Втора шанса

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Па ајде , зошто да сме помалку човечни и да не простуваме. Нека други осеќаат совест или тежина ...јас сакам да сум реален и фер кон сите, без разлика дали тие го ценат тоа.:)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Пред извесно време ќе речев, не давам ни прва шанса, а камо ли втора.
But things have changed, so...Не втора шанса, него двеста дваесет и втора треба да се даде.
Нема нормален човек имун на опрост и дадена шанса. Можеби, ќе го изневери даденото доверие неколку пати, но ако разбираме и приоѓаме со искрена љубов,тогаш и камен ќе даде позитивен фидбек.

А, кога велите дека не давате втора шанса, имајте во предвид дека и вие некогаш ќе се најдете во ситуација кога ќе преколнувате да ви се даде уше еден обид, уште малку доверие...И сигурно, ако сте биле исклучиви или безмилосни нема да го добиете.
Поинаку, прави им го на другите она, што сакаш да ти го прават на тебе
 
Tea ^^

★ loli pop ★
Член од
15 октомври 2008
Мислења
187
Поени од реакции
8
Зошто да не се даде втора шанса, доколу постои можност да се исправат работите во правилна насока.
Мислам дека секој заслужува барем втора шанса, сепак ние сме луѓе кои некогаш знааат да погрешат и подоцна да се покајат за истото.
Но, највеќе ме нервира кога некој ќе добие втора шанса и истата ја злоупотреби е тогаш крај нема повеќе.
Знаете втората шанса е добра, заради тоа што можеш да истестираш некого, дали ќе се оправи или не.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
But things have changed, so...Не втора шанса, него двеста дваесет и втора треба да се даде.
Нема нормален човек имун на опрост и дадена шанса.
Простувам и давам втора шанса, но повеќе од тоа не би можел...Која е логиката ако на една личност која стално ми греши и давам втора шанса?Нели ако е случајна грешка нема да се повтори...И како би можел јас да простувам на некој кој упорно прави едни исти грешки? Нели е тоа малку апсурдно...
Ова ме потсети на еден дел од Алхемичарот на Коелјо...
Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи два пати. Но, она што се случило два пати, сигурно ќе се случи и трет пат...
 
Ууу колку само се сложувам со тебе
Добро кажано:helou:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Точно е дека сум најстара на форумов, ама мислам дека ова нема врска со давањето трета шанса ,ќе појаснам .кога се работи за блиски луѓе и луѓе на кои ако не им дадеш повторна шанса може да те откачат дефинитивно а тоа значи дека можеби и ќе ме лишат од близината на многу драги личности ,затоа свесно давам шанса кога немам избор односно љубовта према тие личности е толку голема да сум спремна и да се понижам за да бидам во нивна близина. Можеби не сум во право, дури губам од своето достоинство, но сепак срцето ми кажува дека морам да поминам преку се .
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Никој не губи достоинство, меѓутоа кога довербата ќе ти биде разнишана два пати од една личност, па била и најблиската, не верувам дека љубовта према таа личност сеуште ќе биде онолку јака колу што била...сепак до некаде се согласувам со тебе...
поздрав:helou:
 
-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
Пред извесно време ќе речев, не давам ни прва шанса, а камо ли втора.
But things have changed, so...Не втора шанса, него двеста дваесет и втора треба да се даде.
Нема нормален човек имун на опрост и дадена шанса. Можеби, ќе го изневери даденото доверие неколку пати, но ако разбираме и приоѓаме со искрена љубов,тогаш и камен ќе даде позитивен фидбек.

А, кога велите дека не давате втора шанса, имајте во предвид дека и вие некогаш ќе се најдете во ситуација кога ќе преколнувате да ви се даде уше еден обид, уште малку доверие...И сигурно, ако сте биле исклучиви или безмилосни нема да го добиете.
Поинаку, прави им го на другите она, што сакаш да ти го прават на тебе

well well well...sounds like confession, redemption a?:smir:

искрено кажано, зависи од ситуација и од моментот, сите ние не сме во секој момент еднакво стабилни или нестабилни...

...втора шанса...па да секако, ама пак зависи во која ситуација сме...еве рецимо...ја сум згрешил и помнам...па после иде она...памти па врати...а зошто па да не...луге сме после се.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Простувам и давам втора шанса, но повеќе од тоа не би можел...Која е логиката ако на една личност која стално ми греши и давам втора шанса?Нели ако е случајна грешка нема да се повтори...И како би можел јас да простувам на некој кој упорно прави едни исти грешки? Нели е тоа малку апсурдно...
Ова ме потсети на еден дел од Алхемичарот на Коелјо...
Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи два пати. Но, она што се случило два пати, сигурно ќе се случи и трет пат...
Tea^^ напиша:
Ууу колку само се сложувам со тебе
Добро кажано
Ете како Коељо стана бестселер. Болдираната речница е дел од марфиевите закони, Коељо крадел. Ама тоа е големината на добриот шоумен, да си ја познава публиката.

Инаку, на личноста не и даваш секогаш втора шанса, рецки и ставаш. И не мораш, само кога ќе плачеш дека некој тебе не ти дава втора шанса, помисли на ова што си го напишал, и речи, океј... и така не ја заслужувам, а ќе дојде таков ден, ако веќе и не е дојден, само не сакаш да си признаеш себе си.

Некои луѓе не заслужуваат втора шанса, но... кој ли знае? Јас не заслужив втора шанса, а ми дадоа илјада. Ништо не се смени. За тркалото да дојде на свое, треба во меѓувреме да се удрат пар дупки на скопскиот асфалт, а потоа може да разговараме за втора шанса.
 
Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Мислам дека помала е веројатноста некој кој што се покајал и вистински побарал да му се прости да ја направи истата грешка или слична одколку некој друг кој допрва би требало да го завземе неговото место.(ова е за оние поблиските кои ни значат нешто во животот)
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Секогаш давам втора шанса..мислам дека така нешо ќе се промени, некогаш се каам што сум ја дала, некогаш не:toe:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ете како Коељо стана бестселер. Болдираната речница е дел од марфиевите закони, Коељо крадел. Ама тоа е големината на добриот шоумен, да си ја познава публиката.

Инаку, на личноста не и даваш секогаш втора шанса, рецки и ставаш. И не мораш, само кога ќе плачеш дека некој тебе не ти дава втора шанса, помисли на ова што си го напишал, и речи, океј... и така не ја заслужувам, а ќе дојде таков ден, ако веќе и не е дојден, само не сакаш да си признаеш себе си.

Некои луѓе не заслужуваат втора шанса, но... кој ли знае? Јас не заслужив втора шанса, а ми дадоа илјада. Ништо не се смени. За тркалото да дојде на свое, треба во меѓувреме да се удрат пар дупки на скопскиот асфалт, а потоа може да разговараме за втора шанса.
Без разлика на тоа дали книгите на типот се бестселери со крадена содржина...Мене воопшто не ми е гајле дали тоа е марфиев закон или цитат од Алхемичарот... Што и да е, мене до сега многу ми има помогнато... Лично јас ја почитувам таа мисла... А тоа дека ти не заслужуваш 2ра шанса не можеш да кажеш така... Иако си свесен дека не ја заслужуваш...Никој не ти поклонува втора шанса...Обично ти ја бараш, за да докажеш дека си згрешил и дека нема да се повтори...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Без разлика на тоа дали книгите на типот се бестселери со крадена содржина...Мене воопшто не ми е гајле дали тоа е марфиев закон или цитат од Алхемичарот... Што и да е, мене до сега многу ми има помогнато... Лично јас ја почитувам таа мисла... А тоа дека ти не заслужуваш 2ра шанса не можеш да кажеш така... Иако си свесен дека не ја заслужуваш...Никој не ти поклонува втора шанса...Обично ти ја бараш, за да докажеш дека си згрешил и дека нема да се повтори...
Ако де, не те напаѓам дека ја почитуваш. :smir:

А инаку, не мора да значи дека сам ја бараш. Убаво напиша, “обично“ ти ја бараш... ама сепак мислам дека почест е случајот кога ти е понудена а немаш поим за тоа. И речиси редовно доаѓа во погрешен момент, кога не сме доволно свесни или спремни за да ја искористиме. Па после си ја лупаме главата, дека на времето кога сме имале шанса (втора очигледно) сме ја пропуштиле. :zid:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Епа веројатно за да не ја пропуштиш втората шанса, ќе внимаваш да не дојде до ситуација за 2ра шанса... Но кога веќе еднаш ќе згрешиш, биди многу претпазлив затоа што како што сам кажа не знаеш кога може да ти се пружи... Затоа секоја шанса треба да се искористи...НО САМО ПОЗИТИВНО:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom