот систем како и поради некои веќе неважечки правила
над 70% од работната сила се стреми да биде високо образована, иако во реалност потребата е да работната сила составен од над 70% со средно стручно или вишо образование (3 годишни студии познати и како Bachelor).
 
Знам. А проблемот е пошто секој копач (со двојки у средно, кој платил за да студира) почна да станува академик. Од нива или улица - директ во амфитеатар. Одвај средно завршиле, платиле за да се запишат, платиле за да пројдат испити и дипломирале. И после вишок на високообразуван кадар, епа вишок...
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Aха, ако сакаш за лична сатисфакција, во муабет на маса кога ќе те прашаат "А ти имаш факултет" да кажеш "Имам бе". Океј, и да бидеш начитан за тебе, ама за тоа не ти треба факултет.
сигурно подобар впечаток ќе оставам ако кажам имам бе отколку ако кажам дека сум останал на основно, а и ќе си се чуствувам подобро... сум направил нешто во животов :)
Ајде поглед кон реалноста, како моментално стојат работите:

- Држава со 400.000 невработени (во превод, пазар на трудот преплавен од армија која прифаќа да работи за ниски плати). Од нив, голем дел со високо образование, кои молат за било каква работа, па дури и во маркети, продажни салони...за тоа ли се учи факултет?

- Недоволно работни места (јеби га, не може сите кои завршиле факс да бидат директори, било тоа некогаш, кога сите биле со основно или четврто).

- Ако мислиш да бидеш државен службеник и затоа учиш факултет, знаеш ли според систематизацијата колкава е разликата во плати, и колкави се платите? И не само во државна администрација, и во приватни фирми разликата во плати е минимална. Некој со факултет, зима плата колку некој друг во друга фирма со средно.
за ова што јас го учам нема некоја којзнае колкава работна сила која останала или ќе заврши фах а ќе остане невработена.

студирам новинарство а само во минатиов период се отворија десетина национално-сателитски телевизии што значи дека има кај да се работи и ако си квалитетен можеш да напредуваш и да земаш поголема плата.

Еј, заборавив и уште нешто - конкуренција од кадар од внатрешноста, кој по секоја цена сака да мигрира во Скопје. На интервју, двајца програмери ги прашуваат: "Ти колку мислиш дека треба да ти е плата" и едниот вика минимум 25.000. Тој од внатрешноста, само колку да се запосли и да остане во Скопје вика: "Па минимум 12.000".

Не ме сфаќајте погрешно, ама за тоа ли учел факултет, да работи за 12.000?
Јас се вбројувам во оваа конкуренција... ама за мојава работа и нема некакви услови (читај пари) во мојот или кој било друг град што не е главен во оваа држава.

Е, сеа, ако некој сака по секоја цена да ваѓа пари за да преживува во главниот град, не е проблем, може да најде работа „за без пари“.

Јас не планирам да работам така... затоа и одам на факултет, за да имам подлога за да барам повеќе.

Инаку, конкретно мојов факултет (новинарство на МИМ) нуди прекрасна програма за студирање и голем дел практичен дел кој го нема на државниот на правен и така е замислено да кога студентот ќе заврши 3та година, кога ќе појде на работното место да не мора да поминува низ никакви обуки, туку веднаш да знае да почне со работни задачи.

И, да, имаш гарантирано работа... се разбира ако се потрудиш околу факултетот и покажеш дека ја заслужуваш таа работа.

Ај доста е. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom