Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Од каде би знаел животинскит вид што мутира дали веќе постои таков вид па да го заобиколи и да мутира во нешто друго? Мутациите немаат очи. Тие се обични грешки во гените. Тоа се еден вид информативни грешки и ништо повеќе.
Ете, креационизмот пак не успеал да ја сфати едноставната поставка на ТЕ.
Видот не планира да мутира или еволуира. Еволуцијата е резултатот од прилагодувањето на видовите.
Какво прашање е тоа: „Како да го заобиколи?“ Зашто да мутира у нешто друго?!?!

Се гледа дека ти е стварно важна дирекција и аранжман. НЕМА ПРЕТХОДЕН АРАНЖМАН!!! Ако ова не можеш да го разбереш (не да го прифатиш, туку само да го разбереш) тогаш НИКОГАШ нема да можеш да го разбереш концептот на еволуција.

Има и денес риби со нозе и риби кои јајцата (не икрата) ги положуваат надвор од вода. Има и живи фосили кои според хабитатот во кој живеат укажуваат на извесноста дека безбедно и стабилно окружување води до минимални еволутивни промени. Постепеното усовршување на органите и организмите е разглобено до најситни детали од армии зоолози, ботаничари, геолози и слични научни фрикови. И целата таа заедница (која е патем подложна на најригорозно критичко чешлање на секој посериозен научен труд) се согласува дека сите досега откриени видови (живи или фосилни) имаат соодветно место во еволутивното стебло на животот на Земјата.

Нема ниту едно отстапување.
Ниту едно.

Пробај најди.

Или, уште боље, по библиски, за да ни докажеш дека стварно е креирано креационистички, продуцирај тука еден џејпег од фосил од еднорог, сатир, седмоглав ѕвер, левијатан или било кој друг библиски монструм.

Како на пр. ова:

--- надополнето ---

„од сериозната недоктринирана научна литература.“
:D :helou:
 
T

Tetro

Гостин
Зарем мислеше дека Дарвинизмот е едномислена вера?
Дарвинизмот не е религија. Дарвинизмот е вера.
Осеќам дека ќе се истепате ако некој ви дава факти и докази, а вие само на инает терате.
Сакаш да дообјасниш од кај го доби овој заклучок, ама со факти, не вака на суво?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сакаш да дообјасниш од кај го доби овој заклучок, ама со факти, не вака на суво?
1. Дарвинизмот е вера затоа што е вера. Ниту е научно поставен, ниту е научно аргументиран, ниту е научно докажан. Се базира само на претпоставки, филмувани сценарија, уметнички слики и сето тоа обвиткано во научен целофан.
2. Дарвинзмот не е едномислена вера затоа што постои големо несогласување меѓу еволуционистите. Мнозинството еволуционисти не се согласуваат во потполност со Дарвиновото изворно учење. Некои веруваат вака, дурги онака. Најголеми несогласувања постојат околу шпекулирањето околу „алките што недостасуваат“, околу толкувањето на некои фосили (на еден најденото парче од заб му личи на заб од мајмун, на други на заб на човек, на трети на преоден вид и сл.) итн.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А што според тебе е нешто научно поставено? Како го дефинираш ти тоа научно поставување?
 
T

Tetro

Гостин
L

Liberation

Гостин
1. Дарвинизмот е вера затоа што е вера. Ниту е научно поставен, ниту е научно аргументиран, ниту е научно докажан.
2. Мнозинството еволуционисти не се согласуваат во потполност со Дарвиновото изворно учење. Некои веруваат вака, дурги онака.
За разлика од Библијата, за која светов со се’ човекот, се овде на Земјата некои 12.000 години, ако не се лажам, Дарвин барем дава насока каде да се бара вистината за диносаурусите (според тебе, Ное немал место за нив во арката?), черепите на другите видови хуманоиди кои не преживеале и сл.

Тоа што Дарвин не е целосно во право, не значи дека јас треба да плукнам на науката и да се фатам за Библијата и Куранот, каде луѓето се делат на господари и робови, каде изобилува со контрадикции и лаги, неточни “факти“ и во чие име се напревени најголемите злодела врз човештвото и напредокот на човековиот вид.

А тоа дали некои веруваат вака, а други онака, да си ги прашаш Православните, Католиците, Протестантите, Англиканците, Суните и Шиитите. они најдобро ќе ти објаснат.
И за разлика од овие погоре, научниците не спалуваат на клада ако некој им ја спори теоријата, ниту активираат бомба во преполн пазар.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Liberation, имаш многу дезинформации околу учењето на Библијата, мислам на староста на Земјата, околу диносаурсите итн. Вистинските Христови следбеници исто така не спалуваат на клада доколку некој им ја оспори верата. Но ова не е тема каде што би ти објаснувал околу тоа. Тоа би ти го објаснил на посоодветна тема, на нова тема, по лична порака и сл. Поздрав!

 
L

Liberation

Гостин
Очекував вака да реагираш, бидејќи немаш ниту еден друг скршен аргумент. Добро, не се 12 илјади, затоа пишав дека не сум сигурен. Е колку се де? Плус минус неколку илјади? И што со диносаурусите во Библијата? Да не ги спомнува Јован во Откровение, кога ја опишува Апокалипсата?

Ако вистинските христови верници не спалуваат на клада, тогаш ги спориш тие самопрогласени христијани кои масовно, организирано, институционално палеа научници затоа што им ја побиваа Библијата со која сакаа да го држат народецот во незнаење и така да го контролираат, како и твоите обвинувања дека дарвинистите се делеле, а рисјаните демек не.

Ти текнува на Црното доба? Е, тоа се годините на владеење на Црквата.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Дарвинизмот е вера затоа што е вера.
2. Дарвинзмот не е едномислена вера затоа што постои големо несогласување меѓу еволуционистите. Мнозинството еволуционисти не се согласуваат во потполност со Дарвиновото изворно учење. Некои веруваат вака, дурги онака.
Ал си ти добар у аргументирање... Ја сум сигурен дека сите на форумов симињаат капа прет силата на твоите факти и наоди.

Абе седни, проучи прво и најди си податоци (само глеј да не се од пред 150 години), а кога напаѓаш нешто, пробај да го поткрепиш нападот.
Нели ви е наука тоа шалата? Де извади некаква потврда за креационизмот и поткрепи го тоа со наод од теренот.
Па да се посмееме.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Чорбаџи, толку селективно одговараш само на прашања кои тебе ти одговараат.
Очигледно не правиш разлика помеѓу Дарвиновата теорија и Еволуција, што секако не е исто.
Веќе се дегутантни овие твои обиди еволуцијата да ја прикажеш како вера и атеистите (не само во оваа тема) да ги прикажеш како дарвинисти.

Одговори на следново:

Ако „бог“ ги створил животните такви и неменливи, а такви се и ден денес, зошто станале месојадци а биле створени како тревопасни како што пишува во библијата

30 А на сите земни ѕверови, и на сите
небески птици, и на се што се движи (и
лази) по земјата, во кое има жива душа,
им ги дадов сите тревни растенија за
храна.” Така и стана.
Кога тоа се сменило и зошто?
Би било интересно да се види лав како пасе трева.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Liberation, имаш многу дезинформации околу учењето на Библијата, мислам на староста на Земјата, околу диносаурсите итн. Вистинските Христови следбеници исто така не спалуваат на клада доколку некој им ја оспори верата. Но ова не е тема каде што би ти објаснувал околу тоа. Тоа би ти го објаснил на посоодветна тема, на нова тема, по лична порака и сл. Поздрав!

Мастер во ескивирање, а?

Де тоа фосилите од левијатан прокоментирај ги. Пошто тука е место за тоа.

или оној муабетот што го дужиш неколку дена (а ова е темата и местото) за тоа како кенгурите отишле само во Австралија после потопот.

или БИЛО ШТО во корист на креационизмот, за да можеме да ја разгледаме и таа „наука“.
 
L

Liberation

Гостин
Немојте така со Чорбаџијата. Кога ќе ви удри еден аргумент од типот ’Господ ги фрлил фосилите на Земјата, за да ја искушува мојата вера’ има ѕрцки да гледате три дена :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Добро, не се 12 илјади, затоа пишав дека не сум сигурен.
Затоа и јас пишав дека имаш дезинформации околу учењето на Библијата.

Е колку се де? Плус минус неколку илјади?
Во Библијата не пишува кога е создадена Земјата. Може би се плус минус неколку илјади, можеби плус минус неколку десетици илјади, стотици, милиони, милијарди. Библискиот текст тоа не го кажува.
За човекот и животните кажува дека се создадени симултано и да, се работи за околу 10 илјади години (не може прецизно да се пресмета)

И што со диносаурусите во Библијата? Да не ги спомнува Јован во Откровение, кога ја опишува Апокалипсата?
Не ги спомнува Јован во Откровението. Откровението е пророчка книга за иднината. Диносаурсите исчезнале пред тоа. Што контретно прашуваш за диносаурсите? Само те молам во посоодветна тема, бидејќи оваа е посветена на креационизмот наспроти еволуционизмот.

Ако вистинските христови верници не спалуваат на клада, тогаш ги спориш тие самопрогласени христијани кои масовно, организирано, институционално палеа научници затоа што им ја побиваа Библијата со која сакаа да го држат народецот во незнаење и така да го контролираат, како и твоите обвинувања дека дарвинистите се делеле, а рисјаните демек не.
Прво Христос ги спори, а потоа и јас и сите останати Христови следбеници. Христијани по дефинизија се оние кои го следат Христовото учење, а не оние кои поучуваат и дејствуваат дијаметрално спротивно на Христовото учење.
Второ, тие научници кои што ги спомнуваш (Џордано Бруно, Никола Коперник и сл.) не ја побивале Библијата, туку римокатоличкото НЕБИБЛИСКО учење на институционализираната самонаречена "црква". Ако малку размислиш, ќе видиш дека има огромна разлика.

Ти текнува на Црното доба? Е, тоа се годините на владеење на Црквата.
Не, туку тоа се годините на владеењето на Сатаната, кои сеуште не се престанати.
Ти текнува како излеговме од црното доба? Си слушнал за Реформацијата во Црквата? Знаеш ли што ја предизвика реформацијата? Си слушнал ли за Мартин Лутер, Жан Калвин, Јан Хус, Џон Виклив, Урлих Цвингли, браќата Нокс итн? Ти велиш дека Црквата со помош на Библијата го држела народот во незнаење (црно доба), а јас пак ти велам дека овие реформатори не извадиа од црното доба токму со изнесување на Библијата од црковните одаи до обичниот народ, со преведување на Библијата на современ и разбирлив јазик, со отфрлање на папството и римокатоличките небиблиски учења.
Знаеш ли дека и Јан Хус бил запален на клада, иако не бил научник, само затоа што и верувал на Библијата повеќе отколку на римокатоличките учења?
Значи тоа што римокатолицизмот се нарекувал "црква" воопшто не треба да го мешаме со Христовата Црква која ја сочинуваат сите вистински Христови следбеници, кои не се водат по човечки преданија и обичаи, туку по Христовото учење.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Стрепам ;)

--- надополнето ---

Не ги спомнува Јован во Откровението. Откровението е пророчка книга за иднината. Диносаурсите исчезнале пред тоа. Што контретно прашуваш за диносаурсите? Само те молам во посоодветна тема, бидејќи оваа е посветена на креационизмот наспроти еволуционизмот.
Бла-бла-бла... пак на религија заврте.

ОВА Е ТЕМА ЗА НАУКА!!! Батали тоа поповите и демагогиите.

Ова е вистинското место да позборуваме за диносаурусите. Нема бегање. Нема лчажење.

Ако можеш да ги објасниш фосилите од диносауруси, ќе ти ги простам левијатанот и кенгурите, важи?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не, туку тоа се годините на владеењето на Сатаната, кои сеуште не се престанати.
Ти текнува како излеговме од црното доба? Си слушнал за Реформацијата во Црквата? Знаеш ли што ја предизвика реформацијата? Си слушнал ли за Мартин Лутер, Жан Калвин, Јан Хус, Џон Виклив, Урлих Цвингли, браќата Нокс итн? Ти велиш дека Црквата со помош на Библијата го држела народот во незнаење (црно доба), а јас пак ти велам дека овие реформатори не извадиа од црното доба токму со изнесување на Библијата од црковните одаи до обичниот народ, со преведување на Библијата на современ и разбирлив јазик, со отфрлање на папството и римокатоличките небиблиски учења.
Знаеш ли дека и Јан Хус бил запален на клада, иако не бил научник, само затоа што и верувал на Библијата повеќе отколку на римокатоличките учења?
Значи тоа што римокатолицизмот се нарекувал "црква" воопшто не треба да го мешаме со Христовата Црква која ја сочинуваат сите вистински Христови следбеници, кои не се водат по човечки преданија и обичаи, туку по Христовото учење.
TИ бе дете си Протестант?
Инаку ако добро ја анализираш историјата Протестаните токму со тоа највеќе ја убија религиозноста на запад. Со тоа што почнаа отворено да спорат и да се обидуваат да го објаснат светото со Библијата покажаа колку дупки има таа и дека е ништо повеќе од збирка еврејски легенди и митови. Западниот Атеизам е резулата на протестанстска реформација или една од нејзините последици. Ако внимателно анализираш ќе разбереш дека сите научници со нај`контроверзни` и нај `анти-библиски` научни теории има протестанствко потекло. На пример Дарвин -Англикансит Маркс-Лутеран Инт...
Сами си ги ископавте својот гроб. Креационизмот ја унуштува верата и се закопува трајно самиот себе во калот на сомнежот и невозможните логични конструкици и патетично-комични квазинаучни хипотези. Креационистите се најголеми анти-христи на светот и уништувачи на христијанската вера.
Верата е субјективна духовна состојба а не теорија си и сешто и апсолутно знаење за светот.Верата е чуство не е знаење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom