Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Баш би сакал да слушнам кои се тие набљудувања. А на дебатата нема шанси да присуствувам зошто ко што разбрав ем ти ќе пишуваш ем модератор ќе бидеш т.е ќе го имаш последниот збор. И ајде де да погодам кој ќе биде "победникот" на таа пародија од дебата...
Од каде го разбра тоа? Од паушалните коментари на DBACK? Неговите лаги и клевети не ги коментирам одамна. Возраста не ми дозволува да се спуштам на негово ниво.
Таман работа модераторот да биде и дискутант. Тоа би било пресмешно. Ова ќе биде сериозен форум, на кој ќе присуствуваат и универзитетски професори (само во публика), а на кружната маса ќе дискутираат студенти. Па повели, скрши го мразот, речи: „мечка страв, мене нестрав!“ :)
Или кој било друг. Доста бевме фраери и сезнајковци пред монитор. Ајде да подискутираме во живо, со зборови, лице во лице.

Eве пример за вештачката селекција, тоа е вештачко одгледување на одредени својства (подобри) во однос на другите својства. На пример, размножување на добар машки коњ со одлични квалитети со здрав женски коњ, така што потомците ќе го има бараните особини како на пример тркачки квалитети. Друг пример е одгледување на големи овошја и зеленчук заедно за да се задржи добивање на добра големина. Ова е спротивно од природната селекција, која е спонтана и затоа трае подолго а послабите единки се елиминирани или од предатори или од неможноста да уловат храна. Нормално кога еволуцијата би била неточна ова би било невозможно бидејќи нели невозможно е да се еволуира или мутира во нешто друго зошто според креационизмот сите сме создадени од Господ такви какви што сме и такви ќе останеме, да беше тоа вистина немаше вакви работи да успеваат. Aко ова не те убеди порадикален пример е лигерот кој е хибрид од лав и тигрица. Ако еволуцијата и мутацијата се измислици зошто ова успева?
Тоа не е еволуција. Ниту природната, ниту вештачката селекција немаат врска со еволуцијата. И 10 милиони години да ги комбинираш влечугите, на ниту еден нивен потомок нема да му се појавам пердуви, крилја, шупливи коски, ниту еден од нив нема да полета и сл.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Од каде го разбра тоа? Од паушалните коментари на DBACK? Неговите лаги и клевети не ги коментирам одамна. Возраста не ми дозволува да се спуштам на негово ниво.
Таман работа модераторот да биде и дискутант. Тоа би било пресмешно. Ова ќе биде сериозен форум, на кој ќе присуствуваат и универзитетски професори (само во публика), а на кружната маса ќе дискутираат студенти. Па повели, скрши го мразот, речи: „мечка страв, мене нестрав!“ :)
Или кој било друг. Доста бевме фраери и сезнајковци пред монитор. Ајде да подискутираме во живо, со зборови, лице во лице.
Ако ти не си модератор би присуствувал. Ништо лично, само ми смета твојата пристрасност.
Тоа не е еволуција. Ниту природната, ниту вештачката селекција немаат врска со еволуцијата. И 10 милиони години да ги комбинираш влечугите, на ниту еден нивен потомок нема да му се појавам пердуви, крилја, шупливи коски, ниту еден од нив нема да полета и сл.
Ти очигледно не знаеш што се подразбира под еволуција.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако ти не си модератор би присуствувал.
Јас нема да бидам модератор. Супер, значи се гледаме утре :) позз

--- надополнето ---

Ха-ха-ха!!! Молекуларна биологија :) Колку лажеш у очи еееејјјј...
Од сите клевети што ги пишуваш и продолжуваш да ги пишуваш за мене, само оваа ти содржи полу-вистина. Вистината е дека докторатот на Стивен Мејер не му е по молекуларна биологија (иако има многу допирни точки), а невистината е дека лажам „у очи“ (што и да ти значи тоа). Грешката е во преводот на книгата која ја користев. Сега проверив во оригиналот и видов дека таму е поинаку. Значи тоа е превид на преведувачот. Како и да е, се извинувам за непроверената информација и фала за забелешката. Веднаш ќе фо информирам издавачот да ја поправи во следното издание.

Сепак тоа не го намалува кредибилитетот на д-р Стивен Мејер да пишува околу еволуцијата. Сепак е геофизичар со докторат по историја и филозофија на науки и тоа не на Фон, ниту на Штулов, туку на Кембриџ. Еве ти негов сајт: http://www.stephencmeyer.org/ погледни го видеото, за момент барем тргни ги предрасудите на страна.

--- надополнето ---

Еве ти еден доктор по биохемија, се вика Мајкл Бехе (вака проверувај го на гугл: Michael Behe :)

Michael J. Behe is Professor of Biological Sciences at Lehigh University in Pennsylvania. He received his Ph.D. in Biochemistry from the University of Pennsylvania in 1978. Behe's current research involves delineation of design and natural selection in protein structures. In addition to publishing over 35 articles in refereed biochemical journals, he has also written editorial features in Boston Review, American Spectator, and The New York Times. His book, Darwin's Black Box discusses the implications for neo-Darwinism of what he calls "irreducibly complex" biochemical systems. The book was internationally reviewed in over one hundred publications and recently named by National Review and World magazine as one of the 100 most important books of the 20th century.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тоа не е еволуција. Ниту природната, ниту вештачката селекција немаат врска со еволуцијата. И 10 милиони години да ги комбинираш влечугите, на ниту еден нивен потомок нема да му се појавам пердуви, крилја, шупливи коски, ниту еден од нив нема да полета и сл.
Пак лажеш.

Влечугите (како и никои други видови) не се комбинираат. Нема мешање на видови. Тоа и е карактеристиката која ги прави видовите.

Секако дека на ниту една влечуга нема да и се појават крилја. На различни гранки од еволутивното дрво се.

Еволуцијата се случува во периоди од стотици милиони години.

За секој вид на планетата постои место во филогенетското дрво. Ти го знаеш тоа поради тоа што 100 пати ти е постирано.

Повторно и повторно настапуваш со истите веќеразоткриени лаги.

Срам да ти е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Повели ако имаш г'з да дебатираш во живо на оваа тема ;)
Чорбаџи, се имаат пријавено некои од форумџиите атеисти на ивентот? Или слабо? Баш е интересно и ако се потрудите некако на делови да го ставите ова случување на јутуб. Кога може мокинс...зашто не и вие :) Додуша ако не е возможно со слика, макар само звук...се надевам нешто од ова ќе има да се слушне.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Од сите клевети што ги пишуваш и продолжуваш да ги пишуваш за мене, само оваа ти содржи полу-вистина. Вистината е дека докторатот на Стивен Мејер не му е по молекуларна биологија (иако има многу допирни точки), а невистината е дека лажам „у очи“ (што и да ти значи тоа). Грешката е во преводот на книгата која ја користев. Сега проверив во оригиналот и видов дека таму е поинаку. Значи тоа е превид на преведувачот. Како и да е, се извинувам за непроверената информација и фала за забелешката. Веднаш ќе фо информирам издавачот да ја поправи во следното издание.

Сепак тоа не го намалува кредибилитетот на д-р Стивен Мејер да пишува околу еволуцијата. Сепак е геофизичар со докторат по историја и филозофија на науки и тоа не на Фон, ниту на Штулов, туку на Кембриџ. Еве ти негов сајт: http://www.stephencmeyer.org/ погледни го видеото, за момент барем тргни ги предрасудите на страна.

Тоа не е случајна грешка. Тоа е намерна грешка и тоа се вика ЛАГА!

Секако дека нема случајно да згреши кога ќе напише МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА ееееејјјј.... каква срамота. СИТЕ ЌЕ ТИ ГИ НАЈДАМ!!!

СЕКОЈА ЛАГА ШТО ЌЕ ЈА НАПИШЕШ!

Инаку Мајкл е од истиот институт Discovery Institute - ве молам сите, видете како е маскирано ова фундаменталистичко гнездо да личи како наујчна институција. Се скршив од барање негде муабет за религија - НИКАДЕ НЕМА, освен еднаш што се споменува во мисијата.

Ова е гнездо на фундаментални протестанти кои одамна се потврдени како ПСЕУДОНАУЧНА (лажнонаучна) институција која лаже и краде од луѓето.

Не му верувајте на овој пропаганден платеник!!!

Се' што овој човек ќе напише за Еволуцијата е директна и отворена ноторна лага.

Јас го следам помно и секоја негова ЛАГА, ќе ја третирам дрско, онолку колку што ќе ми дозволи времето.

Мајкл Бехе е sorry bastard кој навистина ја напишал Darwin's Black Box и која книга навистина е третирано од научната јавност. Еве како:

The book has been a source of controversy, as the scientific community at large considers many criticisms of evolution or proponents of intelligent design to be religious, creationism, and pseudoscience
...критиките на еволуцијата се: религиозни, креационистички и ПСЕУДОНАУЧНИ.

Ете како му ја ревидирале книгата.

Чорбаџи, не е муабетот книгата да ти е прочитана или ревидирана од друг научник. Битно е што ќе каже научната јавност за твојата книга.

За книгата на Мајкл, научната јавност е едногласна: РЕЛИГИОЗНО БЛАДАЊЕ БЕЗ НИКАКОВ КОРЕН ВО НАУЧНИТЕ ВИСТИНИ!

Еве го, иначе, World Magazine http://www.worldmag.com/

Фундаменталистички протестантски журнал.

Ебате лажгото пропаганден!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
DBACK, џабе лаеш. Куче што лае не каса. Сосема ја разбирам твојата паника, нервоза и фрустрираност. И мене така пред многу години ми се скрши илузорната идеја дека еволуцијата е факт и дека сите научници се еволуционисти. Ако нешто најмногу ги збеснува еволуционистите е тоа кога човек им цитира врвни научници како не се сложуваат и го побиваат Дарвинизмот. Тоа е исто како да ги боцкаш со игла во зеница :) Тек па ако ти цитирам чесни, понизни и Open-minded еволуционисти како јавно ги признаваат слабостите и ненаучноста на еволуцијата, има сите твои коментари да се состојат од пцовки и клетви. Навистина ми е жал што си задоен во еволуционистичката и материјалистичка ортодоксна догма и што твојот светоглед е тесно ограничен во Дарвинизмот. Доказите се пред тебе, на дофат ти се. Се што треба да направиш е да го симнеш твојот тежок товар на предрасуди.

--- надополнето ---

Мајкл Бехе е sorry bastard кој навистина ја напишал Darwin's Black Box и која книга навистина е третирано од научната јавност. Еве како:
На секоја книга која смело пишува против еволуцијата ќе најдеш такви критики од страна на еволуционистите. Зарем очекуваш тие аплауз да му дадат? :)
Залудно ќе ти цитирам доктори по билогоија, биохемија, палеонтологија, геологија и сл. Се додека тие пишуваат против еволуцијата, за тебе и за повеќето еволуционисти ќе бидат квази-научници, псевдонаучници, bastards, клошари, облеани со пцовки, клетви, луѓе што треба да бидат запалени на сред плоштад - слично како што Римокатоличката црква го правеше тоа во мрачното доба.
Тоа се нарекува со еден збор: пристрасност или субјективност или предрасуда.

Се размислувам какви акробации ќе правиш ако почнам да ти цитирам еволуционисти што чесно ги изложуваат недостатоците на „теоријата“. Дали и нив ќе се залеташ да ги омаловажуваш, или пак внимателно ќе ги провериш, па откако ќе видиш дека се од твојата вера, ќе почнеш со некои други реторички акробации.
Како и да е, интересен си ми :)
поздрав

--- надополнето ---

Чорбаџи, се имаат пријавено некои од форумџиите атеисти на ивентот? Или слабо? Баш е интересно и ако се потрудите некако на делови да го ставите ова случување на јутуб. Кога може мокинс...зашто не и вие :) Додуша ако не е возможно со слика, макар само звук...се надевам нешто од ова ќе има да се слушне.
Јас не познавам лично речиси никого од форумот на кајгана, така што не знам од каде се тие што не ги познавам на ивентот.
Тешко дека ќе се снима. Еволуционистите и онака немаат храброст да се пријават на дебата во живо и којзнае дали ќе имаме барем 3-4 од нив, а камо ли пак ако им кажам дека ќе се снима и дека цела јавност ќе ги гледа како се резилат на јутјуб бранејќи една лага како што е еволуцијата. Тогаш ниту еден од нив нема да се појави.
Поздрав
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас не познавам лично речиси никого од форумот на кајгана, така што не знам од каде се тие што не ги познавам на ивентот.
Тешко дека ќе се снима. Еволуционистите и онака немаат храброст да се пријават на дебата во живо и којзнае дали ќе имаме барем 3-4 од нив, а камо ли пак ако им кажам дека ќе се снима и дека цела јавност ќе ги гледа како се резилат на јутјуб бранејќи една лага како што е еволуцијата. Тогаш ниту еден од нив нема да се појави.
Поздрав
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
DBACK, џабе лаеш. Куче што лае не каса. Сосема ја разбирам твојата паника, нервоза и фрустрираност.

На секоја книга која смело пишува против еволуцијата ќе најдеш такви критики од страна на еволуционистите. Зарем очекуваш тие аплауз да му дадат? :)
Залудно ќе ти цитирам доктори по билогоија, биохемија, палеонтологија, геологија и сл. Се додека тие пишуваат против еволуцијата, за тебе и за повеќето еволуционисти ќе бидат квази-научници, псевдонаучници, bastards, клошари, облеани со пцовки, клетви, луѓе што треба да бидат запалени на сред плоштад - слично како што Римокатоличката црква го правеше тоа во мрачното доба.

Тоа се нарекува со еден збор: пристрасност или субјективност или предрасуда.

Се размислувам какви акробации ќе правиш ако почнам да ти цитирам еволуционисти што чесно ги изложуваат недостатоците на „теоријата“. Дали и нив ќе се залеташ да ги омаловажуваш, или пак внимателно ќе ги провериш, па откако ќе видиш дека се од твојата вера, ќе почнеш со некои други реторички акробации.
Како и да е, интересен си ми :)
поздрав
СЕКОЕ ТВОЕ ЛАЖНО ТВРДЕЊЕ, бесрамно пејстирано од безброј пати разоткриените пропагандни креационистички лаги СО ДУША ГО ЧЕКАМ ДА ГО ЗАЛЕПИШ ТУКА.

Знам дека знаеш колку лажеш. Знам дека знаеше и за молекуларниот микробиолог. Знам дека знаеш и за сајтот каде уредно е дебанкирано секое досега промовирано креационистичко тврдење.

Можеби се залажуваш дека ќе се уморам. Можеби се надеваш дека ќе ми скурчи. НЕМА. Те имам на пик и тебе и сите твои пропагандни слуги што вребаат тужни души по фејсбук, по форуми и по средни школи и факултети. Сите вие што ви плаќаат да ширите лаги и дезинформации!!!

Вас човек треба да ве стави во затвор!

Едвај чекам да најдеш еден поддржувач на ТЕ кој има било што коректно да каже за Discovery Institute - твоите финансиери.

На секои месец два ти стигаат книги од кои ги вадиш лажните цитати.

Креационизмот и Интелигентниот дизајн НЕ СЕ НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ. Обете не користат научен метод и не докажуваат никакви тврдења. Обете тргаат од претпоставката дека Библијата е апсолутно вистинита (секоја ебана точка и запирка) и ги прилагодуваат сите факти кои можат барем малку да се стават во линија со неа, а ги отфрлаат сите останати!

Нема никаква врска со науката и не постои нормален и кредибилен научник во светот кој би се осмелил да застане во одбрана на вака дебилни и научно апсурдни тврдење.

Ти не можеш да најдеш ниту еден почитуван научник кој би го поддржал Интелигентниот дизајн или Креационизмот.

НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.

А за секој квази-научник кој ќе го споменеш, ќе го пребарам и ќе ги објаснам неговите мотиви за лажење.

СРАМОТА! Лажго еден поган!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
http://www.youtube.com/watch?v=BhmsDGanyes
Ричард Докинс, еден од главните современи свештеници на Дарвинизмот :) Оваа мини проповед му е само обичен изговор зошто му прпа да дебатира со сериозни креационисти. Тој кажува искуства од некои лаици што абер немаат од еволуцијата и демек не е достоен да дебатира со нив. Но што е со сите оние доктори по науки што го викаат на дебата? Џен Ленокс (професор на Оксфорд) е еден од оние што убаво го има средено на дебата (не за еволуцијата), па од тогаш Ричард е алергичен на дебати ;)

Пази како овде се заплеткува и потоа одговара на непоставено прашање ;)
 
Аеее ова видео е стопати дебанкирано :/
Eве одговор на прашањето преку прост пример од друг зошто очигледно го исекле одговорот на Докинс.

А зошто не дебатира со креационисти, имаш одговор во видеото. Не сака да им даде статус на научници кога не се. Одличен пример како што кажа "a reproductive scientist appeared on a platform with an advocate of the stork theory" Исто е богами, одлична споредба.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Судбината на сите атеисти :pos::pos::pos:
Да станат верници.
 
F

Frankie Yale

Гостин
:pos2: Прво неможеше да му стартуе програмот, а после блу скрин оф дет хахахха.
Да, овој не е бог со бесконечни потенцијали кои никогаш нема да станат бесконечни. Штета нели, програмиран е, не знае за медитација и огледалото.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Да, овој не е бог со бесконечни потенцијали кои никогаш нема да станат бесконечни. Штета нели, програмиран е, не знае за медитација и огледалото.
Е богами е програмиран, треба да си ЛУД да не видиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom