Избор на тркала (фелни/бандажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Сакам да ги менувам тркалата на мојот автомобил (форд фиеста). Моментално има челични 14".
Дали има веб некаде да прегледам во МК што се нуди, по кои цени. И на старо дали има некој да понуди. Сакам 15" со повеќе краци, слични на овие
eagle.wheels.039.jpg
 
Имаше една продавница во Прилеп... за бадажи закон. Имаше доста голем избор на половни. А што не ја зеде фиестата со фабрички бандажи?

П.С. немој да те заеби некој, бандажи на Форд, пасуваат само од Форд. Од ништо друго, така да секој бандаж што го нема амблемот... не пасува :) биди внимателен.
 
Јас колку што знам се гледа растојанието меѓу штрафовите а знакчето нема врска со то
 
Џиш, мислам дека нема врска знакчето. Зависи колку инчи се и штрафовите 4,5,6 .
 
Зашто не побараш кај дилерите на форд може ке ти се допаднат некои.Дома имам проспект за форд фиеста и имаат добар избор на алумииумски фелни.
 
Е добро де... и растојанието нека се гледа, како сакате кажете.

Форд се срање од возила и имаат единствено - уникатно растојание помеѓу штрафовите. Така да бандаж на нив одговара единствено од Форд ништо друго (немора да има знакче ама колку што имам видено, на 95% од фордовите бандажи што ги има, имаат знак)

Јас имам BBS бандажи на Кадетот (инаку на нив има амблем VW/Audi), а ги земав ѓомити за Фиестата. И ништо, не пасоваа на Фордот.... А гарант дека и на Лада, Југо/101, Пежо/Ситроен пасоваат истите.
 
За Декстерче.: Дојди си Скопје имаш голем избор во неколку салони. Кај католичка, спроти универзална има и некои други.
 
Зашто не побараш кај дилерите на форд може ке ти се допаднат некои.Дома имам проспект за форд фиеста и имаат добар избор на алумииумски фелни.
многу едноставни се,ако мислеше на тие алу бандашите со 5 крака....арни се,ама не е тоа-тоа...
 
Имаш избор во Скопје, каков таков. А тоа што го пишува Dzish врска си нема. Не треба да се бандажите од Форд, туку важно е секако колку штрафа имаат, кое е растојанието помеѓу штрафовите(4x100, 4x113,4, 5x112 итн итн) и треба да се види колку се широки(се означува со J) како и тоа колкаво ЕТ имаат, односно колку ќе бидат исфрлени одноно вовлечени на внатре. Можеби ти делува сложено, ама не е :)
 
Може си нема, може си има? Имам пробано на форд, бандажи од пежо не пасуваат, бадажи од опел не пасуваат, бадажи од голф не пасуваат, бандажи од рено не пасуваат. И сега???

Пак доаѓа на она што го пишува Џиш дека на форд пасуваат само од форд бандажи. И да го мериш растојанието, на Фордовите штрафови, можам да ти кажам дека е уникатно и ниедно возило освен форд нема такво растојание меѓу шрафовите.
 
Друже... од ова што го збориш испаѓа дека не можеш да ставиш aftermarket бандажи на Форд...

Значи, не е битно знакчето, не е битна фирмата што ги произвела.. битни ти се: број на штрафови (има со 4 и со 5 штрафа), растојание меѓу штрафови и офсетот... нормално, и дали ќе ти го собере бандажот (сепак, не можеш да ставиш 20“ на фичо, нели? :) )
 
Добро бе луѓе оти не ме сваќате? Не зборувам шпански. Aftermarket можеш да ставиш, но бадажите за форд се специјална (посебна) серија. Можеш да бараш бандажи со 4 штрафови и со точно фордовско растојание, но немаш потреба да мериш кога на сите им е познато какви се бандажите за форд.

Edit: Zyoxx Wheels, Foose, BBS се дел од производителите кои имаат линија за форд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom