DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Можам да замислам какви атеисти си успеал да прелажеш да ти дојдат на дебата... Можам, исто така, да ги замислам и „филозофско-научните“ аргументи на креационистите...На неодамнешниот форум во живо, зборот Библија беше спомнат исклучиво од еволуционистите. Додека креационистите даваа научни аргументи против Дарвиновата хипотеза и спомнуваа аргументи од Биологијата, Генетиката, Геологијата, Палеонтологијата, Хемијата, Математиката, Физиката итн. аргументите на еволуционистите беа од типот:
„е како да не, нема врска“, а потоа: „е добро де, ако еволуцијата не е точна во што да веруваме, во Библијата ли? Па таму во Библијата вака така пишува, таму има илјадници грешки!“
И потоа една христијанка од публиката го прашува: „Дали си ја прочитал Библијата“
Еволуционистот вели: „Па не баш, само малце.“ (читај меѓу редови дека само 5-6 минути ја разлистал)
И сите останати се прашуваат: „Епа ако овој не ја прочитал Библјијата, тогаш од каде ги преброја илјадниците грешки“
Слично беше и на предходниот форум во живо, кој беше на тема: „Дали Бог постои?“ На тој форум секој втор збор на атеистите (нема правописна грешка, велам: АТЕИСТИТЕ) беше Библија, Библија, ама зошто во Библијата Бог рекол вака, зошто направил така...“ а теистите не ја спомнаа ниту еднаш Библијата, туку зборуваа само од научно-филозофски аспект.
Имајќи го предвид ова искуство, многу е смешно кога некој атеист ќе рече: Ќе те прашам ова или она, само немој да ми одговориш дека тоа е така затоа што во Библијата вели така
Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.
На неодамнешниот форум во живо пред мојата зграда, на пример, креационистите тресеа невидени глупости, а ние, атеистите бевме брилијантни. :|
Верувајте ми на збор, пошто ја така викам.
Едино малку ми се стресоа гаќите кога ти го прочитав последниов аргумент:
Колку треба да е некој вон контакт со реалноста за да може да напише вакво нешто?!?Теистите или христијаните немаат никаква потреба да ја цитираат Библијата за научни теми, бидејќи науката е на нивна страна.