Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Чек сега, јас имам долга пауза од подфорумов, инцидентно сум тука, ама: помина година и пол ако не и повеќе откако го р'чкав Мики за кенгурите. После тоа Лет3 отвори цела тема која заврши во Чек Дис Аут. И дали зборуваме за истите кенгури, оние од арката на Ное, кои се истовариле на Арарат а потоа сите заедно групно заминале за Австралија? Или се овие некои други кенгури?

Јас колку што памтам, Мики даде рационално објаснување: пред 4000 години Азија и Аврстралија биле поврзани со копно. Така кенгурите без да пливаат, стасале за Австралија. После копното се поделило. Јас мислам заврши таа дискусија :toe:
Епа Мики или ти нека даде уште порационално објаснување како тоа Австралија и Азија се одделиле за десетици илјади километри во рок од 4 илјади години.
И како толку брзо целото копно се појавило на површината на Земјата ако целата била поплавена? И каде отишла сета таа вода?
 
Во тоа време верувале дека земјата е една плоча што ја носат три китови.
И водата истекла кога ја исчистиле цевката од одводот. :pos2:
 
Чек сега, јас имам долга пауза од подфорумов, инцидентно сум тука, ама: помина година и пол ако не и повеќе откако го р'чкав Мики за кенгурите. После тоа Лет3 отвори цела тема која заврши во Чек Дис Аут. И дали зборуваме за истите кенгури, оние од арката на Ное, кои се истовариле на Арарат а потоа сите заедно групно заминале за Австралија? Или се овие некои други кенгури?

Јас колку што памтам, Мики даде рационално објаснување: пред 4000 години Азија и Аврстралија биле поврзани со копно. Така кенгурите без да пливаат, стасале за Австралија. После копното се поделило. Јас мислам заврши таа дискусија :toe:

Рационално за секого, факт е дека копното не отсекогаш изгледало вака. НО 4000 год. е премал период за толкава промена. Погледај на каратата колави парчиња копно фали на тој потег и сам израчунај колкави промени би требало годишно да се случуваат. За мои 48 год барем 10тина км. Верувам ќе сме го приметеле тоа ако е така.
 
Е да му се невиди мислев ќе ви текне, еве корекција на текстот:

[sarkasm]Jас колку што памтам, Мики даде рационално објаснување: пред 4000 години Азија и Аврстралија биле поврзани со копно. Така кенгурите без да пливаат, стасале за Австралија. После копното се поделило. Јас мислам заврши таа дискусија :toe:[/sarkasm]
 
Еволуцијата си е точно дефиниран поим.
Не го мешај со репрограмирање.
Ај да ја видиме дефиницијата:
Evolution generally refers to any process of change over time. In the context of life science, evolution is a change in the genetic makeup of a population of interbreeding individuals within a species.
http://www.wordiq.com/definition/Evolution
Ај сега ти објасни ми ја разликата и кажи ми каде е конфликтот помеѓу фантомската днк, холографскиот универзум и еволуцијата?
 
Сепак останува прашањето од каде се морални вредонсти кај луѓето, дали така се испрограмирани од виша сила односно господ или еволуцијата ги научила.
Моралните вредности се социјален феномен. Луѓето (диви деца, како Могли) кои пораснале во изолација немале морал. Заедницата има морал. Моралот нема врска со господ.
Впрочем, тоа лесно можеш да го забележиш и во самата библија. Моралот во стариот завет нема многу везе со оној во новиот завет.
Тоа значи дека моралот е и динамичен (менлив) феномен кој „мутира“ низ генерациите со прилично брзо темпо. Види што прават малите со сексот денес! ...или, уште подобро: “Денешнава младина е ужасна - не знам каде води светот!“ Anonymus, V век п.н.е. (озбилно)

--- надополнето ---

...И дали зборуваме за истите кенгури, оние од арката на Ное, кои се истовариле на Арарат а потоа сите заедно групно заминале за Австралија? Или се овие некои други кенгури?
...ќути, за тие збориме...

Сеа се усрамив дека барав да се повторуваат. Чим Мики рационално објаснил, се повлекувам.
 
Моралните вредности се социјален феномен. Луѓето (диви деца, како Могли) кои пораснале во изолација немале морал. Заедницата има морал. Моралот нема врска со господ.
Впрочем, тоа лесно можеш да го забележиш и во самата библија. Моралот во стариот завет нема многу везе со оној во новиот завет.
Тоа значи дека моралот е и динамичен (менлив) феномен кој „мутира“ низ генерациите со прилично брзо темпо. Види што прават малите со сексот денес! ...или, уште подобро: “Денешнава младина е ужасна - не знам каде води светот!“ Anonimus, V век п.н.е. (озбилно)
Е за ова си во право да... прво око за око, заб за заб после прераснува во сврти го другиот образ и слични примери... библија 2.0 а.к.а. куран и слични глупости. Сепак останувам на мислењето дека можна е и креационистичката теорија за настанокот на универзумот... само малку поисточњачка верзија а не Христијанска. Фракталната природа на вселената ме наведува на такво размислување.
 
Сепак останувам на мислењето дека можна е и креационистичката теорија за настанокот на универзумот... само малку поисточњачка верзија а не Христијанска. Фракталната природа на вселената ме наведува на такво размислување.
:) е, па тоа е финтата. Ако е источњачка, па дури и блискоисточњачка, тогаш не е науката-која-меѓу-народот-се-вика-Креационизам.

Креационизмот вика: Библијата е точна и токму тоа е начинот на кој е креиран светот (пази, не универзумот - светот). Со сите салтанати - прво светло, па ово-оно, па после сонце, па месечина, па звезди, па растенија, па животни да ги пасат (?!?! и крокодилот и лавот), па чоек, па се одморил. ...и све то за 7 дана. ...Ева не знам тачно кога ја праел. ...ама од кал све тоа. ...инаку водата не ја создал. Вода си имало и пред тоа.

Тоа не е наука. Тоа се смешки. Креационистите не се научници, туку се диверзанти кои манипулираат со научни факти за да поентираат во корист на организирана религија кај неуките луѓе.

Ниту еден креационистички „научник“ не објавува свои трудови во научни журнали. Зошто? Затоа што се свесни дека истите ќе подлежат на детална критичка проверка од страна на целата академска заедница. И сите нивни тврдења, „докази“ и „сведоштва“ ќе бидат темелно разгледани и проверени.

А на јутјуб можеш да кажеш све што сакаш... ...неписмените не проверуваат референци и ретко бараат мислење од другата страна.
 
Хехехе... дефинициите се основата на теориите... како сеа да „предефинираме“ :)
Не може, пошто креаационизмот вика дека е однапред дефинирано све :D
 
Тогаш можеби треба да се промени дефиницијата на креационизам.
Ако ја промениш тогаш нема да биде креационизам, туку нешто друго. Креационизмот тврди дека сите живи суштества се создадени онакви какви што ги гледаме и денес.
 
Во право сте и двајцата јас сам сум си создал дефиниција и поим за креационизам и цепам гајле немам без да ја земам во обзир општо прифатената. :pos2:
 
Абе побарав ја едно време литература за креационизам, извори нешто, ама Мики не знае у не се ни интересира нешто многу за „наука“, а овој Чорбаџи е „приватно зафатен“ изглеа па нема време да пушти. ...ни да одговори на питање...:cry:
 
Нема ни еволуције ни креационизма, све је ово део Бога и све је уређено да се дешава у оквиру одређених закона који би вероватно за идеално мудрог човека били чак и једноставни или бар интересантни. :wink:
 
Чек сега, јас имам долга пауза од подфорумов, инцидентно сум тука, ама: помина година и пол ако не и повеќе откако го р'чкав Мики за кенгурите. После тоа Лет3 отвори цела тема која заврши во Чек Дис Аут. И дали зборуваме за истите кенгури, оние од арката на Ное, кои се истовариле на Арарат а потоа сите заедно групно заминале за Австралија? Или се овие некои други кенгури?

Јас колку што памтам, Мики даде рационално објаснување: пред 4000 години Азија и Аврстралија биле поврзани со копно. Така кенгурите без да пливаат, стасале за Австралија. После копното се поделило. Јас мислам заврши таа дискусија :toe:

Wow, тоа е фантастично! Сега се има смисла. :)

Ама... хм... чекај малку... а армадилото во Мексико и мрзливците во Амазонија?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom