Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
На неодамнешниот форум во живо, зборот Библија беше спомнат исклучиво од еволуционистите. Додека креационистите даваа научни аргументи против Дарвиновата хипотеза и спомнуваа аргументи од Биологијата, Генетиката, Геологијата, Палеонтологијата, Хемијата, Математиката, Физиката итн. аргументите на еволуционистите беа од типот:
„е како да не, нема врска“, а потоа: „е добро де, ако еволуцијата не е точна во што да веруваме, во Библијата ли? Па таму во Библијата вака така пишува, таму има илјадници грешки!“
И потоа една христијанка од публиката го прашува: „Дали си ја прочитал Библијата“
Еволуционистот вели: „Па не баш, само малце.“ (читај меѓу редови дека само 5-6 минути ја разлистал)
И сите останати се прашуваат: „Епа ако овој не ја прочитал Библјијата, тогаш од каде ги преброја илјадниците грешки“ :)

Слично беше и на предходниот форум во живо, кој беше на тема: „Дали Бог постои?“ На тој форум секој втор збор на атеистите (нема правописна грешка, велам: АТЕИСТИТЕ) беше Библија, Библија, ама зошто во Библијата Бог рекол вака, зошто направил така...“ а теистите не ја спомнаа ниту еднаш Библијата, туку зборуваа само од научно-филозофски аспект.

Имајќи го предвид ова искуство, многу е смешно кога некој атеист ќе рече: Ќе те прашам ова или она, само немој да ми одговориш дека тоа е така затоа што во Библијата вели така :)
Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.
Можам да замислам какви атеисти си успеал да прелажеш да ти дојдат на дебата... Можам, исто така, да ги замислам и „филозофско-научните“ аргументи на креационистите...

На неодамнешниот форум во живо пред мојата зграда, на пример, креационистите тресеа невидени глупости, а ние, атеистите бевме брилијантни. :|

Верувајте ми на збор, пошто ја така викам.

Едино малку ми се стресоа гаќите кога ти го прочитав последниов аргумент:

Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.
Колку треба да е некој вон контакт со реалноста за да може да напише вакво нешто?!?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Можам да замислам какви атеисти си успеал да прелажеш да ти дојдат на дебата... Можам, исто така, да ги замислам и „филозофско-научните“ аргументи на креационистите...

На неодамнешниот форум во живо пред мојата зграда, на пример, креационистите тресеа невидени глупости, а ние, атеистите бевме брилијантни. :|

Верувајте ми на збор, пошто ја така викам.
Да дојдеше немаше да има потреба да замислуваш. Вистинскиот форум во живо не се случи тајно пред нечија зграда, туку беше на јавна локација, недела дена унапред огласен, на интернет форумите, дури и на оваа тема, беа залепени постери по факултетите, поделени флаери. Значи беше јавно и достапно за сите, но сите не беа храбри да дискутираат во живо. Некои едноставно повеќе им лежи дискутирањето зад монитор, каде можат да се прават сезнајковци со меродавните гугл и википедија во позадина, каде нема правила на дискутирање, каде што можат да одат офтопик без око да им трепне и сл.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.
е ова ти е да се чудат будалите......
наука = вера
мислам дека ова спаѓа во чудно но вистинито
и ми доаѓа сега да се запрашам дали некој е растен во стаклено звоно , во саксија или .....
си замислувам некој научник го дели атомот или прави нацрти за атомска централа и пред да ја уклучат а без претходни обемни научни елаборати пресметки и што ли јас знам таму што треба да се направи една атомска централа вика господе боже поможи и бум
би светлина
а си веруваше убаво човекот имаше верба во бога дека ке проработи
вера = наука
да не пукниш ме изнасмеа
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да дојдеше немаше да има потреба да замислуваш. Вистинскиот форум во живо не се случи тајно пред нечија зграда, туку беше на јавна локација, недела дена унапред огласен, на интернет форумите, дури и на оваа тема, беа залепени постери по факултетите, поделени флаери. Значи беше јавно и достапно за сите, но сите не беа храбри да дискутираат во живо. Некои едноставно повеќе им лежи дискутирањето зад монитор, каде можат да се прават сезнајковци со меродавните гугл и википедија во позадина, каде нема правила на дискутирање, каде што можат да одат офтопик без око да им трепне и сл.
За бесмислени и ирационални теми каква што е Креационизмот нема што да се дебатира во живо. Креационистичките тврдења се одамна дебанкирани по сите научни основи. На јавна дебата, ти можеш да истресеш 40 лажни тврдења во една минута. Јас, како темелен проучувач, нема да имам време ниту една од нив да разобличам. Ако некој лаже на килотони, колку можеш во една минута да контрааргументираш?!?! Ништо!

Затоа, друже пропаганда, никој нормален рационален ум нема да си дозволи јавно да дебатира со Креационист, особено ако дебатата ограничува со 1, 2 или 3 минути.

Ти можеш 600 пати поише гомна да изедеш отколку што ја можам да исчистам позади тебе.

Вака, од зад монитор, како што може да се заклучи од читањето на оваа тема, јас имам време и ресурси на кои можам да се повикам за да секогаш конкретно и прецезно покажам на публиката каде и колку лажеш. Затоа јас тука не штедам вереме и затоа не ми паѓа на памет да се бламирам со луѓе кои дрско и отворено лажат неупатени навивачи.

Се' што ти имаш тврдено на оваа тема е темелно растурено! За тоа 3 минути се далеку од доволни.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Ќе почекам малку, пред да ги набројам сите научници што верувале во Исус. Да му го скршам филмот:).

Се плашам дека нема сијалица да запали по дома повеќе. Ќе се врати на свеќи.

Хинт: Никола Тесла
Хахахаха, да, научниците ептен му се молеле на Исус и Бог и затоа тој им дал сијалици... хахаххахаааа
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ќе почекам малку, пред да ги набројам сите научници што верувале во Исус. Да му го скршам филмот:).

Се плашам дека нема сијалица да запали по дома повеќе. Ќе се врати на свеќи.

Хинт: Никола Тесла
Ного чекаш, Новинарке... ми се здосади...

Ако ти помага нешто, можам да те упатам: Само 3% од членовите на Британската Академија на Науки веруваат во некаков Бог. Во САД, лулката на Креационизмот, тој процент е неверојатни 10%.

Овие податоци би требало да ти бидат доволни за да добиеш претстава за теизмот помеѓу научната фела денес! Не пред 50, не пред 300 или пред катаљон години кога неверниците христијанството ги гореше на клада.

Она што е важно е каква е состојбата со религиите и вербата во Бог денес!

Денес, практично и да не постои научник кој верува во Бог. Особено не некој кој се бави со природни науки.

„Секоја чест“ на исклучоците.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хахахаха, да, научниците ептен му се молеле на Исус и Бог и затоа тој им дал сијалици... хахаххахаааа
хахахаххахахахаха „Сите мои откритија беа резултат на молитва.“ (сер Исак Њутн) хахахахахаххахаа

--- надополнето ---

Денес, практично и да не постои научник кој верува во Бог. Особено не некој кој се бави со природни науки.
Тоа само во твојот илузорен свет.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
хахахаххахахахаха „Сите мои откритија беа резултат на молитва.“ (сер Исак Њутн) хахахахахаххахаа
Њутн живеел пред повеќе од 300 години! Познат е по неговите неортодоксни сфаќања за Бог.


За сатанистот Љутн збориш, не?

He also wrote many works that would now be classified as occult studies.
И за овој Њутн збориш:

Biographer Richard Westfall says: "Well before 1675, Newton had become an Arian in the original sense of the term.", that is, Newton did not believe that Jesus was God. Westfall adds, his views "remained unaltered until his death."[1]
За алхемичарот Њутн мислеше ваљда. Оној што цел живот ги убедувал луѓето дека ќе го открие Каменот на мудроста? За Њутн кој својата неортодоксна вера во Бог ја објаснува со фактот дека некој мора да ги „навил“ планетите за да се вртат, па нормално е тоа да е Бог.

За тој Њутн ли збориш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Њутн живеел пред повеќе од 300 години!
Што има везе тоа што живеел пред повеќе од 300 години. Да не случајно последниве 300 години некој атеист „докажа“ дека Бог не постои? :)

Познат е по неговите неортодоксни сфаќања за Бог.
Што има везе што немал ортодоксни сфаќања за Бог. Тука збориме за научници што верувале во Бог, а не за научници што имале ваква или онаква теологија. И MIKI1 се нарекува ортодоксен, па сепак неговата вера нема допирни точки со Библијата и изворното христијанство проповедано од Исус и апостолите.

За тој Њутн ли збориш?
Да, за тој Њутн, кој што меѓу другото рекол и:

,, Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно. "
,, Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно! "

--- надополнето ---

,,Науката ги доближува луѓето до Бог." (Луј Пастер)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На неодамнешниот форум во живо, зборот Библија беше спомнат исклучиво од еволуционистите. Додека креационистите даваа научни аргументи против Дарвиновата хипотеза и спомнуваа аргументи од Биологијата, Генетиката, Геологијата, Палеонтологијата, Хемијата, Математиката, Физиката итн. аргументите на еволуционистите беа од типот:
„е како да не, нема врска“, а потоа: „е добро де, ако еволуцијата не е точна во што да веруваме, во Библијата ли? Па таму во Библијата вака така пишува, таму има илјадници грешки!“
И потоа една христијанка од публиката го прашува: „Дали си ја прочитал Библијата“
Еволуционистот вели: „Па не баш, само малце.“ (читај меѓу редови дека само 5-6 минути ја разлистал)
И сите останати се прашуваат: „Епа ако овој не ја прочитал Библјијата, тогаш од каде ги преброја илјадниците грешки“ :)

Слично беше и на предходниот форум во живо, кој беше на тема: „Дали Бог постои?“ На тој форум секој втор збор на атеистите (нема правописна грешка, велам: АТЕИСТИТЕ) беше Библија, Библија, ама зошто во Библијата Бог рекол вака, зошто направил така...“ а теистите не ја спомнаа ниту еднаш Библијата, туку зборуваа само од научно-филозофски аспект.

Имајќи го предвид ова искуство, многу е смешно кога некој атеист ќе рече: Ќе те прашам ова или она, само немој да ми одговориш дека тоа е така затоа што во Библијата вели така :)
Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.
Тогаш бујрум да ги видиме тие аргументи кој таму си ги кажал и си ги замолчил атеистите! Што чекаш? Еве ти ја темата, кажи ги и да ни ја затвориш устата! :toe:
Како тоа таму партал ги правиш атеистите, а овде ќе кажеш две реченици и кога ќе те подбереме, стануваш семеен човек кој има обврски и неможе цел дена да седи на форум?!
Значи чекам аргументи кој си ги кажал таму и пред кој атеистите немале што да кажат, во спротивно ќе морам да заклучам дека лажеш.
И финти од типот дека ние сме "фраери зад монитор" другому кажувај, затоа што безброј пати сум те прашал што е тоа што те спречува да дискутираш овде? Ова не е ниту надпревар во пеење, ниту во танц, ниту избор на мис/мистер!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И финти од типот дека ние сме "фраери зад монитор" другому кажувај,


затоа што безброј пати сум те прашал што е тоа што те спречува да дискутираш овде?
Јас си дискутирам и овде и во живо. Секако во живо е подобро затоа што многу повеќе зборови со уста ќе кажеш во 2-3 минути, отколку тука што ќе искуцаш за пола саат по тастатурата. И безброј пати сум ти кажал дека овде не се води цивилизирана дискусија, туку монолози попратени со пцовки, навреди, клевети, често пати дискусијата забегува оф-топик, нема правила, не се знае кој пие кој плаќа итн.
Значи мене ништо никаде не ме спречува. Но вистинското прашање е што те врзува тебе и сите останати овде за мониторот?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Што има везе тоа што живеел пред повеќе од 300 години. Да не случајно последниве 300 години некој атеист „докажа“ дека Бог не постои? :)



Што има везе што немал ортодоксни сфаќања за Бог. Тука збориме за научници што верувале во Бог, а не за научници што имале ваква или онаква теологија. И MIKI1 се нарекува ортодоксен, па сепак неговата вера нема допирни точки со Библијата и изворното христијанство проповедано од Исус и апостолите.



Да, за тој Њутн, кој што меѓу другото рекол и:

,, Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно. "
,, Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно! "
Браво за Исак Њутн кој пред 300 години верувал во Бог. Иако тој бог не бил јахве или исус - сеедно! Њутн бил, пред 300 години, верник. Бил и алхемичар, окултист и масон. Све е тоа ОК. Само забораваш дека пред 300 години не се знаело практично ништо за вселената, за космичките закони, за потеклото на видовите, за фосилните наоди, за дрвото на животот.

Пробај да замислиш како Сер Исак Њутн би реагирал на сите овие информации кои нему, пред 300 години, му биле недостапни.

Човекот секогаш размислува во рамките на реалноста која ја познава. Њутн бил голем критички ум. Баш би било добро да можеме да видиме како би се снашол со вселената каква што ја знаеме денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom