- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Ајнштајн не верувал во личносен Бог, во старец со бела брада што седи на престолот со камшик во рака и што ги казнува лошите луѓе и сл. Сепак Ајнштај ни одблиску не бил атеист. Тој верувал во постоење на Бог, но си го разбирал на свој начин. Едноставно Ајнштајн бил доволно паметен да сфати дека Универзумот во целата негова комплексност мора да е дело на некој супериорен Ум, супериорен СоздателI do not believe in a personal God and I have never denied this but have expressed it clearly. If something is in me which can be called religious then it is the unbounded admiration for the structure of the world so far as our science can reveal it. (Albert Einstein, 1954)
"Мојата вера се состои од понизно восхитување на еден неограничен и супериорен ум кој се открива себеси во ситните работи кои ние можеме да ги набљудуваме со нашите ограничени и слаби умови. Ова длабоко и емотивно убедување за постоењето на една сила со разум, која се открива во несфатливата вселена, го сочинува мојот поим за Бог."
(The Universe and Dr. Einstein, Morrow, стр. 95)
"Секој што сериозно сака да се занимава со научни истражувања, може да се увери дека во законите на вселената доаѓа до израз еден дух, многу посупериорен од човечкиот, дух пред кого нашата скромна сила мора да се чувствува понизно."
(Алберт Ајнштајн)