Државата за едни мајка, за други маќеа, а за трети ни едно од двете

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ај малку математика:

600 милиони денари поделено на 84 општини...тоа му доаѓа по 116 144 илјади евра по општина... Ова е една шеснаестина од буџетот на Општина Струмица.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?

И каква потреба има локален штаб од СДСМ да се огласува за нешто што е вон било каква надлежност, а не се изјаснува општината?
Ајде.
Ти би малку весела математика за перење...а ?

По твојата весела, и Општина Старо Нагоричане и Струмица би требало да добијат исти финансиски сретства!?
Иако едната има 15 пати поголем број на жители од другата, и иако од едната се собираат 15 пати повеќе данок за во буџетот од другата.

Понатаму нема потреба да ти реплицирам.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
фирмарина за кого оди како данок?
запознаен ли си дека во опсштина ресен оформија општинско даночно одделение, дел од данок на имот оди во општина. ај утре на кафе со науме зајдичон ке се распрашам што поточно е под нивн надлежност па ќе ти кажам.
Фирмарина ти е 6000 денари од една фирма еднаш годишно, дури над 50% не го плаќаат се додека не им ја блокираат сметката, данок на имот е симболика и е по 1000 денари максимум од една куќа, само овие давачки одат целосно кон општината.
НО каде се ДДВ 18% кои претставуваат големи суми, каде одат парите што ги даваме како акциза за нафта, цигари, алкохол? Каде одат парите што ги плаќаме за регистрација, осигурување на возилата, патарини, од казните за сообраќајни прекршоци, флрање ѓубре, плукање на улица? Каде одат парите кои ги плаќаат земјоделците како данок на добивка? Каде одат парите кои ги плаќаат фирмите по разни основи лиценца за алкохол, за фискализација, инспекција, лиценци за ЦЕМПТ дозволи и разни даночни основици? Сите тие пари одат на сметката на БУЏЕТ на РМ.

Дали можеш да замислиш за колкави пари се работи и тоа за еден град како Ресен, а да не зборуваме за една струмица која 5 пати е поголема од Ресен што се влеваат буџетот. Тоа не се 100 илјади евра, туку се милиони евра на годишно ниво.

Некогаш не треба да гледаш со партиски очила за да сфатиш, зошто и ти си граѓанин на Ресен и ти плаќаш данок, но за возврат не добиваш ништо.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Реален, јас се водев според твоите политички убедувања. како левица, и како партија која го негува социјализмот, „колачот“ треба да биде поделен подеднакво за сите. Така и математиката.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Реален, јас се водев според твоите политички убедувања. како левица, и како партија која го негува социјализмот, „колачот“ треба да биде поделен подеднакво за сите. Така и математиката.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?
Дали си бил ти последниве три четири години во Струмица?
Ако не си бил ти препорачувам да одиш малку да видиш што е метропола, да видиш што е град и после нема да го употребуваш изразот "како што сака Зајчето" туку ќе велиш дека се овде што зборувам е така.

Ти препорачувам оди побрзо зошто за година две и за таму визи ќе ви требаат (ако си од СК).
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173

еве ти сам што имаш нашишано знаеш и сам каде

На почетокот на седницата, советниците го усвоија записни-кот од претходната седница на Советот, по што продолжија да работат по предложениот дневен ред.
При разгледувањето на кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општината Ресен за периодот јануари-септември годинава, беше посочено дека ис-тиот е подготвен согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Вкупните приходи во периодот јануари-септември 2008 година се остварени со вкупен износ од 134. 268.623 денари, што претставува 65,58% од планираното. Останатите приходи беше образложено дека ќе се реализираат во следниот квартал. Вкупните приходи биле остварени преку основниот буџет (56,27%), наменски дотации (73,12%), самофинансирачки активности (45,55%) и донации( 92,11%).

Вкупните расходи пак во периодот јануари-септември 2008 година се реализирани во вкупен износ од 123.186.858 денари, што претставува 60,17% од планираното. Вкупните капитални расходи биле реализирани со 7.664.421 денари, што претставува 36,46% од планираното.

Раководителот на Секторот за финансии и буџет во Општината Ресен, Насип Беќири, пред советниците истакна дека кварталниот извештај е реален како во приходниот, така и во расходниот дел, додека пак основниот буџет на Општината Ресен, според него, е одлично структуриран во однос на платите и надоместоците.

Кварталниот извештај беше прифатен од страна на советниците, како и одлуката за измена и дополнување на буџетот на Општината.

Во однос на информацијата која ја опфаќа наплатата на локалните даноци и надоместоци во периодот 1.1 до 30.9.2008 година, беше потенцирано дека наплатата на данокот на имот од правните и физичките лица во Општината Ресен е на едно задоволително ниво и во однос на минатата година, бележи пораст за повеќе од 50 проценти.

Податоците говорат дека намалени се приходите кај данокот на промет кај недвижностите кои споредбено со лани, бележат намалување за околу 32%.
Идентична е и ситуацијата со данокот на наследство и подарок, кој исто така бележи намалување во однос на минатата година.

Приходите од комуналната такса се едни од поголемите приходи кај локалната самоуправа. Комуналната такса претставува јавна давачка која се плаќа за користење на одредени права, предмети и услуги од страна на правни и физички лица кои вршат дејности. Во тековната 2008 година, со комунална такса во Ресен се задолжени 702 правни лица и самостојни вршители на дејност.

И тука наплатата е намалена во однос на минатата година. Заради ваквата состојба, со цел да се зголеми ефикасноста на наплатата, се пристапи кон присилна наплата со забрана за користење на парични средства од жиро-сметките на правните, односно физичките лица кои вршат дејност. Активностите на даночната администрација за наплата на оваа такса продолжуваат во континуитет.

еве и нешто друго најдов

Од 1 јануари годинава Општината Ресен е во втората фаза од фискалната децентрализација и како резултат на тоа буџетот за 2008 година проектиран на 204.106.266 денари е далеку поголем од лани. При подготовката на буџетот евидентна е реалноста во планирањето на приходите и расходите, а во целост се испочитувани и насоките од Министерството за финансии. Во овие средства даночните приходи учествуваат со 24,8 отсто, неданочните со 5,6 отсто и трансферите со 69,6 отсто.
Од вкупно планираните приходи во буџетот за 2008 година основниот буџет изнесува 81.434.500 денари или 39,9 отсто. Тоа е структурата на приходите, кај кои оваа година се планира драстично зголемување на данокот на имот, како резултат на измените на Законот за данок на имот, каде има опфат на даночни обврзници од 12 нови селски населби ко досега беа регистрирани како пасивни подрачја. На новите законски одредби за плаќање данок на имот ќе бидат подложни и деловни објекти и простории кои заклуч но со 2007 година беа ослободени од данок. Според информациите од Секторот за финансии, буџети и даноци при локалната самоуправа, подготвителните активности за нив се веќе почнати и до 31 март ќе уследат решенија за задолжување на сите субјекти кои се нови даночни обврзници. До крајот, пак, на овој месец, се очекува да заврши и евидентирањето на данокот на имот на домаќинствата во пасивните подрачја со што целосно ќе биде заокружена оваа активност.
Последниве години се ажурира и наплатата. Преземени се сите можни мерки и активности што на крај вродија со плод - враќање на даночната дисциплина кај граѓаните. Наедно расте и довербата кај граѓаните дека еднаш дадените пари подоцна им се враќаат преку изградба на капитални објекти.
Инаку, наплатата на данокот на имот во 2006 и 2007 година е зголемена повеќекратно и досега просекот се движеше околу 8.500.000 денари, а годинава се очекува да изнесува околу 12.000.000 денари, што зборува во прилог на податокот дека во Ресен има зголемено движење на капиталот, се купува градежно и земјоделско земјиш те и друг недвижен имот.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Дали си бил ти последниве три четири години во Струмица?
Ако не си бил ти препорачувам да одиш малку да видиш што е метропола, да видиш што е град и после нема да го употребуваш изразот "како што сака Зајчето" туку ќе велиш дека се овде што зборувам е така.

Ти препорачувам оди побрзо зошто за година две и за таму визи ќе ви требаат (ако си од СК).
Полека бе шампионе :))) нема град во Македонија сеуште што може да се нарече метропола...Напреден е...кога целиот капитал Зајчето го продаде на грците...а струмичани, освен што им го поплочи тротоарот, низ расределба на земја видоа, ни бутур. Ама сепак, и самиот викаш дека Струмица е многу развиена, и може останатите да и се фатат, епа ете ти доволна чричина зошто Струмица е изоставена, а дадено е на неразвиените општини. Кратко и јасно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Ова ко бивша ЈУ, едни даваат (Словенија), други молзат (Македонија и Косово).
Ептен глупо, зашто да се прелеваат парите во неразвиени општини? Ваљда ако не те бива како општина, спој се со друга поразвиена, закон на опстанок, а не на солидарност.
Нели некој сакал од секое село и градче да направи општина. Е неможе, има економски законитости кои доведоа до ова сега што се дешава со Струмица и другите побогати општини.
Мислам дека ако се примени принцип на непрелевање на средства, ќе се формираат преку сила 25-35 општини (колку што беа до 1995) и нема да доаѓа до вакви ситуации. А башка ќе се подобри и инфраструктурата и воопшто економската состојба на тие мали населени места (сега засега наречени општини).
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Приходите од комуналната такса се едни од поголемите приходи кај локалната самоуправа. Комуналната такса претставува јавна давачка која се плаќа за користење на одредени права, предмети и услуги од страна на правни и физички лица кои вршат дејности. Во тековната 2008 година, со комунална такса во Ресен се задолжени 702 правни лица и самостојни вршители на дејност.
Да не беа овие пари тешко дека Ресен ќе можеше да издржи например како што не издржаа еден куп општини кои останаа без струја, без вода, без осветлување и тн тн.

инаку еве ќе ти додадам една вест па можеш слободно да ја прочиташ, истата е составена со консултирање на повеќе разни лица и од власта и од експертската јавност

Од 100 денари фискален приход, 94 зема Владата, а 6 општините

Од 100 денари фискален приход, 94 зема Владата, а 6 општините, вели професорот Руфи Османи.

Македонија е фискално најцентрализирана земја во Европа, иако процесот на децентрализација почна пред три години, оценува професорот од Штуловиот факултет, Руфи Османи. По повод седумгодишнината од потпишувањето на рамковниот договор, со кој Македонија се обврза да го спроведе процесот на осамостојување на локалната од централната власт, Османи рече дека општините и понатаму се финансиски ограничени и препорача да се зголемат приходите што од јавните давачки се прелеваат на локално ниво.

Од 100 денари фискален приход, 94 троши Владата, а само шест се насочуваат во општините. Затоа власта треба сегашните 3 проценти приходи од ДДВ, што се слеваат во општинските каси, да ги зголеми на 10 и да ги либерализира условите општините полесно да може да се задолжуваат за јавни инвестиции - предлага Османи. Сепак, признава дека од времето кога тој беше градоначалник на Гостивар, состојбите се значително подобрени.

Во 1996 година годишниот буџет на Општината бил 175.000 германски марки, а во 2006 девет пати поголем, односно 1,6 милион евра. Тоа покажува дека има суштинско подобрување на јавните финансии на локално ниво, но не е доволно. Мора квалитетно да се зголеми капацитетот на општините, бидејќи сега успеваат да реализираат само половина од плановите. Администрацијата не е оспособена да ги искористи до максимум ресурсите од ИПА-фондовите. Им треба помош од Владата, за заеднички да го подобрат своето работење - вели Османи.

И потпретседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Гази Баба, Коце Трајановски, се согласува дека на општините им се потребни повеќе приходи. Тој додава дека постојат законски решенија со кои се зголемуваат финансиските можности на општините, но смета дека тоа не е доволно. Општините не беа подготвени за децентрализација, се соочија со големи проблеми од 2005 години наваму. Наследија огромни долгови, немаа речиси никаква документација за имотите. Сето тоа се решава, но треба време. На пример, со усвојувањето на Законот за данокот на имот на локалните единици ќе им се зголеми приходот бидејќи е предвидено данок на имот покрај физичките лица да плаќаат и фирмите. Исто така се залагаме да се зголемат приходите од персоналниот данок - додава Трајановски.

Вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски најави дека наредните месеци ќе има интензивирана обука за искористување на ИПА-фондовите на локално и на централно ниво и најави тесна соработка меѓу Владата и ЗЕЛС. Процесот на фискална децентрализација е во тек. Проектот се одвива многу успешно во неколку општински центри. Една од нив е Прилеп, општина која е микролабораторија за локален економски, социјален и демократски развој. Владата ќе настојува да извлече колку што е можно поквалитетни проекти за прифаќање на ИПА-фондовите - додаде Боцевски.

Значи данокот не е нешто што владата може да и го одземе на општината, владата и ги дава тие пари кои следуваат со закон, но на некои општини им дава плус пари кои не ги добиваат за жал општините каде што градоначалници се опозиционери како на пр Ресен, Струмица.... тука лежи проблемот. Целиот проблем е што имаме катастрофален закон за фискална децентрализација со последните измени едноставно се доцентрализиравме отколку децентрализиравме.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Реален, јас се водев според твоите политички убедувања. како левица, и како партија која го негува социјализмот, „колачот“ треба да биде поделен подеднакво за сите. Така и математиката.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?
А,што, Струмица не треба повеќе да се развива? Поентата и целта е секоја општина да може да биде колку може поразвиена. Како сега Струмица ќе го продолжи развојот без скршен денар?
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Полека бе шампионе :))) нема град во Македонија сеуште што може да се нарече метропола...Напреден е...кога целиот капитал Зајчето го продаде на грците...а струмичани, освен што им го поплочи тротоарот, низ расределба на земја видоа, ни бутур. Ама сепак, и самиот викаш дека Струмица е многу развиена, и може останатите да и се фатат, епа ете ти доволна чричина зошто Струмица е изоставена, а дадено е на неразвиените општини. Кратко и јасно.
Тоа што ќе си издробиш тоа треба да си го сркаш, не е ова повеќе социјализам, ова е време на капиталистичко општество едноставно тука само праметните и моќните успеваат, така да ако некој не е способен да извади пари, јас воопшто не му сум должен да му дадам. Ти едноставно тука пропагираш да се вратиме во некои дамнешни времиња на ТИТО, тие времиња поминаа и нема никогаш да дојдат
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4

Владата ја исфрли Струмица од Буџетот

Дали Струмица е дел од Македонија, дали струмичани и' се потребни на државата само за полнење на Буџетот, без да им се врати дел од колачот, ја прашаа вчера Владата струмичките социјалдемократи.

Ваквата жална вистина, како што ја нарекоа, а во која парите на струмичани одат во Скопје и во други градови во земјата, само не во Струмица, тие ја поткрепија со факти.

„Агенцијата за млади и спорт на други општини им подели вкупно 71,5 милиони денари, а на Струмица нула денари. Од Фондот за води другите добија 124 милиони денари, а Струмица нула денари. Бирото за регионален развој на општините во Македонија им подели 156 милиони денари, а на Струмица не и' даде ни денар. Истото го направи и Министерството за локална самоуправа кое на „своите деца“ им подели 202 милиони денари, а Струмица како сирак доби нула денари. Од издвоените 45 милиони денари на Министерството за екологија се за други општини, а за Струмица има нула денари. Од Министерството за транспорт и врски, за општините предводени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се издвоени од 20 до 60 милиони денари, а за Струмица само 1,5 милион денари“.

Извор

Од вкупно околу 600 милиони денари расподелени средства по општините, владата на Репубика Македонија на општина Струмица и има доделено вкупно 0.00 денари.

Срамота !

Дали е ова дел од кампањата на ДПМНЕ за претстојните локални избори, во кои општините кои ја немаат "привилегијата" да имаат градоначалници од владејачката гарнитура, треба да се доведат пред колапс, за да потоа некој се јави како спасител на истите.

Затоа струмичанецу.

ТИ СИ МАКЕДОНИЈА !
Но само кога треба да да си го исполниш твојот дел од обврските спрема државата.
Владата мисли 24/7, како да те заебе.
Затоа отвори го срцето за следните кандидати за градоначалници од владејачката партија. Немој ни случајно на други да помислуваш.

Они можат и умеат, а и најдобро знаат.....како да те дупчат во здрав мозок без да осетиш.

ПРЕРОДБАТА ПРОДОЛЖУВА

Аирлија нека е.
Mizerija.
Zato sega navivame da dobijat i vo SR,za ko ce dojdi glavnoto da tresnat i da ne stanat.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
А,што, Струмица не треба повеќе да се развива? Поентата и целта е секоја општина да може да биде колку може поразвиена. Како сега Струмица ќе го продолжи развојот без скршен денар?
Без кој скршен денар бе Струмичанец, па не го терав јас Зајчето да се фали кај ќе стигне дека буџетот на општина Струмица е полн ко брод...Заев е цврсто убеден, и ги убедува своите граѓани дека развојот на Струмица е по негова заслуга, како и полниот буџет на општината...па ете му прилика да докаже дека тоа е така :)
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
А,што, Струмица не треба повеќе да се развива? Поентата и целта е секоја општина да може да биде колку може поразвиена. Како сега Струмица ќе го продолжи развојот без скршен денар?
Тој сака да каже дека треба да им се помага на оние кои не се компетентни да извадат, значи треба Струмичани, Ресенчани да не земаат зошто имале пари од тоа што успеале дополнително да извадат, и да им ги префрлаат на некои аљази кои не се компетентни да извадат ни сто денари а камо ли општина да водат како што на пр се некои општини во тоа Скопјето кои живеат само од помошта на власта од најразлични дотации, но верувај кога ќе има ревизија се тоа ќе излезе на виделина.

Ако не можат да извадат, тогаш нека побараат да престанат да опстојуваат како општини и нека се спојат со најблискиот центар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Тоа што ќе си издробиш тоа треба да си го сркаш, не е ова повеќе социјализам, ова е време на капиталистичко општество едноставно тука само праметните и моќните успеваат, така да ако некој не е способен да извади пари, јас воопшто не му сум должен да му дадам. Ти едноставно тука пропагираш да се вратиме во некои дамнешни времиња на ТИТО, тие времиња поминаа и нема никогаш да дојдат
:bravo: that's the point
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Види што сме смешни у пизду матер. Прво кукаме за нешто и после тоа сакаме пу пу не чини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom