- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Од каде го разбра тоа? Од паушалните коментари на DBACK? Неговите лаги и клевети не ги коментирам одамна. Возраста не ми дозволува да се спуштам на негово ниво.Баш би сакал да слушнам кои се тие набљудувања. А на дебатата нема шанси да присуствувам зошто ко што разбрав ем ти ќе пишуваш ем модератор ќе бидеш т.е ќе го имаш последниот збор. И ајде де да погодам кој ќе биде "победникот" на таа пародија од дебата...
Таман работа модераторот да биде и дискутант. Тоа би било пресмешно. Ова ќе биде сериозен форум, на кој ќе присуствуваат и универзитетски професори (само во публика), а на кружната маса ќе дискутираат студенти. Па повели, скрши го мразот, речи: „мечка страв, мене нестрав!“
Или кој било друг. Доста бевме фраери и сезнајковци пред монитор. Ајде да подискутираме во живо, со зборови, лице во лице.
Тоа не е еволуција. Ниту природната, ниту вештачката селекција немаат врска со еволуцијата. И 10 милиони години да ги комбинираш влечугите, на ниту еден нивен потомок нема да му се појавам пердуви, крилја, шупливи коски, ниту еден од нив нема да полета и сл.Eве пример за вештачката селекција, тоа е вештачко одгледување на одредени својства (подобри) во однос на другите својства. На пример, размножување на добар машки коњ со одлични квалитети со здрав женски коњ, така што потомците ќе го има бараните особини како на пример тркачки квалитети. Друг пример е одгледување на големи овошја и зеленчук заедно за да се задржи добивање на добра големина. Ова е спротивно од природната селекција, која е спонтана и затоа трае подолго а послабите единки се елиминирани или од предатори или од неможноста да уловат храна. Нормално кога еволуцијата би била неточна ова би било невозможно бидејќи нели невозможно е да се еволуира или мутира во нешто друго зошто според креационизмот сите сме создадени од Господ такви какви што сме и такви ќе останеме, да беше тоа вистина немаше вакви работи да успеваат. Aко ова не те убеди порадикален пример е лигерот кој е хибрид од лав и тигрица. Ако еволуцијата и мутацијата се измислици зошто ова успева?