Пчеларството е хоби на татко ми (пензионер е). На времето и јас се интересирав (како помал земав учество во работата околу пчелите). Но веќе неколку години не сум бил да ги видам. Едноставно немам време.
Имаме некаде околу десет сандуци. Не можам да кажам дека е исплатливо (најверојатно затоа што нема вода.) Т.е. сакам да кажам дека вода им се става на пчелите, но најверојатно повеќе мед би собирале доколку би биле во близина на некоја река. Ова го заклучив од еден пријател кој што исто така се занимава со пчеларство а вади и до 40кг мед од сандак. Друго, имавме многу проблеми со болести. Не е така едноствно. Потоа треба да се прехрануваат преку зима (се купуваат готови пити за прехрана во кој што има и антибиотици). Се прихрануваат и со шербет. Па им се ставаа и антибиотици во вид на стапчиња против крлежи.... Друштвата мора да бидат јаки, инаку има и други проблеми - доколку се слаби доаѓа до грабежи. Така да ако се погоди некое слабо друштво би требало да се присоедини со друго кое што мора да биде јако(никако слабо со слабо). Матици сами произведувавме. Кога е јако друштвото и кога нема простор за ширење во сандукот се создаваат матичњаци. Друштвото се дели и од матичњакот после дваесет и некој ден имаме нова матица.
Но ова изгледа не е најдобриот начин на размножување, односно најдобро е да се купуваат матици од проверени професионални пчелари.
За исплатливост би требало да се има повеќе од 50 сандаци. И при тоа треба да ги селиш(а сето тоа е големо малтретирање), односно стационарно пчеларење тешко дека може да се исплати (единствено ако ептен не се погоди местото).