Струмникс друже.
Кога бројки се изнесуваат на маса, нема толкување, нема местенки, нема претпоставки, нема манипулација, нема аргументи.
Има само факти.
Единствено бројките се релевантни.
Од една страна имаш 600 милиони денари прераспределени средства на другите општини....од друга страна имаш 0,00 денари од нив во општинската каса на Струмица.
Каде е тука манипулацијата ?
И кој лаже ?
Еве по претпоставка дека информацијава која ја пласира о.к. на сдсм во Струмица и не е точна.
Дај нека испадне некој со демант.
Министерство за финансии, Трајко....било кој.
И нека каже:
Од тие 600 милиони денари кои ги спомнувате, добивте 10 милиони. Немој да го лажете народот.
И готово. Ќе се види кој ја манипулира јавноста.
И тоа не е тужибабење како што викаш.
Туку барање на она што ти следува, а од чисто политички причини ти е ускратено.
Од твојата реалност...изгледа ништо не остана...дефинитивно.
Препрочитај го мојот пост уште еднаш, па сфати што јас велам тука.
Таквите пресови ги нарекувам тужибабење, бидејќи секојпат оној кој ги одржува изиграва жртва. Демек еве оние ни ебаа мамата.
На таков прес, следува прес од другата страна пак во истиот тужибаба стил...
И, понатаму, во мојот пост велам дека е 99,9% вистина она што го зборуваат партиите на тужибаба пресовите.
После тоа велам дека од оние кои селективно и пристрасно ги следат таквите пресови, не се гледа вистината, т.е. се гледа само сопствената, партиска вистина, каква што ти тука сакаш да ми ја прикажеш, очигледно не разбирајќи го мојот пост.
Јас верувам дека е така како што рекле од СДСМ, дека Струмица не добила ни денар...
Ама...верувам и кога од локалните вмровци на прес ќе чујам околу вработувањата во локалната администрација на пр...
И првото е болна вистина ама и второто.
Е, тоа ми беше поентата.
И, затоа и не се ни замарам повеќе со она што го рекле на пресови едните или другите.
Разбираш?