Креационизмот е религиозна дебилштина невешто маскирана во наука. Невешто, затоа што „следбениците“ кои мислат дека знаат што прават, у ствари
појма немаат од наука, па оттаму и дебилната „наука“. На оваа тема пишува
еден креационист. (другиот не ни знаел што е тоа Креационизам, па пишувал за христијанството).
Еве, 99 страни тема, а единствениот Креационист тука нема ни „Д“ од дефинирање на својата „наука“. Единствениот креационист ги врти истите постови, ги пишува истите бесмислени паралели (игри со зборови, навидум поврзани аргументи, замена на тези и слични подли, ефтини, софистички трикови).
Единствениот креационист на темава се крие од прашањата на кои нема одговор со изговори дека има „приватен живот“, кој му трае се додека отворените прашања не се потиснат некоја страна наназад.
Горе-долу сите верници на темава (без оглед на исповеста) се сложија дека еволуцијата е факт. Единствен кој е крут во овој став е „креационистот“ на овој форум, кој за потребите на догмата која се обидува да ја протне, чат-пат омекнува и прави по некое салто, па така, понекогаш, ќе признае дел од еволуцијата
на сметка на својот аргумент, но потоа пак ќе направи пауза „за приватен живот“.
Креационизмот не е наука. Ако беше наука, после децении работа, ќе
можеше да се најде некој научен труд од таа наука.
Таков труд НЕ ПОСТОИ!
Ако беше наука, некаде ќе можеа да се прочитаат основните претпоставки на истата.
Такво нешто НЕМА!
Креационизмот нема за цел да објасни нешто. Единствена цел на креационизмот е да ја побие теоријата на еволуција.
ТОА НЕ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ! - како што се гледа од овие 99 страници. И како што се гледа од целиот интернет.
Може само да се обидува да заведе неинформирани и необразовани, лесно поводливи, емотивно нестабилни луѓе.
Жал ми е за тие луѓе. Затоа и ги утепав празниците токму на оваа тема.
Креационистот на темава е нечесен, манипулативен и со задна агенда опремен бигот.
Сметам дека треба да биде ставен на
суд на честа
(ако таков суд не постои на форумов - треба да се воведе)
--- надополнето ---
Произлегува дека науката дала само делумен одговор т.е. Дарвин докажал само една алка, целосен одговор за постанокот на животот на планетата Земја науката сеуште нема ( има некои теории кој сеуште треба да се докажуваат). Науката доаѓа до една точка каде нема одговор т.е. влегува во ќор сокак. Невелам дека креационизмот е одговорот, но ниту еволуцијата е таа која ни го дава одговорот.
Еволуцијата единствено дава одговор на прашањето за
развојот и диверзификацијата на животот на земјата. Воопшто
не се ни обидува да се петља во настанокот на универзумот, животот или „натприродните сили“.
Затоа мислам дека е важно луѓето да разберат
точно што е што.
Ако имаш сомнежи за создавањето на животот, можеш да отвориш тема од типот: Абиогенеза наспроти јудео-христијанско-исламска креација или наспроти Хинду креација, или наспроти Кирибати креација...
Мислам дека не е фер да очекуваш одговори од некого кој не ни ти ветил дека ќе ти ги даде. Тоа е како од кондураџија да бараш одговор зашто компирот закачил златица.
--- надополнето ---
Не можам а да не се запрепастам пред уште едно салто мортале на креационистот овде:
Парафразата е: Ако има ванземаљци, тогаш и нив ги создал некој. => Господ ги создал и нив, па ако они го посеале животот (панспермија ваљда мислеше, што ли) - тогаш сигурно господ ги создал и нив.
НЕМА ВЕЗЕ ВИШЕ што светот (според него) е 6000 години стар и ДЕФИНИТИВНО го создал јудео-христијанско-исламскиот бог. Сега може и ванземаљци да го создале. Сега може тоа да се десило и пред поише од 6000 години и може нема везе Библијата баш. АМА ВАЖНО НЕ Е ЕВОЛУЦИЈА!
Каква бесрамна пропаганда! Какво бесрамно, подмолно шпекулирање. И г'зот ќе си го даде, и Господ ќе си го предаде и у ванземаљци ќе поверува и ќе им даде шанса. САМО ЕВОЛУЦИЈАТА ДА НЕ ПОСТОИ!!!
Епа постои.
...а кутриот, не ни разбира дека и ванземаљци да не' посеале - еволуцијата пак ќе си брка работа - како што си ја брка веќе
5 МИЛИЈАРДИ години.
--- надополнето ---
Во ограниченоста на својот субмисивен ум, креационистот
нема капацитет да ја замисли комплексноста на универзумот, животот на земјата и мрежата на меѓузависности помеѓу сите елементи во микро и макро космосот.
Во својата ограниченост, исплашен, креационистот е итро подготвен одговорноста за своето постоење да ја стави во рацете на
непостоечки авторитет кој е причина
и изговор за сите неуспеси во неговиот живот.
Затоа и никогаш не се прашува
кој го создал неговиот комплексен креатор иако неговата постојана матра е: Овој живот мора да го создал интелигентен креатор.
ПА КОЈ ГО СОЗДАЛ ТОЈ ИНТЕЛИГЕНТЕН КРЕАТОР, кутра ограничена душичке?!?
Главниот аргумент на креационизмот (интелигентен креатор) се побива самиот.