Зошто се жените против феминизмот?

Член од
27 октомври 2007
Мислења
23
Поени од реакции
0
Ова ми е тема на есеј кој треба да го предадам до вторник. Во западното општество имам многу женски организации кои се против феминизмот како: [FONT=&quot]Ladies Against Feminism, [/FONT][FONT=&quot]Women Against Feminism, [/FONT][FONT=&quot]Independent Women’s Forum...
Сепак тема на мојот интерес се жените во Македонија.
Епа, зошто жените во Македонија се против феминизмот, ако воопшто постојат такви???
[/FONT]
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Затоа што не се мажам за шовинизмот.
 
Член од
25 март 2007
Мислења
204
Поени од реакции
14
Не знам за организациите и за жените, али мојата логика е следнава...

Сите го знаеме вицов... Се договарале лавот и магарето кој ќе биде крал на џунглата. За да одредат, критериум им било кој кого може подолго да го :sekss:. Прво било магарето. Почнало да го дроби лавот, ден, два, 3, 4... недела, две недели и завршило работа. И лавот му рекол: `Добро, ај сеа ја сум на ред.` - Магарето му рекло: `Не не, биди си ти крал на џунглата` и продолжило да си брка работа.

Феминистките се жени што од некоја причина, им пречи тоа што се под наводници `број 2`, и поважно им е да бидат цар на џунглата. И феминистките, можат да ја прифатат дискриминаторната поставеност на работите и во рамките на таквата дискриминација, да добијат се што посакуваат, како и сите други жени, но на феминистките поважно од добивањето на се што посакуваат им е чувството на еднаквост. Претпоставувам дека станува збор за его, а можда и тресам глупости...

Уште еднаш, не викам дека не постои дискриминација. Но, секогаш жените биле тие кои што дозволувале мажот да биде цар на џунглата, а си го вртеле на мал прст како што сакаат. И не знам дали баш тоа е показ кој ќе ми формира убедување за немоќност или на второкласност на жените. Не знам баш кој е моќен, а кој немоќен. Но, се јавуваат групација на жени кои што формираат феминистички организации засновани на сопственото убедување дека жените се немоќни. Тие групации на жени тврдат дека ги застапуваат сите жени, вклучително и оние кои си знаат дека над мажот се далеку далеку надмоќни... И ја да бев жена и да ми кажуваше некој дека мажот е надмоќен над мене, и ја ќе бев против феминистките.
 
-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
затоа шо сите жени не се глупи и неспособни, права жена знае како да ги нареди коцките без расправија и се тоа да подели така фино, да не се осека никаква разлика или дека е нешо дискриминирана, као краљица да се осеча:zver:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ова ми е тема на есеј кој треба да го предадам до вторник. Во западното општество имам многу женски организации кои се против феминизмот како: [FONT=&quot]Ladies Against Feminism, [/FONT][FONT=&quot]Women Against Feminism, [/FONT][FONT=&quot]Independent Women’s Forum... [/FONT]
[FONT=&quot]Сепак тема на мојот интерес се жените во Македонија. [/FONT]
[FONT=&quot]Епа, зошто жените во Македонија се против феминизмот, ако воопшто постојат такви???[/FONT]
Ако земеме дека постојат жени кои го разбираат феминизмот и ако тие се против него тогаш тоа против се однесува на нормата која ја поставува феминизмот. Тоа ти е исто како некаква идеологија која ги обврзува жените на многу нешта. Учењето на феминизмот барем од она што јас го разбирам е поставување на жената на исто рамниште со мажот. Тоа уште во стартот не е можно со самата биолошка градба или речено не би биле маш и жена ако би биле исти. Од таму изедначувањето на жената со мажот е погрешно учење и жената ја става во една незавидна положба. Со тоа феминизмот не и помага на жената , туку напротив и задава дополнителни нирми и проблеми кои и го отежнуваат животот. Жената има доволно харизма и чуство за опстанок и балансирање на односите во опшеството па затоа феминизмот може само да и смета. Работите во реалниот живот се така природно поделени што некои работи не затоа што мажот е посилен па ги прави, туку едноставно така треба да биде и обратно. А балансирањето на работите што жената ги прави одбирајќи го она што може и сака да го прави е подобар начин, затоа што таа може да бира што и како да работи или да се однесува благодарение на харизмата, духот и подобрата проценка во дадениот момент. Феминизмот ја става во една рамка и и поставува норми, а секое ставање во рамка е тешко и на жената и прави повеќе штета и ја става само како бројка, која под името на феминизмот се бори за права. Од таму секоја жена што тоа го знае е против феминизмот.

П.С Можеби феминизмот порано во 19 и почетокот и средината на двасеттиот век можел некако да се оправда, но мислам дека како и многу идеологии и тој веќе е во изумирање.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Ако може да ни дадеш повеќе информации за овие антифеминистички женски движења затоа што не сум доволно запознаен со таа тема
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Абе види, имам предмет на факс ’Феминистичка критика’ и со Kralot Marko не се согласувам. Борбата на жената за нејзино изедначување со мажот не е само за добивања на работни места и право на глас, туку да се престане да се сметаа таа како инфериорна во секој поглед. Но исто така и да не мора само таа да биде ангажирана околу децата, ручекот, чистењето и сите работи кои и биле обврска, а кои и се и денес. Нејзе тоа најмногу и пречи, да биде сметана за лице кое треба само да седи дома и да си ја тера домаќинската работа.
Тоа што мажот е поиздржлив физички (оти така прородата го дарила), не значи дека жената е неспособна.
А нашиве жени не се против феминизмот, туку на некој начин се неупатени доволно и можеби им е страв од радикални промени. Тие се задоволуваат со статусот кој го имаат, дење ке одат на работа, после тоа дома ја чека втора смена. Но кој да бива бунтовник, кога дома децата им кинкаат, мажот бара вечера и слично?
:toe:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Одри, јас не се согласувам со тоа дека жената е во инфериорна позиција кај нас. Ти си девојка на 22 години, кажи ми во која ситуација од товето постоење до денес си се почувствувала дискриминирна затоа што си родена женско? Кој нема право на глас само затоа што е жена?
Јас сум против феминизмот лично, не затоа што не сум упатена, туку не се слагам со она што го наведе во постот. Баш со ништо, а жена сум :).
Единствено може да постои во семејства кои имаат ептен традиционални сваќања. Али денес, во урбана средина не постои правилото дека јас секој ден треба да му готвам ручек. Ако немам време, сум на работа, имам др. обврски (пр. дообразување), ако сакам да одам на кафе или слично, јас денес нема да готвам. А за тоа нема да бидам претепана пошто има толку многу понуда за секаква храна и нема да биде гладен сигурно. Слично и со другите домашни обврски.
Кажав негде по форумов, ќе кажам пак: јас не сум се почувствувала дискриминирана никаде само затоа што сум жена. Работам на работно место на кое работат и мажи, земам еднаква плата со нив, право на глас имам, право на одлука исто така.
А за деца, башка муабет, тоа прво е задоволство по мене, а после е обврска.
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
74
Поени од реакции
1
кратко и јасно сакаат да биде некој доминантен над нив па кога ќе добијат нешто што е против воља на оној доминантниот се чувствуваат како да доживеале оргазам :toe:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Против се, затоа што феминизмот е исфорсирано, насилно и неприродно движење, кое ни самото не знае кое му се целите и конечните барања.
Нешо као панкери од 14 години кои се као бунтовници, а ни сами не знаат против шо се бунтуваат.
 
Абе факт е дека од почетоците на феминизмот па до ден денешен се има видно изменето и преминато во погрешен правец. Тоа за што се залагале жените на почеток, сега речиси и го имаат, а сепак дизаат галама за непотребни работи.:toe:

Одри, јас не се согласувам со тоа дека жената е во инфериорна позиција кај нас. Ти си девојка на 22 години, кажи ми во која ситуација од товето постоење до денес си се почувствувала дискриминирна затоа што си родена женско? Кој нема право на глас само затоа што е жена?
Јас сум против феминизмот лично, не затоа што не сум упатена, туку не се слагам со она што го наведе во постот. Баш со ништо, а жена сум :).
Единствено може да постои во семејства кои имаат ептен традиционални сваќања. Али денес, во урбана средина не постои правилото дека јас секој ден треба да му готвам ручек. Ако немам време, сум на работа, имам др. обврски (пр. дообразување), ако сакам да одам на кафе или слично, јас денес нема да готвам. А за тоа нема да бидам претепана пошто има толку многу понуда за секаква храна и нема да биде гладен сигурно. Слично и со другите домашни обврски.
Кажав негде по форумов, ќе кажам пак: јас не сум се почувствувала дискриминирана никаде само затоа што сум жена. Работам на работно место на кое работат и мажи, земам еднаква плата со нив, право на глас имам, право на одлука исто така.
А за деца, башка муабет, тоа прво е задоволство по мене, а после е обврска.
Искрено ама јас и не сум некој поборник ниту пак противник на феминизмот особено не во оној облик во кој е денес. Се немам ни почуствувано инфериорно, ама секојдневно гледам такви случаи. Ама мора да признаеш дека денес не само кај нас, туку секаде во светов жените не го уживаат потполно истиот статус во некои работи како мажите. Ке ти дадам глуп пример ама тоа ми текна : Кога некој маж ќе спие со повеќе жени, тој пред другите(другарите) е ЦАР! Ама кога жена ке го прави истото, таа е веќе...знаеш што, да не именувам со погрдни зборови...:pipi:
А и не кажав дека децата се обрска ама кога ке се земат в предвид и другите нешта доаѓа до преоптеретување...
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
кој рече дека се против??денес како шо гледам сите се за...и да и го удоволиш тоа пак не чини бараат нешто шо не постои...а тие шо се против...и во право се...не може жена да издржи фамилија освен во случаеви каде жената има наследство пари..фамилијарно...жената не можи да изврши потешка физичка работа за разлика од мажот....и се разбира кој е гла во фамилијата...и мислам дека ова не е никаква дискриминација кон женскиот пол.....шо е така така е...
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Абе факт е дека од почетоците на феминизмот па до ден денешен се има видно изменето и преминато во погрешен правец. Тоа за што се залагале жените на почеток, сега речиси и го имаат, а сепак дизаат галама за непотребни работи.:toe:

Искрено ама јас и не сум некој поборник ниту пак противник на феминизмот особено не во оној облик во кој е денес. Се немам ни почуствувано инфериорно, ама секојдневно гледам такви случаи. Ама мора да признаеш дека денес не само кај нас, туку секаде во светов жените не го уживаат потполно истиот статус во некои работи како мажите. Ке ти дадам глуп пример ама тоа ми текна : Кога некој маж ќе спие со повеќе жени, тој пред другите(другарите) е ЦАР! Ама кога жена ке го прави истото, таа е веќе...знаеш што, да не именувам со погрдни зборови...:pipi:
А и не кажав дека децата се обрска ама кога ке се земат в предвид и другите нешта доаѓа до преоптеретување...
Ова нема никаква врска со правата на жените.
Живееме во демократска држава каде што-барем последниве години-жените имаат се поголема улога во општеството. Се поголем број на жени се дел од законодавната и извршната власат (пратеници, министри) а за ова голем број западни држави можат да ни завидат.
Во деловниот свет ситуацијата е иста, многу жени се на раководни позиции.

Стереотпиот за тоа дека жената е "курва" ако има секс со повеќе мажи, а мажот дека е "цар" ако го прави истото владее низ целиот свет.
Но тоа колку што произлегува од мажите толку е и од жените. Колку пати сме биле сведоци како пријателки едни на други зад грб зборуваат "види ја која курва станала" и тоа најверојатно само од чиста љубомора.
Освен тоа, тоа е сосема друга тема...што мислам дека ја имаше некаде низ форумот.:)
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Одамна нема смисла феминизмот... Откако жените гласаат, одат на факлтет и активно учествуваат во секој дел од општествениот живот. Сигурно дека има во општеставата каде ги кастрираат за да бидат верни или кај што ги каменуваат до смрт ако се заљубат во некој од друга класа, ама во секој друг случај - совршено непотребно.
Во моментот кога ги имаме сите права кои можеме да ги посакаме, феминизмот би дошол нешто како начин на неспособните жени да се истуркаат над мажите и останатите, способни жени. Тоа е едноставно желба да се спружат нозете надвор од чергата... Не треба секоја жена да биде на висока функција само затоа што е жена, треба да биде таму само доколку ја бива доволно за да може да се справи со тоа...
Никој не може да ме убеди дека мажите полесно си поминуваат низ животот затоа што не е така. Ние ја имаме (или можеме да ја имаме, сеедно) комбинацијата на знаење, шарм и работа која може да не однесе секаде каде ќе замислиме. А во исто време можеме да бидеме и мајки и сопруги и маалски муабетџики:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom