Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Значи ти навистина веруваш дека Господ го создал целиот овој универзум само за нас луѓето. Зошто тогаш во тие шест дена толку се мачел со "непотребни" работи, како ѕвезди, галаксии, квазари, маглини итн. Зошто не ја создал само нашата земја. Го имам поставено прашањево стопати, без одговор. Во нашава галаксија (има милијарди) има околу 200 милијарди ѕвезди. Од нив, повеќето немаат никаква планета што орбитира околу нив па се поставува прашањето, зошто сиот тој "залуден труд" од Господ? За да изгледа небото поубаво ноќе?...

Кој вели дека е само за нас луѓето? Кој може да ја ограничи Божјата креативност?

А за плаќање на сметката, не се сеќирај, ќе ти дојде редот и времето. Затоа живеј го животот, зошто не го знаеш денот и часот кога ќе одиш на оној свет. Смртта ќе дојде како крадец.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Кој вели дека е само за нас луѓето? Кој може да ја ограничи Божјата креативност?
Никој! Не дај боже некој да се осмели!:cuc:

--- надополнето ---

Затоа живеј го животот, зошто не го знаеш денот и часот кога ќе одиш на оној свет. Смртта ќе дојде како крадец.
Какви други светови какви глупости. Ќе умреш и толку ти е, ќе те жалат другарите и роднините, синовите/ќерките, внуците веднаш ќе те заборават а пак нивните синови нема ни да те познаваат. Толку, ќе исчезнеш како се остало, не се залажувај дека ти си нешто посебен и дека тебе те чека нешто горе. Толку ти е батка, затоа опушти се, никој не ти ги чита мислите, никој не ти ги запишува гревовите никој не ти брои поени за пекол/рај. Биди добар ако сакаш сеедно е, крајот ќе ти дојде како на се друго. Нема рај и нема пекол затоа relax and take it easy! И слушај малце музиче...

:eek:jea:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
ти збораш да луѓе од историјата и тоа не од толку дамнешната кои се докажани дека постоеле на овај или онај начин.заборам за живи луѓе од крв и месо како мене и тебе што во никој случај не докажуваат ништо освем дека тогаш и тогаш биле живи и си умреле.сега дали изгледала како на сликата или не и не е толку битно.дали таа родила син и дека тој бил зачнат како што бил зачнат тоа е друга приказан.никој не го негира христијанството како религија како што не го негираат не будизмот ни хиндуизмот ни исламот.тие се тука сега како верувања и е малце глупо да речиме дека не се.и впрочем воопшто и не е тоа муабетот.тука се зборува за концептот кое тоа движење го промовира за настанокот на светот и за се околу нас, самиот почеток на нештата, коренот на се. е тоа е проблемот.ако е се тоа засновано на лага а е тогаш цел концепт на нештата се лажни.и немој да ме сватиш погрешно никој не ја негирира улогата на религијата во историјата бидејки тогаш поради многу фактори како неразвиеност на цивилизацијата технологијата економијата и ред други фактори можеби и била потребна и одиграла до некаде позитивна улога во развитокот на цивилизациите во недостаток или неможност на објаснување на природните појави и други фактори кои денес ги земаме здраво за готово.но човештвото порасна и излезе од пубертетот , денес многу работи се појасни и во секој случај сме мноогу поразвиени како технолошки така и научно и културно, и сметам дека нема потреба стриктно да се држиме до религијата затоа што не држат повеке вода најблаго речено, и треба да се смести како во културно историско наследство на човештвото , еден дел од историјата која денеска е едноставно застарена како и многу верувања и религии пред неа, а во никој случај да се смести во рамките на модерна наука во објаснувањето на потеколото на се и да ја замениме со биологијата на пример.едноставно коренот или редоследот на нештата се најбалго речено неодржливи од денешна гледна точка.сметам дека е многу погрешно и погубно за цивлизацијата и човештвото генерално неговиот развиток и напредок да се знасновува на погрешни и неодржливи теории!
а за клипот за духот дај не заебавај , искрено за разлика од чорбаџијата сметам дека си далеку поинтелигентен и поразумен и може да се направи некоја нормала дискусија. ако за тебе тоа е доказ за нешто тогаш побарај на јутуб ке најдиш еден куп клипови за вонземјани како се појавуваат и се снимени, што е далкеу од релевантетн доказ за било што.ако на тоа се засновува твојата верба тогаш потполно ме разочара.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Никој! Не дај боже некој да се осмели!:cuc:

--- надополнето ---

Какви други светови какви глупости. Ќе умреш и толку ти е, ќе те жалат другарите и роднините, синовите/ќерките, внуците веднаш ќе те заборават а пак нивните синови нема ни да те познаваат. Толку, ќе исчезнеш како се остало, не се залажувај дека ти си нешто посебен и дека тебе те чека нешто горе. Толку ти е батка, затоа опушти се, никој не ти ги чита мислите, никој не ти ги запишува гревовите никој не ти брои поени за пекол/рај. Биди добар ако сакаш сеедно е, крајот ќе ти дојде како на се друго. Нема рај и нема пекол затоа relax and take it easy! И слушај малце музиче...

:eek:jea:
Добра е, но еве ти нешто од моето време.

Уживај.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
E еми со парадоксо шо прајме? И претходно ти го поставив не ми одговори...
Не постои парадокс. Затоа што Бог е вон просторот и времето. Не можеш да ставиш материјални атрибути на нешто нематеријално.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Еволуционизмот се засновува на ПРЕТПОСТАВКИ. Може но не мора, може вака ако тоа биде така, ако претпоставиме дека итн.
Тоа е доказот што се нуди.
Еволуизмот не може да одговори, а нема ниту претпоставка, ниту идеја како е создадена пра-материјата.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Pa se poaga od aksiomi, jasno ne moze se da se dokazuva ama toa e energija nesozdadena a ne bog.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Еволуизам не постои. Постои Теорија на Еволуција која е потврдена од повеќе аспекти и не постојат никакви соманевања за нејзината извесност помеѓу научниот свет. Она за што можеби некој спори се брзината со која таа се случува.

Теоријата на еволуција постојано, секојдневно се потврдува со биологијата и со секој новооткриен вид, кој совршено се фклопува во филогенетското дрво. Генетиката секојдневно ја потврдува ТЕ со новите наоди од истражувањата и проучувањата на геномите. Палеонтологијата постојано ја потврдува ТЕ со секој нов фосилен наод.

Сите овие науки ја потврдуваат Теоријата на Еволуција, и не постои ниту еден единствен наод, ниту еден единствен фосил или живо организам на оваа планета кој пркоси на Теоријата на еволуција.

Најди само еден таков и целата биологија, целата генетика и целата придордна наука на земјава ќе се промени од корен!

Само не можеш. Не можеш ти, не можат лудите креационисти и не може ниту еден научник.

То ти је. Можеш да мрчиш колку сакаш, можеш да збориш у празно, можеш да пљукаш колку сакаш, но никако не можеш да пронајдеш ниту еден доказ кој ќе ја оспори Теоријата на еволуција.

...а знам дека сакаш... нема поп или верник кој не сонува за едно откритие кое би ја отерало науката у пизде материне... Ама џабе!

Еве пробај!

--- надополнето ---

Не постои парадокс. Затоа што Бог е вон просторот и времето. Не можеш да ставиш материјални атрибути на нешто нематеријално.
Како ти го замислуваш Бог? Дали Бог одлучува? Дали Бог планира? Дали суди? Дали очекува нешто Бог?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Pa se poaga od aksiomi, jasno ne moze se da se dokazuva ama toa e energija nesozdadena a ne bog.
Еволуизмот не трпи аксиоми, конечни вистини кои не се докажуваат. Тој се потпира на ТЕОРЕМИ - претпоставки кои треба да се докажат ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО И ДА ВАЖАТ КАКО ДОКАЗ ЗА СИТЕ ТАКВИ СЛУЧАЕВИ. За создавањето на Вселената, сите понудени теории имаат недостатоци и не можат, не се во состојба да одговорат на оние прашања кои се познати. Овде не влегува прашањето на ПРА-МАТЕРИЈАТА. Секој озбилен ќе одговори дека за пра-материјата НЕ ЗНАЕ ништо, што е вистина.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еволуизмот не трпи аксиоми, конечни вистини кои не се докажуваат. Тој се потпира на ТЕОРЕМИ - претпоставки кои треба да се докажат ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО И ДА ВАЖАТ КАКО ДОКАЗ ЗА СИТЕ ТАКВИ СЛУЧАЕВИ. За создавањето на Вселената, сите понудени теории имаат недостатоци и не можат, не се во состојба да одговорат на оние прашања кои се познати. Овде не влегува прашањето на ПРА-МАТЕРИЈАТА. Секој озбилен ќе одговори дека за пра-материјата НЕ ЗНАЕ ништо, што е вистина.
Тотално си у грешка. Мислам дека воопто не ја ни познаваш Теоријата на Еволуција чим пишувашп овакви нон-сенси. Постојат безброј фактички докази и наоди вокорист на механизмот на еволуцијата. Очигледно е дека пишуваш на памет.

Пра-материјата и настанокот на животот немаат никаква врска со теоријата на еволуција. Прочитај си.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како мислиш ја утнале работата? Дали прашуваш зошто во Библијата нема пророштва за идните ненаучните теории што ќе бидат маскирани под целофанот на науката? Па дај ти се молам, Библијата има далеку попаметни работи да ни каже.
Ако нешто е маскирано под целофанот на науката тоа е креационизмот! И повеќе од доволно докажано и аргументирано на темава.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Непостоењето објаснување за нештото не значи дека тоа е БОГ!
Баш тоа е! Кога луѓето не знаеле зошто грми, велеле Бог го прави тоа. Кога не знаеле за гравитација, велеле Бог ги трга надолу, итн. итд. етц. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еволуционизмот се засновува на ПРЕТПОСТАВКИ. Може но не мора, може вака ако тоа биде така, ако претпоставиме дека итн.
Тоа е доказот што се нуди.
Еволуизмот не може да одговори, а нема ниту претпоставка, ниту идеја како е создадена пра-материјата.
Така е. Еволуцизмот се засновува на измами, ноторни лаги, фалсификувања, наштимувања, селективно прикажување на вистините, избрзани и недоследни заклучоци, циркуларни аргументи, индоктринација, извртување на научниот метод, режија, научна фантастика, пристрасни очекувања, уметничко сликање на „човеколики мајмуни“ итн.
Еволуцијата е филозофска претпоставка, пишано уметничко дело, но не и научна теорија. Не постои ниту еден валиден научен аргумент, а уште помалку доказ, дека еволуцијата некогаш се случила, дека се случува или пак дека има некакви реални шанси да очекуваме дека ќе се случи во иднина. Таа како филозофска мисла опстојува во моментално атеистичкото образование единствено затоа што таа е единствена, бесконкурентна хипотеза за настанокот на живиот свет во отсуство на Создателот Бог.

Дојдете утре вечер на дебатата и ќе разговараме за секоја од овие посебно и подетално. Редно време веќе е да се каже дека царот на еволуцијата е гол![FONT=&quot][/FONT]
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Еволуционизмот се засновува на ПРЕТПОСТАВКИ. Може но не мора, може вака ако тоа биде така, ако претпоставиме дека итн.
Тоа е доказот што се нуди.
Еволуизмот не може да одговори, а нема ниту претпоставка, ниту идеја како е создадена пра-материјата.
Теоријата на еволуција е заснована на ДОКАЗИ. За оние работи за кои нема докази се прават претпоставки врз основа на доказите. Докази се наоѓаат во фосилите, но и кај сите живи суштества денеска, како и во нивната генетика.

Науката има идеја за тоа како е создадена пра-материјата. Еве едно кратко видео за тоа. Имајте предвид дека видеово трае шест минути и дека е кратко резиме на еден куп истражувања во последниве стотина години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom