[FONT="]Ра или Ре е врховен Египетски Бог на Сонцето. Го има како составен дел и во Индиските Божества (Рама, Брама, Индра, во спевот Рамајана и т.н.), го има и во арапските зборови Рамазан (Божјо помазание, или Божји Помазаник : РА - МАЗАН ), Рамадан (Ден на Ра, или Даден од Ра), во името Абрахам (наводно во превод значело : “Богот Овен е мојот татко“ - Абу - рахам), кај нас го има во многу зборови, но не значи дека сите тие имаат врска со Богот Ра, може да е случајно поклопување. Така, го има во зборовите РАЈ, Зора (Аурора), Утро, рано (но Ра - нема Ра, нема сонце), Радост (Ра достаса кај нас, не огреа сонце, не озари) Здрав (поздрав, здравствуј), Раѓање (Ра дјава - Божји дар е раѓањето), Сахара (Сухара - Сушна пресахнато од Ра), пораз, одраз, образ, радио-зрак (Ра-дио = Богот Ра или дио - дел од Ра), мрак, град, градење, ограда, заграда, карање, страдање, крава, кораб, скрама, бразда, рака, рамо, река (рее = тече Ка = сила во египетск. мит.), страв, кобра, врата,трага, модра (боја), Раат, Рејтија (Раетија - Божица на водите), Реа (мајката на Ромул и Рем), раст(ење), Раскош (ра со кош дава), краста, бура, буре (интересно е што го има и како : бур-ил, односно барел), Мура, Драва, Морава, Корана, Тара, Одра, Рајна (сите реки и една река-планина), тера (вози, брка), Тера (лат. : земја), Каран (бркан, истеран - Мак. владетел) , Храм, брана, рамка, пратеник, храна (Индија : прана), растурање, распад, Тора (Мојсиево петтокнижие - “ТОа е од РА“?), Раб (божји), Работа (Ра ботее, вирее?), крај, крал, умира (уминува-заминува кај Ра?), Татра (планина), Фара (родбинска врска), Фараон, разбирање, Хетера (божја милосница? : хтети Ра), размислување, разум, агора, разборито, храбро, разборито, Уран, рапидно, реално (има врска и со РЕАЛ = кралски, Ројал), раван, софра, ватра, градовите Рамалах (Рам-Алах), Басра (бас е даден збор, гаранција, од тука произлегува зборот беса и нашето обетено (произлегува од обесено, српското обеќано, и на крај со промена на буквата “ б“ во “в“ се добива оветено= ветено, па градот Басра би се превел како “Ветување од Бога“), Ал-Рахман ( водечки атрибут на Алах и едно од неговите имиња во Куранот и исламската теологија), Раџас (на индиски : страст), Ал Рахим (милостив) исто така доаѓа и како RHM на предисламски и сабејски натписи, зборот е изгледа позајмен од некое постаро јужноарапско Божество, Раман (Асирски Бог на небото), ВЕНЕРА (Венетско Ра - сонце на Венетите : со 8, 12, 16 краци), ШУКРА (во индиската митологија така се вика планетата Венера), христијанската Раја, и француското име за злато : ор (златото е сончев метал) има потекло од името Ра, Архангелот Рафаил ( во превод значи “оздравувач“, или : рафа-рафија е завој, кај растенијата се користи при калемењето и плус Ил е Бог, па од Рафаил се добива “Бог лекувач) , Рекс (Арамејски е Реш и значи главатар), РЕА (сестра и жена на Крон, - ја сретнал кај РЕка, му ги родила Деметра и Аид, Зевс и Посејдон), синоними и се Опис, Кибеба (Кибела?), Диндимена (според градот Диндим во Фригија), Агдист(ис), или “мајка на Боговите“, “големата божица“, најверојатно името Реа е женска форма на името Ра, односно Ре.[/FONT]
[FONT="]Напишав можеби и премногу зборови, а ги има и повеќе, но повторувам, не се сите во врска со Богот Ра, туку најверојатно само се случајни поклопувања. Но, ги запишав и најневеројатните, можеби некој од вас ќе им го најде смисолот на повеќето од нив. Не ги појаснував сите зборови што можам да ги поврзам со Богот Ра, заради просторот, мислам дека се многу од нив јасни...[/FONT]
[FONT="]
[/FONT]
[FONT="]
[/FONT]
[FONT="]
[/FONT]