MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Со маса од убедливи зборови, не може(ш) да ги „напуниш„ дупките од таа нова вера, разбираш...Најлоназата како ензим предходно не постоела кај овие бактерии, а уште поинтересно е што најлонот и пластиката како синтетички мтеријли се откриени пред стотина години, што значи не можеш да правиш споредби со од пред 2500 години. Тоа е униктна и нова особина која е потврда на еден од генетските механизми на еволуцијата.
Прилагодувњето кон условите на средината не е еволуција се дотогаш додека новонастанатите особини не се пренесат на идните поколенија. Прилагодување на средината е и пигментацијата во лето, па никој не вика дека сме еволуирале... Во конкретниов пример не станува збор за една генерација на бактерии кои успеале да развијат посебен ензим, туку формулата за итиот тој ензим е вградена во нивната гентска структура како последица на дупликација на предходна варијанта од веќе неупотреблив ензим. Истата промена сукцесивно се пренесува на потомството.
Фаќањето за исклучок или фаќањето за биохемиски процес на молекуларно/микро ниво, не ја оправдува „еволуцијата„ на макро-ниво. Фаќањето за исклучокот, не го потврдува правилото...Делот не може да ја опише целината...и така натаму...
Напросто, зашто секој молекуларен процес веднаш се нарекува еволуција (макро, микро, медиум и то...)?
--- надополнето ---
Зашто генетика за побива еволуцијата?Теоријата на еволуцијата не во контрадикција со другите терории. Не постојат `проверените научни вистини` постојат теории кој објаснуваат некои факти.
2 закон за термодинамиката (кој исто така не целосен и има одредено ниво на контрадикции и за него) е само една закон од класичната теорија на термодинамиката.
Тој закон НЕ Е во контрадикција со еволуцијата бидејќи се однесува на затворени а не на отворени системи како што ти напишав.
Инаку дури и 2 закон на термодинамика е релативен и не е совршен ама никој од `вас` не се буни за тоа.
http://en.wikipedia.org/wiki/Maxwell's_demon (ова најверојарно е дело на ѓаволот како што кажува името)
http://en.wikipedia.org/wiki/Loschmidt's_paradox
http://en.wikipedia.org/wiki/Heat_death_of_the_universe
Зашто палеонтологијата ја побива еволуцијата?
Зашто геологијата ја побива еволуцијата?
Напросто, зашто овие добро фундирани науки, со леснотија ја побиваат еволуцуијата, како квази-наука?
Кои критериуми ги задоволува еволуцијата за да можеме да ја наречеме „наука„?