Креационизам наспроти еволуционизам

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Кога е некој јавна личност, тој/таа е предмет на јавни дебати. Тереза не е имуна на тоа. Мислам дека треба да ги погледнеш и тековните документарни филмови за нејзиниот живот и дело кои, од почит према личноста, не беа објавени додека таа беше жива! Во нив ќе можеш да чуеш неромантизирани податоци за нејзината мисија.

Да нема забуни, јас не плукам по Мајка Тереза. Јас само се обидувам обландата да ја тргнам за да остане она што е не-мит - вистинскиот човек Мајка Тереза која не е безгрешна, како што не е безгрешен никој на планетава, нели.

Има многу злоупотреби - физички, психички и финансиски. Информирај се.
Теории на завери...ццц...:vozbud:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нобелова награда не се дава за докази. Се дава за откритија. Уште попрецизно, за природните науки се доделува од 1901 година. Во оваа година, теоријата за Еволуција е веќе одамна поставена и потврдена. Затоа Дарвин не ја добил.
Јас не забележав дека Дарвин не ја добил, туку пишав дека од сите 700-800 нобелови награди за наука, НИТУ ЕДЕН еволуционист нема добиено награда за некаков валиден доказ во насока на еволуцијата. Имајќи предвид колкава опозиција имал Дарвин во времето кога го издал контраверзното дело „За потеклото на видовите“, и тоа директно од неговите колеги, се сомневам дека и тогаш би добил.
Но сеедно, факт е дека од времето кога почнале да се доделуваат Нобелови награди за наука (1901 година) до сега (110 години) ниту еден еволуционистички научник нема добиено Нобелова награда за некакво валидно откритие во насока на еволуцијата. Очигледно Дарвиновата хипотеза зарибала уште во самиот старт, а понатамошните негови следбеници немаат никаков значаен придонес во рамките на Дарвинизмот.

Нобелова награда се дава за нови откритија во научните гранки во кои се доделува.
Со ова индиректно велиш дека од 1901 година па наваму немаме ниту едно значително ново откритие во насока на докажувањето на Дарвиновата хипотеза што заслужува Нобелова награда. Верувај, да имаше такво, веднаш ќе добиеше Нобелова награда.

Сите останати се научници кои ги користат механизмите на научниот метод, а не тексовите на Библијата.
Хмм можеш ли да ги наведеш механизмите на научниот метод? Ајде напиши ги во 4-5 точки механизмите на научниот метод, па да видиме дали Дарвин и неговите следбеници (еволуционистите) го користеле научниот метод при поставувањето на ткн. „научна теорија“ на еволуцијата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
да не почнавме да мешаме баби и жаби случајно, поконкретно мајка тереза.колку што се сеќавам таа добила нобелова награда за мир. и сега каква тоа врска има тоа со креационизмот и еволуизмот.јас осеќам дека ке најдите некоја корелација исто и како што давеникот ке се фати за сламка и ако баш и тоа ве прави среќни тогаш нека ви биди. ама колку да ве потсетам дека како што спомнаа погоре дека и обама има добиено нобелова за мир ама кога се во прашање човековите права во некоја суверена држава и нејзините внатрешни проблеми а уште и кога е богата со нафта ебати нобеловата награда ебати.нафта си е нафта.
така да не се залетувајте многу и припазите кога ја клавате мајка тереза во ист кош со другите!!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Во која област спаѓа еволуцијата:
1. Физика
2. Хемија
3. Медицина
4. Мир
5. Литература
6. Економија

Па за да се делат Нобелови награди во таа насока...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Мајка Тереза го докажала креационизмот???

Јоане, се буниш, Тереза добила награда за мир.
Да, награда за мир, но мир Божји, бидејќи мајка Тереза припаѓа на Бог и го сведочи Бога со животот.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас не забележав дека Дарвин не ја добил, туку пишав дека од сите 700-800 нобелови награди за наука, НИТУ ЕДЕН еволуционист нема добиено награда за некаков валиден доказ во насока на еволуцијата. Имајќи предвид колкава опозиција имал Дарвин во времето кога го издал контраверзното дело „За потеклото на видовите“, и тоа директно од неговите колеги, се сомневам дека и тогаш би добил.
Чорбаџи, нобелови награди во науката се доделуваат за научни откритија, неможе некој да добие награда за теорија на еволуцијата откако таа е веќе поставена од Дарвин која ја објавил пред постоењето на нобелова награда.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во која област спаѓа еволуцијата:
1. Физика
2. Хемија
3. Медицина
4. Мир
5. Литература
6. Економија

Па за да се делат Нобелови награди во таа насока...
Реално таа спаѓа во областа на научната фантастика или барем во филозофијата, но според еволуционистите таа спаѓа во Биологијата, поточно во Зоологијата затоа што нејзините хипотези се обидуваат да објаснат како настанале животинските видови.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Кога е некој јавна личност, тој/таа е предмет на јавни дебати. Тереза не е имуна на тоа. Мислам дека треба да ги погледнеш и тековните документарни филмови за нејзиниот живот и дело кои, од почит према личноста, не беа објавени додека таа беше жива! Во нив ќе можеш да чуеш неромантизирани податоци за нејзината мисија.

Да нема забуни, јас не плукам по Мајка Тереза. Јас само се обидувам обландата да ја тргнам за да остане она што е не-мит - вистинскиот човек Мајка Тереза која не е безгрешна, како што не е безгрешен никој на планетава, нели.

