Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
А за второто: објасни, а јас ќе се потрудам да те разберам, како се создава простор од ништо?

Да, навистина, како се создава од ништо? Како Бог го создал од ништо?

Непостоењето објаснување за нештото не значи дека тоа е БОГ!

Значи само дека сеуште не успеваш да го разбереш.



Инаку, Биг Бенг не тврди дека настанал од ништо. Се вика сингуларитет.
 
Кај тоа пишува?? Во библијата ли?

Види богати???!!!! Толку бил ALLMIGHTY што и материја од ништо може да создаде? Нели беше он нематеријален? Значи он кажува дека не може материја од ништо, ама за него (тоа, таа, тој, што и да е) не важи?

Бог ги создал и поставил природните закони за да владеат со вселената, а не со Него. Јас никаде не сум рекол дека Бог е нематеријален. Бог е дух, но духот може да се материјализира. Како што постои врска меѓу енергијата и материјата, веројатно постои одредена врска и меѓу духот и енергијата т.е. материјата.
 
абе дури сега ми е се јасно. бог е Q. жими капетан жан лук пикард и кетрин џенвеј бог мора да е Q.
да не личи случајно на овај тип овде
specialwp11c.jpg

еве една појасна
05b1.jpg

колку што ги имам гледано сериите одговара на описот :)
 
Бог ги создал и поставил природните закони за да владеат со вселената, а не со Него. Јас никаде не сум рекол дека Бог е нематеријален. Бог е дух, но духот може да се материјализира. Како што постои врска меѓу енергијата и материјата, веројатно постои одредена врска и меѓу духот и енергијата т.е. материјата.

Веројатно??? Чуден некој доказ тоа „веројатно“. Е чорбаџи, чорбаџи, кога нема аргументи си смислуваш твои прикаски? Каде ова го пишува, дај цитати.

Дух да се материјализира?? :pos::pos::pos:
 
абе дури сега ми е се јасно. бог е Q. жими капетан жан лук пикард и кетрин џенвеј бог мора да е Q.
да не личи случајно на овај тип овде

Како изгледа Бог? Ќе има шанса секој да го види, порано или покасно, но сигурно. Но затоа знам како изгледа жената преку која се вооплоти Единородниот Син Божји, Исус Христос.
Еве ја жената. Се вика Марија. Родена е во Назарет.
1.jpg2.jpg
 
Каде ова го пишува, дај цитати.

Цитати од што?

Дух да се материјализира?? :pos::pos::pos:

Порано научниците, а и ден денес лаиците вака се смеат на тврдењето дека енергијата може да се материјализира. Ама ете, таа сепак може.
 
Мешаш работи кои не можат да се споредат. Што ќе добиеш кога ќе смешаш ДУХ И МАТЕРИЈА?
Бог не е материјален. Зошто не можеш тоа да го сватиш? Зошто и по толку објаснувања, сеуште не можеш да разбереш? Одгворот си го знаеш. Или е тврдоглавост или...

А за второто: објасни, а јас ќе се потрудам да те разберам, како се создава простор од ништо?

--- надополнето ---

Сето тоа што го пишиваш како „научен доказ“ припаѓа во делот на измислената фантазија, па дури не припаѓа ниту на погодување, односно било така - ама не било така, можело да биде ама не сме сигурни, ако претпоставиме итн. И врз основа на овие претпоставки кои се темелат на богатата фантазија се пласират убави приказни за мали деца. Па зарем толку не разбирате. Вие верувате во мртва материја. Верувате во претпоставки кои никогаш никаде никој ниту може ниту ќе може да ги објасни. НЕМАТЕ ОДГОВОР КАКО Е СОЗДАДЕНА МАТЕРИЈАТА.
Одговорете: Како е создадена материјата? Со самосоздавање? Верувате во тоа?

Дали си премногу глуп за да сфатиш или намерно глумиш удрен не знам, најверојатно е второто. Како и да е, твојот "Бог" е толку недефинирана појава т.е секој си го дефинира како сака што ете и да докажам дека неможе да постои по една дефиниција вие одма друга ќе му извадите, и таа да ја докажам како неточна, трета ќе извадите. Таа ќе докажам дека е неточна ќе се вратите на првата и ќе кажете дека не сум докажал дека е неточна. И така во круг до недоглед. И тоа болдираното не беше за религијата ?!
 
Ова задира во антитезите на Имануел Кант, само што тој го поставува проблемот од перспектива на Универзумот, велејќи:
Ако Универзумот имал почеток, зошто чекал бесконечно вечно време за да започне?
Ако пак Универзумот е вечен, зошто требало бесконечно време за да ја достигне сегашнава положба?

На ова Алберт Ајнштајн одговорил дека Просторот и времето не се апсолутни, не се фиксни позадини на настаните, туку се врзани со одреден инерцијален систем, одредено тело, одредена материја и енергија во универзумот. Времето и просторот се дефинирани само ВО Универзумот и затоа нема смисла да се збори за нив пред почетокот на Универзумот. Ајнштај тоа го илустрирал како барање на некое место јужно од јужнот пол. Едноставно нема смисла нели? :)
Епа истата дискусија е и со Бог. Бог, како создател на времето, Тој не е ограничен од времето. Тој е вонвременски. Времето е димензија во која живееме ние, а Тој таа димензија ја држи во рака. Во Библијата има стотици пророштва кои Бог ги претскажал за иднината. Тоа докажува дека Бог навистина живее во иднината и истата може да ја гледа и како минато. Малку нелогично за нашиот тродимензионален мозок, но сепак факт за Бог.

Значи ти навистина веруваш дека Господ го создал целиот овој универзум само за нас луѓето. Зошто тогаш во тие шест дена толку се мачел со "непотребни" работи, како ѕвезди, галаксии, квазари, маглини итн. Зошто не ја создал само нашата земја. Го имам поставено прашањево стопати, без одговор. Во нашава галаксија (има милијарди) има околу 200 милијарди ѕвезди. Од нив, повеќето немаат никаква планета што орбитира околу нив па се поставува прашањето, зошто сиот тој "залуден труд" од Господ? За да изгледа небото поубаво ноќе?

--- надополнето ---

А дали ти кажа Господ кога ќе умреш?
Таман сакав да го прашам ама мораше да си иде, некоја ситуација во Јапонија. И ме остави мене да ја платам сметката! Срамота...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom