Програмата на Груевски за 100 година власт на ВМРО е во сто чекори.
Груевски најави дека ќе гради 100 катници во центарот на Скопје. Распиша тендер за набавка на 100 автобуси за градскиот сообракај во Скопје. Програма за изградба на 100 спортски сали. За 100 дена од владата објави 100 реклами. Работи 24часа во неделата по седум часа за доброто на народот и во тоа време веројатно го вклучува и времето за секс и за обавување на физиолшките потреби. Се за доброто на народот. Човекот со други зборови 100% живее за нас. Посветено.
Но не само тоа. Неговиот султански дух не му дозволува да биде религиозен и да ги почитува десете божји заповеди од кои едната гласи: шест дена работи и седмиот одмарај. Тој е како повоените револуционери „Нема одмора док траје обнова„. За разлика од нив кои не се дрзнуваа работен ден да прогласат за неработен и да наредат по негова волја да се работи во сабота тој тоа си го дозволува. Веќе втор пат, на иницијатива на невладина организација, тој среда 19.ноември ја прогласува за Ден на дрвото и наредува дека тој ден ќе биде неработен а сите по негова волја изгубените работни часови ќе ги одработуваат во сабота. Загадувањето на Окта со која тој во ноќта спроти Нова година без присуство на камери, според некои извори, потпиша договор за продолжување на правото на натамошно загадување на човековата околина за него не проблем. Тој ќе сади 6 милиони дрвца наспроти мислењето на експертите дека е тоа нестручно унишување на садниот материјал кој е скапо платен и купен без тендер. Како во приказните за добрите кралеви, кога на Груевски ќе му снема идеја што да работи тој прогласува Ден на идеи, и секој што има некоја идеја за работа на владата е должен да дојде да му ја соопшти. Денот на неговата партија по негова милост е сега Ден на на македонските револуционери.
Не знам само уште колку долго ќе чекаме неговиот роден ден или имен ден да бидат прогласени за празник нормално на барање од народните маси. Човекот толку сака Денови во кои тој и неговата влада ќе бидат во центарот на вниманието.
Но тој за да видиме дека е културен човек води и кампања за почитувањето. Било убаво да се почитуваме меѓусебно како тој и негоовите партиски пријатели што го почитуваат Претседателот на државата Бранко Црвенковски. Како што ја почитуваат опозицијата која би сакале да ја снема. Како што ги почитуваат новинарите кои тој и неговите министри ги обвинуваат за велепредавство или клеветета и им се закануваат со суд. Преродбата го забрани плукањето на јавни места. Бајруш Сејдиу ќе биде казнет со 50 евра затоа што додека го водеа со лисици на рацете плукна во тревникот пред судот. Велат порано плукал во марамче ама овој пат рацете му биле врзани.Нема врска. Закон си е закон.Не може секој туку така да плука пред оваа власт. Сепак еден ден и пред Груевски некој ќе каже: Царот е гол. Дотогаш главата горе.