Има многу злоупотреби - физички, психички и финансиски. Информирај се.
Каква почит? Па таа жена е едвај висока метар и жилет, тешка колку ветер да не ја однесе, живее и работи во најглупиот кварт во Калкута, каде по улиците лежат пијаници, сакати, бездомници, тука вршат нужда, тука јадат... И кој тоа ќе и даде почит? Црвениот крст или полумесечината? Туку, гаволот не спие. Се што е добро за човекот, кога некој човек го предаде својот живот во „рацете“ на Бог и во болните, немошните, отфрлените гледа ЧОВЕК, а не говедо, куче, и се грижи за тој човек сметајќи го рамен на себе, прави се да се оцрни тој човек. На Интернет ќе најдеш илјадници „неоткриени факти“ за расипаноста на мајка Тереза, почнувајќи од тоа да ја омаловажат како човечко суштество па до тоа дека вршела криминал, а ментор се разбира бил папата Иван Павле II.
Но јас ќе ти предложам нешто. Стави се ти во улога на мајка Тереза и размисли, па одговори: Дали си спремен да одиш во Индија, да ја напуштиш Македонија и роднините и таму да живееш кучешки живот?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Реално таа спаѓа во областа на научната фантастика или барем во филозофијата, но според еволуционистите таа спаѓа во Биологијата, поточно во Зоологијата затоа што нејзините хипотези се обидуваат да објаснат како настанале животинските видови.
Па ти под еволуционисти ги ставаш скоро сите научници во светот.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Во која област спаѓа еволуцијата:
1. Физика
2. Хемија
3. Медицина
4. Мир
5. Литература
6. Економија

Па за да се делат Нобелови награди во таа насока...
Филозофија.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ABe, ja iam eden telefon cigla epten star model, kako toj evoluiral od toj model dio sea so gi ima najnovi modeli, sekoj e poedinecno sozdaden ama ocigledna e evolucijata to est apdejtojte ...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јас не забележав дека Дарвин не ја добил, туку пишав дека од сите 700-800 нобелови награди за наука, НИТУ ЕДЕН еволуционист нема добиено награда за некаков валиден доказ во насока на еволуцијата. Имајќи предвид колкава опозиција имал Дарвин во времето кога го издал контраверзното дело „За потеклото на видовите“, и тоа директно од неговите колеги, се сомневам дека и тогаш би добил.
Дарвин бил одамна мртов пред да се додели првата Нобелова награда. Прочитај историја. Ама оваа вистинскава. Оваа награда не се дава на одамна заминати луѓе. Ја нема добиено ниту Њутн, нели?

Инаку, Дарвин е почестен со ова, на пример:



А тоа со бладањето твое за опозицијата која Дарвин ја имал пред 150 години ти е смешен филм скроз. Па уште цитатите од тоа време ко ќе ги извадиш...

--- надополнето ---

Со ова индиректно велиш дека од 1901 година па наваму немаме ниту едно значително ново откритие во насока на докажувањето на Дарвиновата хипотеза што заслужува Нобелова награда. Верувај, да имаше такво, веднаш ќе добиеше Нобелова награда.

* * *

Хмм можеш ли да ги наведеш механизмите на научниот метод? Ајде напиши ги во 4-5 точки механизмите на научниот метод, па да видиме дали Дарвин и неговите следбеници (еволуционистите) го користеле научниот метод при поставувањето на ткн. „научна теорија“ на еволуцијата.
Теоријата на Дарвин ја има својата потврда уште пред да се воведе Нобеловата награда. Ти си стварно слаб со историја (оваа поновата)... Ного си досаден со тоа л'жгите подли...

За кој ку*ац да добие некој Нобелова награда за еволуција, кога све што ќе се открие како наод само ја потврдува. Глуп ли се праиш?!? За да добиеш Нобелова награда треба да направиш нешто тотално ново и револуционерно!!! Во 1901 година ТЕ е веќе завршен муабет.

Инаку. ТИ КАКО ГОЛЕМ КРЕАЦИОНИСТИЧКИ НАУЧНИК кој се чатали по „јавни дебати“ треба у мал прст да го имаш научниот метод, нели? Не треба да бараш од мене по 6-ти пут да ти го објаснувам.

Само пази се! Кога еднаш ќе го употребиш, тешко ќе се прелажеш на истите глупости ко сега.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Инаку. ТИ КАКО ГОЛЕМ КРЕАЦИОНИСТИЧКИ НАУЧНИК кој се чатали по „јавни дебати“ треба у мал прст да го имаш научниот метод, нели? Не треба да бараш од мене по 6-ти пут да ти го објаснувам.
Не ја префрлај топката на мој терен. Јас си го имам у мал прст не се секирај, туку сакам од тебе да ги прочитам механизмите на научниот метод. Мислам кога веќе ги спомна нели. Освен ако немаш некоја добра причина зошто не сакаш да ги спомнеш. Во тој случај те разбирам. И јас да сум на твое место би ја забушавал темава и би го заобиколил научниот метод.

Значи прашање до сите еволуционисти: Кои се механизмите на научниот метод? Што е тоа научен метод?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Реално таа спаѓа во областа на научната фантастика или барем во филозофијата, но според еволуционистите таа спаѓа во Биологијата, поточно во Зоологијата затоа што нејзините хипотези се обидуваат да објаснат како настанале животинските видови.
Штом постојат докази, не ни научна фантастика, ни филозофија.
Од тоа што го пишав погоре, за еволуцијата не може да се добие Нобелова награда, впрочем исто како и за технологијата, математиката итн.

Штета Чорбаџи за тебе што креационизмот не спаѓа во ниедна од претходно наведените области. Не е достоен дури ни за филозофијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom