Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Благодарам за Вашите ептен исцрпни коемнтари.

Но, како што вели еден форумџија: секој има право да живее со својата заблуда...Па така, еволуцијата од почениот оптимизам за непрекинатиот развој на видовите, сега гледам дека спаднала само на проста промена....Ептен јак напредок, признавам.

На почеток земјата имаше атмосфера со многу малку кислород. И живите организми беа прилагодени на таква атмосфера, за нив количество кислород кое ние денес го дишиме би било смртоностно. Со тек на време се менувал соодносот на кислород во атмосферата и организмите се “просто“ промениле да дишат кислород и живеат во таква атмосфера. Поради таа “проста“ промена ние денес си куцкаме на компјутер а не дека дедо боже зел грутка кал и извајал кафеаво чоече со негов лик (а после му извадил ребро кога спиел за да му изваја жена) а жените биле толку убави што богоВИТЕ слегувале и ги грабале и со нив имале деца некакви си дивови......
Али баба и 40 разбојници, летечки ќилими и ламби во кои живеат духови...
 
Истото што го кажа важи и за тебе.
За мене не важи :pos2:

--- надополнето ---

........ а не дека дедо боже зел грутка кал и извајал кафеаво чоече со негов лик (а после му извадил ребро кога спиел за да му изваја жена) а жените биле толку убави што богоВИТЕ слегувале и ги грабале и со нив имале деца некакви си дивови......
Али баба и 40 разбојници, летечки ќилими и ламби во кои живеат духови...

Остај што си играл со калта туку и ова:
1Во почетокот Бог ги создаде небото
и земјата.

Од кој материјал ги создаде????

3 И Бог рече: „Нека биде светлина!”
И настана светлина.

Како може да постои светлина само по себе и од ништо?????

16 Бог создаде две големи светила:
поголемо светило да управува со денот,
и помало светило да управува со ноќта;
ги создаде и ѕвездите;
17 и ги постави Бог на небескиот свод
да ја осветлуваат земјата,

Од кој материјал овие ги направи??
а дури после 3 дена му текнало дека без сонце нема светлина??? како постоела светлина, т.е. ден и ноќ без сонцето?

Дури и алхемијата е поверојатна од ова.
 
На почеток земјата имаше атмосфера со многу малку кислород. И живите организми беа прилагодени на таква атмосфера, за нив количество кислород кое ние денес го дишиме би било смртоностно. Со тек на време се менувал соодносот на кислород во атмосферата и организмите се “просто“ промениле да дишат кислород и живеат во таква атмосфера. Поради таа “проста“ промена ние денес си куцкаме на компјутер а не дека дедо боже зел грутка кал и извајал кафеаво чоече со негов лик (а после му извадил ребро кога спиел за да му изваја жена) а жените биле толку убави што богоВИТЕ слегувале и ги грабале и со нив имале деца некакви си дивови......
Али баба и 40 разбојници, летечки ќилими и ламби во кои живеат духови...

Ајде сега, препрочитај го самиот твојов пост, и ќе ти текне дека со постов, очигледно си препишал некоја рационално скорена прикаска за наводната првобитната состојба на Земјава, во која (состојба) има место само за еднокелиски битија...

Такви трикови и финти прави и славниот Хокинг, со цел, неговата мисловна гимнастика да не се инатети со засега познатите природни закони.
 
Досега се најдени многу остатоци на фосили, од микробиолошките ќелии стари 3,5 милијарди години, па комплексни ќелии 2 милијарди, првите повеќеќеќелиски организми пред 670 милиони, првите школки 540 милиони, првите едноставни риби 490 милиони, амфибии 350 милиони, рептили 310 милиони, цицачи 200 милони, примати 60 милиони, најрани мајмуни 25 милиони, првите човеколики мајмуни 4 милиони години ... и првите модерни луѓе пред 150.000 години
Значи ...немаме цицачи пред 670 милони години ни примати пред 200 милиони години, туку се појавуваат по некоја хронологија од постарите кон помладите слоеви на земјата различните организми, од школку преку едноставни риби па амфибии до копнени животни.
 
Смешни ми се поповиве и оџиве кој бараат дупки во науката,се со цел пред народот да ја оправдаат нивната апашка професија,бараат дупки а нивната религија е најголемата дупка на сите времиња
 
Постојат илјадници докази и показатели дека еволуцијата е вистинита, и ниту еден доказ дека креационизмот е вистина.
 
Постојат илјадници докази и показатели дека еволуцијата е вистинита, и ниту еден доказ дека креационизмот е вистина.

Како нема докази за креатурата (т.е. креацинизмот) на бог, има.....
Па се убаво пишуе у тоа книгичето со народни еврејски приказни, такозвано Би-Бил-Ја :pos2:
 
Религијата е врз основа “верување пред разум„( до вистини се доаѓа преку верување, почитување на догми и следење религиозни учења), а со науката е спротивното(со рационално размислување, истражување и експеримент се доаѓа до вистини, односно научни факти и теории*). Отаде сметам дека оваа дебата е многу смешна. Инаку терминот еволуционизам за теоријата на еволуцијата, и еволуцијата воопшто, е исто како да кажеме ротационизам за кружните движења и верувањето во кружни движења.

*Теорија во науката не е претпоставка, туку добро поткрепени објаснувања за некои појави во природниот свет

П.С: Ме интересира само, која од овие креационистички теории е "официјалната": 1. Бог ги постави фосилите за да ни ја испита верата
2. Ѓаволот ги постави фосилите за да не измами.
 
П.С: Ме интересира само, која од овие креационистички теории е "официјалната": 1. Бог ги постави фосилите за да ни ја испита верата
2. Ѓаволот ги постави фосилите за да не измами.

Вистината е третата опција, а таа е дека поставуваш прашање на кое ти си сигурен дека го знаеш одговорот или како што би рекол Аца Лукас: Бог ми дао џаво узео.
А си видел некогаш фосил во живо, а не на телевизија?
 
Господине, не реков вистина туку "официјална". Ми се допаѓа маицава, па затоа и прашав. Личен интерес и можеби надвор од темата, ништо повеќе.
devil.jpg

А да, го имам посетено природниот музеј во Белград и планирам повторно да го посетам следниот пат кога ќе појдам.
 
Ајде сега, препрочитај го самиот твојов пост, и ќе ти текне дека со постов, очигледно си препишал некоја рационално скорена прикаска за наводната првобитната состојба на Земјава, во која (состојба) има место само за еднокелиски битија...

Такви трикови и финти прави и славниот Хокинг, со цел, неговата мисловна гимнастика да не се инатети со засега познатите природни закони.
Те молам `познати природни закони` дали знаеш дека основните теории во квантната физика се во директна контрадикција со теоријата на релативитет на Анштајн кој е во директна контрадикција со класичната теорија на релативитет :tapp:
Има 3 сосема контрадикторни теории кој опишуваат сосема различни делови од реалноста; атомот, универзумот, и сето она помеѓу. Ништо не е сигурно. Сега ја форсираат т.н. Стринг Теоријата според која има 11 димензии на просторот и безброј паралелни светови како општа терија на целиот простор :nesvest::vozbud: Но тоа не значи дека Ајнштајн Тресел зелени и дека неговата теорија е погрешна со познатите факти таа одлично функционира исто како и Теоријата на еволуцијата. Денес се овие најцелоисходни утре никој незнае што ќе биде.
http://en.wikipedia.org/wiki/String_theory
 
Еве едно кратко (2min) клипче за концептот на еволуција кое ги претставува основните принципи:

Ќе биде ли љубезен некој од креационистите да не' почасти со нешто слично од своја страна? (кратко и концизно)

Мислам дека темава ја читаат (и коментираат) и луѓе што немаат ниту основни познавања за едната (или двете).
 
Убаво претставено, разбирливо. Има и останати добри видеа поставено тој DonExodus2.
 
Еве едно кратко (2min) клипче за концептот на еволуција кое ги претставува основните принципи:

Ќе биде ли љубезен некој од креационистите да не' почасти со нешто слично од своја страна? (кратко и концизно)

Мислам дека темава ја читаат (и коментираат) и луѓе што немаат ниту основни познавања за едната (или двете).
Пробај не од првиот не од вториот туку од трет сосема друг агол да ги видиш работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom