Од копиљ. Практично никогаш не ни сум верувал во некое Божество. Читав многу стрипови со суперхерои како мал и ниту еден од боговиве не беше доволно фраер да ги замени нив.
Подетално за моите декларации и причините за нив можеш да прочиташ на првите страници од Прашања за Атеистите.
Само уште нешто. Се забележува дека си интелигентен и содржаен дечко. Многу ќе се разочарам ако утврдам дека и ти Атеизмот го сметаш за религија. Доволно е човек само да го постави прашањето на интернет, па да го добие не само одговорот, туку и општирни објаснувања (и компарации) за тоа зошто не е.
Пишувано е за ова НАЈМАЛКУ 50 пати од кои пола се мои, опширни пенавења... Те молам немој да се лизнеш на „Атеизмот е религија!“
Читав и јас стрипови и до ден денес ги читам (освен Алан ФОрд:baeh:.) ама не оставиле таков белег кон мене во однос на прашањето за Бог.
Ок ќе побарам на таа тема да видам што си пишал па после ќе поставам наредно прашање кое ќе држи вода, а нема да биде од револт поставено.
А тоа за Атеизмот и Религијата веруј дека ми е апсолутно небитен факт во мојот живот. За мене не како поими тику како персони Атеист и Религиозен човек се исти. Не гледам како атеистот и зошто напреднал повеќе од рисјанинот. Знаеш додека се убедувате кој е во право акој е во криво за неопиплива работа секогаш ќе има вакви дубиози.
Еве јас прашувам што добивам ако се декларирам како Атеист, ќе станам попаметен ? Секако не. Ќе ми биде поинаку у животот не?
Сум се декларирал како Христијанин оти воопшто не ми сметало да не биде така.
Затоа цело време си прашувам кој , што го натерало да цврсто биде убеден во погрешноста на Христијанството или погрешноста на Атеизмот?
Единствената разлика веројатно меѓу деклариран Атеист (како тебе) и нешто како мене (незаинтересиран воопшто за постоењето на бог или непостоењето, дали сум скептик, деист, атеист, верник појма немам и не ми е битна која категорија е мојата) е што работите кои се случуваат во денешно време а се сеушто необјасниви за науката, ти апропо ја отфрлаш веројатноста за т.н виша сила или случајност, и имаш уверување дека еден ден науката ќе го одговри тоа (и јас го почитувам тоа мислење) , а јас не ја отфрлам веројатноста дека е тоа случајност и едноставно ако науката понуди решение секако ќе го прифатам. Впрочем и во мојот потпис стојат основите на теоријата на хаосот (случајноста) сублимирани во 2 реченици.