Македонец

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
Тежок збор ти е поимот Македонец.

Вчера цел ден слушам македонски евергрини како:,,Сношти минав покрај вази,,
,,Послушајте патриоти,, ,,Како што е таа чаша,, ,,Калино моме,, ,,јовано,јованке,, ,,Ој,природо вечна убавице,,

и секако не ги испуштам Синтезис!

Е па човеци,треба да си правен од камен за да не се расплачеш на тие македонски песни и треба коефициентот на интелигенција да ти е влезен во минус,доколку не ја почувствуваш величината на Македонецот.


Затоа што:
Големината на еден народ не се брои според бројот на армијата,ниту според големината на државата,ниту пак според бројот на население,туку според духовното богатство и духовните врвови,кои тој народ ги посегнал.

Е,на тоа духовенство можат да ни завидуваат многу народи,вклучително и соседите.

Aбе цел свет може да ни завидува по многу нешта,ама за статусот во ОН ние му завидуваме на цел свет.Таму треба да насочат сите механизми,средства,сили и интелектуални способности,се друго е бесполезно.:toe:
 
Кога бевме на трибината во Битола,во периодот кога притисокот беше најсилен, ми пријде еден постар господин и ме замоли некогаш да ја прочитам неговата мисла, да ја чујат луѓето. Па еве една прилика.


МАКЕДОНИЈА

Сите комшии многу лапнаа
многу земјиште и историја

Александар бил момче грќинче
грешна борба водеше
грешна борба за Македонија

Белќи некогаш ќе му залетне
па ќе дознаат и ќе признаат
за корените на кој од кај му се


Гоце Делчев бил лидер Бугарски
грешна борба водеше
грешна борба за Македонија

Белќи некогаш ќе му залетне
па ќе дознаат и ќе признаат
за корените на кој од кај му се


Крале Марко бил Српски војвода
грешна борба водеше
грешна борба за Македонија

Белќи некогаш ќе му залетне
па ќе дознаат и ќе признаат
за корените на кој од кај му се


Ѓорѓи Кастриот Скендербег наречен
грешна борба водеше
грешна борба за Православна Македонија


Кога ќе ја чујат оваа песма
оваа песма добро намерна
Па ќе престанат ладна војна да водат
ладна војна да водат за земја и историја.



Од Менде Шијаков, Битола.
 
Остај романчиња и раскази,дајте конкретни предлози како да си го најдеме местото под сонцето,ама со име и презиме,какво што си сакаме и какво што секој има право да си го користи,во секоја прилика и во секое време.Никој не “паѓа“ на сентиментална база повеќе,не сме 19 век па да ја “обработуваме“ Ана Карењина ебаго.:toe:

ABC ај еднаш пушти срце...послушај си го премиерот-ти....инаку онака за concretno..??? : 5 комада по 2 килотона , на точно одредени локации... се ќе си "легне" каде му е местото...


огледало.........па ти човече ептен душевен си бил бе...ме натера кирилица да пишувам вечерва... :)
 
Почеток на 21 век,југоисточна европа во срцето на балканот мојата Македонија.
Над Шара тешки облаци ги милуваат сртовите на планината која како мајка се надвила на плодниот полог од каде се шири миризбата на пресно собраните јаболка, потаму Радика и Бистра како дијамант блеснуваат за низата по Дримот да ја продолжат накај Охридско бисерот наш, Голо Брдо отаму се смешка, галичица се подсмевнува, Преспа се отвара, Пелагонија чека со Егејот да се врзе, мириса на комина во Тиквешијата..натаму Струмичко..луѓе работни како мравки, тука е и Велес и Штип и Малешевијата и Скопје наше подаваат раце за Пиринот, сегде мириса на пресна зимница, на есенски дожд . Жолти лисја шумолат под нозете во воздухот се осекја адреналинот кон првата и единствена љубов-Македонија.
Паметници по секое патче на славното минато, секој камен покрај патот е историја, моја , наша макаедонска.
Луѓе со проблеми ,матни времиња,несигурност..зарем некогаш било и поинаку????
Очи полни со надеж,врела крв низ вените и слатка гозба од патриотски елан.....НЕМА НИШТО ПОУБАВО ОД ТОА ДА СИ ОДБРАН ДА БИДЕШ МАКЕДОНЕЦ !


п.с. така ми иде честопати,па решив со вас да споделам малку )))
Браво Огледало, текстов ти е закон...Нема ВМРО , СДС кога Македонија е во прашање...Оние кои што се чувствуваат Македонци, ќе ги почувствуваат овие зборови директно во срце...Треба заедно да работиме на Македонизмот....
 
Македонија би била уште поубаво место за живеење кога ќе се почитуваат сите оние кој гинеле за оваа земја.
 
Македонија би била уште поубаво место за живеење кога ќе се почитуваат сите оние кој гинеле за оваа земја.

темата е МАКЕДОНЕЦ па мислам дека не се однесува за тебе!

инче ОГЛЕДАЛО секоја чест на напишаново. човек кога го чита стварно му се будат патриотски чувства и чувство на припадност! се гледа дека е од душа напишано!
 
Убаво, пофално и многу ветувачки за иднината на МАКЕДОНИЈА!!
 
Македонија би била уште поубаво место за живеење кога ќе се почитуваат сите оние кој гинеле за оваа земја.

Темата би била многу поубава кога твоето мислење би било избришано.



ИСКРЕНОСТ


Штом Македонец умрам,
дух полн со Вера ке предадам,
Бог искрено ке го замолам,
родот наш да го зачува.

Разум да му вроди,
поколенија да му дари,
колку сонцето, Македонец да векува,
сам од себе да не се одрекува.

И душман жив да закопа,
Изродот, проколнат да го протера,
и вистина да ја спознаат,
тие што Се освен неа ни подаруваат.

За да, со чиста мисла мудруваме,
со црвено вино срце веселиме,
а со песна златна Македонска,
душа наша да исполниме.

Преку твојата мудрост, Боже
ние како народ Постоиме,
Преку твојата промисла, ние
Тебе те спомнуваме,

Преку твоја промисла,
ние Македонци се нарекуваме
Преку твоја мудрост,
ние Македонија ја имаме.


Македонија на Македонците,

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
 
Македонија би била уште поубаво место за живеење кога ќе се почитуваат сите оние кој гинеле за оваа земја.

Ќе те молам остави барем едно катче (тема) ние МАКЕДОНЦИТЕ да се дружиме и да се гушкаме искрено.

ОГЛЕДАЛО ќе гинам за тебе и за сите што мислат како тебе, за сите што толку многу си ја сакаат нашата мила принцеза која што толку многу чеда однародени ја изневериле, а таа пак има срце, душа, и сила да трпи. ТЕ САКАМ МИЛА МАКЕДОНИЈО, БИДИ ГОРДА ИМАШ МНОГУ ЧЕДА ШТО ИСКРЕНО ТЕ САКААТ.

П.С. Огледало браво, браво, браво ова нема да ти го заборавам
 
Jas sum Makedonec,nikoj nema da gi promeni moite idei za slobodna i nezavisna Makedonija,toa mi e nasledstvo ostaveno od moite dedovci a ona za koe tie se borele ne sakam da go frlam vo voda za eden mocan Bugarski pasos ili za vlez vo EU ama da si go smenime imeto?! Sekoja cest za avtorot na tekstot sto ja otvoril ovaa tema,koj sto ima neka prezentira ovde...
 
АБЦ...ова народецов наш ептен душевен бе, поет до поет, душички......штета што поезијава им е само до нивото на турбо фолк...:)

а македонци нигде.....дури и "државава" веќе апла албанци, бугари..срби ја управуваат...:)
 
АБЦ...ова народецов наш ептен душевен бе, поет до поет, душички......штета што поезијава им е само до нивото на турбо фолк...:)

Сакаш да расипеш нешто со ова? Или да испровоцираш. Те молам сочувај ја оваа тема од цинизам и потсмев. Не започнувај со навреди барем ова. “народецов“- народ
 
Темава е по повод 100 годишнината од Албанската азбука или си тренирате така колку да не ви студи?:smir:
 
Темава е по повод 100 годишнината од Албанската азбука или си тренирате така колку да не ви студи?:smir:
Имаш многу добри постови и мислења на форумов,мислам она стварно во кратки црти ја погодвиш поентата на многу теми,ама имаш и по некој ваков пост ептен глуп,а не си глуп чоек.:toe:
 
Имаш многу добри постови и мислења на форумов,мислам она стварно во кратки црти ја погодвиш поентата на многу теми,ама имаш и по некој ваков пост ептен глуп,а не си глуп чоек.:toe:

Абе сега не е време за Струшки вечери на поезијата ебаго,сега е време за општонародна војна за името.Ми се чини како сите да заспавте одкако Десковски составил едно писмо со намери до Меѓународниот суд во Хаг,за кое ни тој самиот не знае зошто би ни послужило.Наместо да си го “арчите“ умот со поезија,бидете поинвентивни и барајте чаре како да си го спасиме сопствениот Македонски интегритет,повеќе умови мислат поконфузно,ама кога сета таа конфузност ќе се “канализира“ секогаш произлегува најприкладно решение-спасение.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom