Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
А зошто не комбинација од тие 2, не се во контрадикторност, или пак можда некоја трета, четврта десета. И зошто да се прифати како догма?
Па и јас тоа го прашувам, која нивна теорија е точна. А комбинација од двете, тука веќе би се начнале дополнителни прашања.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Башка за сигналите...наводно добија сигнал 70-тите, потоа во 2006 излегува еден од вработените во институтот и обзнанува дека имаат сигнал, но ја кријат наводно од јавноста...истиот формира своја институција и издава книга. Кому од нив да веруваме :)
Којзнае.
Не е се достапно за јавноста.
Официјалните верзии во поголем дел се само лаги.
Доколку авторот на таа книга дава соодветни докази и има реални индикации за тоа што го кажува - зошто да не? Нема да е првпат да се кријат некои работи.
А од друга страна ми е нејасно која мотивација би имала некоја напредна цивилизација која ги пребродила опасните моменти во својот равој па дошла до степен за меѓугалактички патувања да комуницира со земјаните.
Освен за ремет и сеир, во случај да низ милениумите не ја загубиле смислата за хумор.
Или сожалувањето.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Знам доволно за програмот СЕТИ, не ми треба некоја книга да ме запознае.
И да, не знаеше, затоа се истрча така...
Хахахах доста бе....досаден си и да сум знаел и да не ти никогаш нема да знаеш како било.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Хахахах доста бе....досаден си и да сум знаел и да не ти никогаш нема да знаеш како било.
Игорче, шо врска има гама зрачењето со глобалното затоплување? :vozbud:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па и јас тоа го прашувам, која нивна теорија е точна. А комбинација од двете, тука веќе би се начнале дополнителни прашања.
Догма...кога во образовниот систем ќе мора да учиш за постанок на светот, постанок на живите организми според одредена теорија, тоа не е догма? Сосема иста како и постанокот од ребро или прав. Тоа што периодично на 2-3 децении ја менуваат не ја меунва суштината дека човек во системот на образование не смее да мисли со своја глава, не смее да мисли дека постои и четврта можност за постанок и развој.
А зошто ти е потребно да знаеш која е точна. Можда ниедната.
А образовниот систем е друга работа. Нешто мора да се изучува. И убаво си пишува дека ТЕ (не абиогенеза) е теорија. Всушност не се ни изучува, каде ти си видел да се спомнува абиогенеза?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Реков дека не се само тие два. Од проекти се откажаа и Франција и други држави ради дуплирање на долгови, без резултат. Побарај ако ти е битно.

Наместо да се секираш за креационизмот и неговата глупост...сеуште очекувам конкретен одговор за теориите абоигенеза, панспермија...која од нив е точна. Која да ја прифатиме као догма и зашто. Како е можен експлозивен бран на жив свет од таа абиогенеза кога и дел од самите институти се оградуваат од оваа теорија како недокажлива (според истите, експериментите кои се вршени се неуспешни, затоа и не се интензивираат). Имаш у наука подфорум за панспермија која повеќе е прифатена последно време.
ОК, значи не „паѓале како играчки“, туку 2 паднале во целата историја на летови на програмата. А, тоа што се откажале од проектите французите, нив да си ги прашаш, пошто не е прашање поврзано со еволуцијата, нели?

Дури и да е панспермија во прашање за потеклото на ѓивотот на Земјата, прашањето на почетокот на животот во универзумот се сведува на истата претпоставка која е во дадена во Абиогенезата.

А креационизмот е чиста глупост.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
А зошто ти е потребно да знаеш која е точна. Можда ниедната.
А образовниот систем е друга работа. Нешто мора да се изучува. И убаво си пишува дека ТЕ (не абиогенеза) е терија. Всушност не се ни изучува, каде ти си видел да се спомнува абиогенеза?
во биологија основно и во средно.
Искрено не би се замарал, но темата нешто забега со вакви теории...зависи од кој агол ги гледаш работите...ако буквалното читање за креацијата од прав е проблематична и (не знам македонски, англиски е weird), без истото да го толкуваш поинаку, од друга страна и овие теории се со иста тежина.

--- надополнето ---

ОК, значи не „паѓале како играчки“, туку 2 паднале во целата историја на летови на програмата. А, тоа што се откажале од проектите французите, нив да си ги прашаш, пошто не е прашање поврзано со еволуцијата, нели?

Дури и да е панспермија во прашање за потеклото на ѓивотот на Земјата, прашањето на почетокот на животот во универзумот се сведува на истата претпоставка која е во дадена во Абиогенезата.

А креационизмот е чиста глупост.
Па пребарај. Да, панспермијата...а од каде дошол првиот жив свет на таа планета од каде потекнува живиот свет на земјата и како истиот се вклопува во ТЕ и еволутивните процеси и днк-то, интелигенцијата, мислата, емоциите...за мене се и овие теории само теории без аргументи...исто глупост ама тоа е.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
во биологија основно и во средно.
Искрено не би се замарал, но темата нешто забега со вакви теории...зависи од кој агол ги гледаш работите...ако буквалното читање за креацијата од прав е проблематична и (не знам македонски, англиски е weird), без истото да го толкуваш поинаку, од друга страна и овие теории се со иста тежина.
Во биологијата, за волја на вистината, да, пишува за стварање од органска во неорганска материја и за стварањето на првите едноклеточни организми, Но никаде абиогенеза не се спомнува. Тоа беше поентата со образованието дека нешто мора да пишува. Полесно е тоа да го објасниш отколку панспермија која е далеку понова теорија. За креационизмот да не зборувам, со таква лудост не треба да се оптоваруваат деца на таа возраст. А и никој не ти брани да сам истражуваш вон школските активности нели? Па и креационизам.

--- надополнето ---

Да, панспермијата...а од каде дошол првиот жив свет на таа планета од каде потекнува живиот свет на земјата и како истиот се вклопува во ТЕ и еволутивните процеси и днк-то, интелигенцијата, мислата, емоциите...за мене се и овие теории само теории без аргументи...исто глупост ама тоа е.
Дај те молам, аргументи има многу..... Јас те рачунам за многу поинтелегентен од доста забегани верничиња овде.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, панспермијата...а од каде дошол првиот жив свет на таа планета од каде потекнува живиот свет на земјата и како истиот се вклопува во ТЕ и еволутивните процеси и днк-то, интелигенцијата, мислата, емоциите...за мене се и овие теории само теории без аргументи...исто глупост ама тоа е.
За тебе се теории без аргументи дека најверојатно не си ги разбрал аргументите. Поинаку не можам да те сфатам, стварно. Ако филогенетското дрво не ти е јасно, ако не ти се вклопува во животната логика, не гледам како би можела да ти се вклопи и абиогенезата.

Инаку, сосем е небитно каде настанал животот. Во еден момент од огромното уневерзумско време се случило претворање на жива во нежива материја. Материјалот е истиот. Се усложнил, следејќи ги едноставните физички закони.

Дали настанал во длабочините на океанот, во јоносферата, на месечината или катаљон километри од тука е исто така неважно. Битно е дека од моментот кога е на земјата тој се владее според механизмите на еволуцијата и тоа е неоспорен факт.

Креационизмот, од друга страна, е бизарен обид на фундаменталните протестанти да ја маскираат Библијата во научно руво.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Панспермијата не е никаква алтернативна теорија за настанувањето на животот. Панспермијата само го премостува проблемот за потеклото на животот од Земјата на друго место, каде што повторно се поставува прашањето: Како настанал животот таму? Тамошните панспермисти ќе речат: Епа со панспермија, тука животот дошол од некое трето место. Тамошните ќе речат од четврто место итн. Но факт е дека животот некаде морал или случајно да настане од слепите сили на природата, или пак плански бил создаден од некое Интелигентно битие. Трета опција нема.
 
Дали нема и трета и четврта...и десетта?

--- надополнето ---

Во еден момент од огромното уневерзумско време се случило претворање на жива во нежива материја.
Дали си сигурен ти во тоа? Не велам дали е или не е точно. Делот со еволуцијата не го коментирам, оваа реченица ме итересира само.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
I da ve sozdal Gospod? Sto menuva toa? Posle toa sakate da kazete deka imate nekoja prednost kaj nego, kako ne, se gleda sto prednost koj porano koj podocna site umirame!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
I da ve sozdal Gospod? Sto menuva toa? Posle toa sakate da kazete deka imate nekoja prednost kaj nego, kako ne, se gleda sto prednost koj porano koj podocna site umirame!
Ако не создал Господ, тоа значи дека не сме само материја, туку и дух. Тоа пак значи дека смртта не е точка, туку запирка во нашето постоење. Прашањето е што следува после таа запирка и дали противниците на Господ ќе делат иста иднина со оние „забеганите“.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако не создал Господ, тоа значи дека не сме само материја, туку и дух. Тоа пак значи дека смртта не е точка, туку запирка во нашето постоење. Прашањето е што следува после таа запирка и дали противниците на Господ ќе делат иста иднина со оние „забеганите“.
Заклучоков ти пишти! Ако не сме биле само материја, смртта не била точка туку запирка! Ај неколку прашања до тебе чорбаџи!
Што претставува за тебе кога ќе кажеш "Јас"? Дали твоето "Јас" е истото кога си имал 10 години и сега? Дали ќе биде истото после 30 години? Што се случува со твите сеќавања, убедувања, планови.....ако добиеш трајна амнезија, и целиот твој живот се избрише?
И ако смислата на постоењето е вечноста зошто се вели: "Живеј го секој ден како да ти е последен", зошто не се вели: "Живеј го секој ден како да ти е вечен"?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom